ТЕМА: Зборување или одење во сон кај децата

Мислење 31 Јул 2012, 00:34

Ваква тема барав но не најдов ако е дупла може во канта се разбира

Керка ми има 5 години до сега уште од бебе си спие мирно и без проблеми но од пред половина месец онаму од кај 7-8 јули чудни работи се случуваат Се успива просек кај 11 часот навечер и некаде еден два часа спие мирно и потоа си станува во сон си зборува нешто со отворени очи и тоа траеше некаде 5-6 вечерини едно време немаше некои си недела дена и синока пак Првата вецер дојде до мојот кревет држше чаршавот во раце и така промрчка нешто де мамо замотај ја мислам дека мислеше на куклата пошто стално во кебе и чаршав ја замотуваме другата вечер застаната на брат и креветот и со рацете држи на неговиот чаршав со двете прсти како да има бубачка и вика де мамо фати но третата вечер ептен се ислашив од језиво солзи во очите ми се собраа станува од кревет јас ја пратам одење до чевларникот бара ли бара чевли па ги зема различни една розева друга бела па пак ги крена па после ги угоди двете розеви значи точно знае што бара и си седна и ги облекува чевлите ја прашувам што правиш кај ке одиш ми одговара ке одам надвор да си играм ја разбудив ја вратив у кревет се уште неможам да се соземам после ова ја однесив да и побаат кај една баба ама нема фајде и од тоа сега вечер пак ке дежурам да видам дали пак ке се случи
Ги молам сите оние феминки кои имале вакво или слично искуство со своите деца нека го поделат
Аватар на корисникот
eva11

Жолто цветче
 
679208
Мислења: 1855
Зачленет: 23 Јун 2011, 00:34

Мислење 31 Јул 2012, 00:53

A наместо на баење и некои такви глупости да си го однесеш детето на лекар да видиш што ке ти кажат што мислиш? Не верувам дека е нешто сериозно но сепак стручно лице ке ти каже најсоодветно зошто така му се дешава наместо некоја баба што бае.
Најчесто месечарење може да биде резултат на голем умор,на некое надворешно влијание , на нешто неостварено во текот на денот па мозокот тоа го процесира во сонот па се губи чувството за реалност и сон, иако дете не би требало да има некој од наведениве проблеми.
прилог еве ти текстче од википедија за месечарење каде покрај другото пишува и за месечарење кај децата.Види прочитај си одприлика да знаеш што би можело да предизвикува таква состојба кај децата и поврзи си го тоа со твоето дете и најбитно од се исконсултирај се со стручно лице а не со баач некој.
http://en.wikipedia.org/wiki/Sleepwalking#Children
Аватар на корисникот
SuperGirl24

Жолто цветче
 
54861228
Мислења: 1359
Зачленет: 06 Мар 2012, 22:43
Локација: to the Unknown па лево

Мислење 31 Јул 2012, 01:04

после втората вечер од како се случи тоа се јавив телефонски кај матичната лекарка а она ми кажа дека многу често кај децата од 4 до 8 годна се случуваат вакви зборувања и одења во сон со образложение дека е само некој период и не било нисто страшно и побарав ако треба и на стручно лице да ја носм но ми одговори дека нема потреба ако се случува често тогаш да ја јавам
Аватар на корисникот
eva11

Жолто цветче
 
679208
Мислења: 1855
Зачленет: 23 Јун 2011, 00:34

Мислење 31 Јул 2012, 01:22

Јас имам другарка која што месечари навечер. Еднаш на зимување стана од кревет (заспана) и тргна да излегува. Внимавај во текот на месечарењето може да се повреди. И кога ќе видиш дека месечари само нежно врати ја во кревет, не ја буди,зошто ќе доживее стрес кога ќе види дека е станата ,а спиела. Ќе се чувствува лошо затоа што нема контрола над самата себе додека спие.

За месечарењето се смета дека е проблем од писхолошка природа. Треба навремено да се почне барем од разговори со психолог. Не ја слушај матичната и побарај советување, сериозно е затоа што ќе и создава стес и на вас и на неа.
Аватар на корисникот
Waka-waka

Жолто цветче
 
21562198
Мислења: 1721
Зачленет: 02 Јул 2010, 11:47

Мислење 31 Јул 2012, 09:39

Јас месечарам од рана возраст. Од што се сеќавам дека ми кажала мајка ми дека станувам ноќе, мислам од 6 или 7 години. Многу луѓе престанат да месечарат кога пораснат. И сестра ми месечареше ама она престана некаде во тинејџерските години. Јас и ден денес станувам и шетам по дома, знам дека сум станувала по тоа што сум пила вода и сум оставила чаша, некогаш си ги сменам пиџамите, без никаква причина. Ако не си оставам некој доказ, или маж ми не ме чул ноќеска ни не знам дали сум станувала или не.

