Кога го носиш 9 мес. бебушот знаеш дека го сакаш ама не ти е јасно што. Штом прв пат ќе го земеш во свои раце веднаш се раѓа и родителската љубов т.е мајчинството.
Самото родителство носи некои поголеми одговорности. Детето е на првото место а потоа ти. Е тука баш некои родители прават голема грешка како да само тие имаат деца и ги запоставуваат своите мажи и настануваат проблеми. Тука треба да има некој си баланс меѓу дете и сопруг. Не правиш се за детето, туку за семејството и себичноста треба да се заборави.
Станав почувствителна и поемотивна. Верувам дека кај сите постои некој си мал период на прилагодување на нов член во семејството и додека е мало друг ритам на живот. Среќен си во секој поглед. И најголемата нервоза која некогаш те вади од такт ја смирува таа мала насмевка на лицето на детето. Е тоа е волшебство или тренинг на нерви кој ти го прави детето

.
Понекогаш колку и да се нервирам и да го карам една прегратка ме освојува која знам дека е чиста и искрена. Интересни глумци се и точно знаат кога и каде е слаба точка на родителот.
Мислам дека родителството па и бракот како чин не ме смени. Можеби дотера некои финеси во мојот карактер. Јас сум таква каква што сум со мои принципи и навики. Понекогаш можеби приќутувам за некои работи, но тоа не значи дека не гледам или не ме интересира.
Тешка е улогата на секој родител. Секој се труди на свој начин да биде добар родител. Од кило месо треба да го исчуваш и изведеш на прав пат во животот. Тоа само по себе носи и некои одрекнувања и поднесување на жртви од страна на родител. Но, тие се наша гордост и не би рекла дека за нив живееме, ќе звучи многу себично и нефер. Доволно е да ме направи горд родител и да биде подобар од мене.
Здравје, животот е пред мене и што е во рамки на мои сили ќе се потрудам да бидам најдобра мајка. Понекогаш и ние самите ,,забегуваме,, па од многу трудење остануваме ,,трудни,,

се зезам, знаеме и невозможното да го напрвиме возможно или да се изгубиме во реалноста.
Сепак не е страшно колку што е опасно

, мала шала. Тоа е благослов кој секој го посакува