Ама кога месечарам еднаш се немам повредено. Јас како будна личност сум ептен несмасна, не гледам кај одам, се ударам од фурнитура, се закачувам со алишта за кваки, се сопнувам од самите ми нозе, ама кога месечарам еднаш не сум најдела модринка или да ме нешто боли без објаснување наредниот ден.

Како дете сум станувала и сум бркала во школската ташна, додека мама да ме осети дека спијам, ме прашувала да не сум заборавила некое домашно. Ова ми било најчеста рутина при станување. Кога ме осетила дека спијам и одам ме оставала да си завршам за што сум станата, и сама сум си легнувала назад. Еднаш сум станала и отишла до кујната, сум земала јаболко, целото сум го изедела и сум се вратила да си легнам. Е, еднаш сум му залепила шамар на брат ми, кој бил буден и се смеел оти знаел дека спијам кога сум земала некоја крпа и сум почнала да ја бришам масата.

Лек ниту ми барале ниту ден денес му барам. Освен што ако се случи да месечарам ноќ после ноќ после ноќ и се осеќам ептен изморено и поспано, а колку повеќе сум психички уморна повеќе месечарам, друго лошо од тоа немам. Некогаш се што ми треба е убаво да се истрчам, физички да се заморам и тогаш не станувам. Некогаш и покрај тоа пак станам.

Во баење не верувам. А би рекла така мало дете да се води по психолози оти месечари не е убаво. Ќе му се натера во психа дека не е нормално, дека е различно од другите деца, кога не знам за бројки ама многу луѓе месечарат како деца и повеќето го израснат тоа, некои како мене си продолжат. А колку повеќе се оптеретува околу тоа повеќе ќе месечари. Стрес и психички умор го прават пофреквентно месечарењето. На будните им е чудно да видат месечар, додека детето или човекот што месечари си едноставно спие и ништо му од тоа, освен што може да се осети малку ненаспан наредниот ден. Единствена претпазливост ќе речам е да се увериш дека нема да може да излезе од дома додека шета, нели да не се разбуди во двор и да се уплаши.
За проба, оти некогаш кај мене има ефект макар на (по)стари години, измори ја преку ден убаво, да се изнаигра, истрча, надише свеж воздух, нека вечера порано и легни ја порано, накај 9 наместо накај 11, и види дали ќе стане. Ако не стане, наредниот пат кога забележиш дека е станата две три ноќе едно по друго пак така.
И не и се плаши, она спие, сонува, и едноставно го игра сонот, и макар што нагонот те тера да ја разбудиш да се увериш дека не и е ништо, не ја буди кога месечари, она не знае дека тоа го прави и може само да се збуни и уплаши.
Аватар на корисникот
imelda

Жолто цветче
 
43403835
Мислења: 1180
Зачленет: 24 Мар 2011, 15:56
Слика

Мислење 31 Јул 2012, 11:45

Ова е чест случај со деца обично во школска возраст.
Лично за себе можам да кажам дека овој„проблем“ми се има јавувано додека одев во основно училиште.
Сум одела до таму,да станам ,да излезам на тераса додека моите си седеле(летен период,си правеле муабет) си правам муабет со нив,се смеам ,критикувам професори,издавам„тајни“за оценки,а потоа се враќам во кревет како ништо да не било.Утредента,нормално,знаат за оцените,а јас се чудам од каде знаат.
Скраја било имам слушнато за случај кај блиски пријатели,детето да излезе ноќе само,по дожд и да ја бара мајка си.Среќа ,таткото слушнал дека детето излегува(по пижами и босо на дожд)оди по детето и го враќа дома.
Син ми кога појде прваче,ноќе ми рецитираше стихотворби и ми се обраќаше како јас да сум му учителка.Потоа „решаваше задачи“хемија,периоден систем и елементи,и на крај очекуваше да слушне оценката каква ќе му биде за крај на година(инаку одличен ученик е)
Мислам дека ова се јавува обично кај луѓе кои имаат некој проблем кој е „само нивен и само они можат да го решат“,не бараат помош од другите,подсвеста работи и ете ти-ноќни прошетки и зборување во сон.
Аватар на корисникот
stetoskop

Зелено цветче
 
1477884
Мислења: 657
Зачленет: 11 Мај 2011, 14:31

Мислење 31 Јул 2012, 13:47

И јас како мала сум зборувала или сум станувала, ама многу ретко. Мислам дека имам станато 2-3 пати, а имам зборувано малку повеќе од тоа. Станувањата ми биле во различен период, од 4-5 години, до последното кога бев на факултет. Последното зборување ми беше пред еден месец.

Многу често, уште од мала, ми се случува да сонувам пајаци, ама големи, и да срипам од кревет, и без да знам како и кога, да се најдам со запалено светло во соба, значи се будам до светлото, кое за да го запалам треба да станам од кревет и да направам два чекора. Ова ми се случува во просек еднаш годишно, со тоа што може да не сонувам пајаци 2-3 години, па после да сонувам неколку пати во една година.

Инаку немам некој страв од пајаци, едно време и си чував дома пајак како милениче, ама што е приказнава со пајаците - не знам.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
54892502
Мислења: 3143
Зачленет: 07 Дек 2009, 00:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!
Ако не можам да променам дел од себе, како ќе го променам светот?

Мислење 31 Јул 2012, 13:48

фала ви на сите вие кои се обидовте одприлика од поблизу да ми објаснете за што точно станува збор инаку приметив дека скоро нема станато па може и толку ке биде значи во детската соба нема од што да се повреди нема тераса ѓамовите заклучени ролетни спуштени клучот од надворешна врата изваден кренат на високо мислам дека нема од што да се повреди а башка и јас сум лесна на сон па и првото превратување и по дишенњето ја осекам кога е станата ако продолжи пак со станување ке барам алтернатива фала ви на сите :*
Аватар на корисникот
eva11

Жолто цветче
 
679208
Мислења: 1855
Зачленет: 23 Јун 2011, 00:34

Мислење 01 Авг 2012, 00:02

Јас порано многу многу, станував и шетав во сон. Дури и знаев да си одклучам надворешна врата, ама баба ми ми го најде чарето, ми ја затвараше вратата од собата и кога и да ја отворам таа по мене трчаше. Сеа многу зборам и се смеам, поготово на екскурзии се погага, секое сабајле ми раскажуваат што сум зборувала. :$ :D А сеа за шетање, не шетам толку, т.е. воопшто не шетам. Колку што сум јас информирана. :!:

Иначе имаа во план да ме носат на баачка, ама срека на време прекинав да шетам.
Аватар на корисникот
indelible

Сино цветче
 
7788
Мислења: 219
Зачленет: 28 Јун 2012, 01:00
Локација: middle of nowhere
Слика

Мислење 01 Авг 2012, 09:29

Ева11, ќе помине, верувај. Кај најголем број на деца од таа возраст, па се до тинејџерски години се јавува месечарењето (сомнамбулизам). Не е ништо страшно, не мора да ја водиш малата по бајачи, не дека ќе и помогнат, само за џабе ќе ја малтретираш. Единствено како совет што можам да ти дадам е да ја обезбедиш собата, односно прозорите и вратите (ако имате врата што води на тераса на пример) да ги заклучуваш, да не може да ги отвори. И да не ја будиш, туку само да ја доведеш до креветот и да ја легнеш, евентуално да ја оставиш да го заврши она што го прави.
Паметам дека како мала јас сум станувала доста. Моите исто ми кажувале, и се сеќавам добро дека татко ми секоја вечер пред да си легнам ми ја проверуваше собата, дали вратата од терасата и прозорот се добро и цврсто затворени. А исто паметам што ми кажувале - три братучетки во лето спиевме во една соба, и ние две кои бевме помалечки многу често сме зборувале меѓусебно, цели разговори сме вртеле - така ни кажуваше постарата. Буквално од А до Ш се сме кажувале :D
А мажот ми и еве, знае да зборува во сон, особено кога денот на работа му е доста напорен, па така јас си дознавам доста работи и без да сакам :wasntme: Па затоа и мислам дека обично тие станувања и зборувања се јавуваат при поисполнети, поактивни денови, особено кај помалите деца.
Annath

Црвено цветче
 
549110414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Врати се на Дете

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости