1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати

Дискусија во 'Диети' започната од vesna31, 14 октомври 2010.

  1. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Дали некој ја има испробано Аткинсовата диета и дали може да ми кажете како делува, бидејки сум слушнала дека некој викаат дека е штетна за срцето?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Оваа диета е фактички протеинска диета во три фази: во првата фаза се ограничува внесот на јаглените хидрати до 20г дневно и трае 14 дена. Забрането е овошје, леб, житарки, зеленчук богат со скроб и млечни производи освен путер, маргарин и сирење. Во втората фаза се оди целосно исфрлање на јаглените хидрати од исхраната и неограничено внесување на месо, риба, јајца, и тогаш се очекува губењето на килограмите. Алкохол, шеќер, овошје, млеко, јогурт, житарки, слатки, тестенини се забранети, а сирење, зеленчук, маслинки, масло и други масти се јадат во ограничени количини. А третата фаза е веќе режим на исхрана кој би требало да трае цел живот, и тогаш се дозволени јагленихидрати до 60 г дневно.

    Потребни се вежби и дополнителен внес на витамини поради рестриктивната исхрана. Не се препорачува да се продолжи со неа како режим на исхрана затоа што нема јагленихидрати кои се главен извор на енергија, ниту пак витамини и минерали, ниту пак има доволно растителни влакна (целулоза). Последици: зголемен ризик за цревни, црнодробни и бубрежни болести, покачено ниво на липиди и холестерол во крвта со забрзана атеросклероза и ризик од срцев удар, појава на малигни болести и остеопороза, намален имунитет. Брзо се губат килограми, ама на штета на сопственото здравје.
     
  3. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    фала многу, а дали мозе да се дрзи подолго од 20 дена?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Па ако само првата фаза ти е две недели, мора барем еден месец да се држи, бидејќи втората фаза е онаа во која активно се губат килограмите. Ама зависи колку килограми сакаш да изгубиш.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    па јас од оваа диета имам ослабено многу, ама малку си го зезнав стомакот.. кога почнав да јадам, по секое нормално јадење, со ј.х трчав на шоља, бидејки имав течна столица :lol: :$ но, се среди после некој период, додека цревцава ми се научат на калорично и мрсничко :D инаку диетава е за 0 крвна група најубава, зашто месото е мн корисно за нив, и не ги дебелее :)
     
    На McDonald му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Оваа диета навистина слабее многу.
    Јас не сум ја држела во три фази, туку започнав исхрана без јаглени хидрати, значи си јадев месо, сувомеснати производи (освен виршли), риба, туна, јајца - омлет и варени, секаков вид салата - свежа, туршија, ајвар, печурки, маслинки.
    Нон стоп само овие продукти.
    Имам издржано скоро 4 месеци и успеав да симнам скоро 15 кг.
    Во меѓувреме пиев шумливи таблетки, Ц-витамин и геритамин нео, како додаток во исхраната, зашто со овој едноличен начин на исхрана, ќе се промени и квалитетот на кожата, косата и ноктите.

    Диетата е ефикасна, но мошне штетна. Не знам за срцето, но со сигурност знам дека го напаѓа црниот дроб. Буквално може да го уништи.
    Голем дел од сувомеснатите продукти се штетни по здравјето, а факт е дека со диетава ќе посегнеш по нив, не може вечно да се јаде само свинско и пилешко месо.

    Подобро со малку вежбање и поздрав начин на исхрана. Резултатите ќе бидат горе-долу исти, а ти нема да си постојано нервозна поради ниското ниво на шеќер.
    Исклучувањето на јаглени хидрати ќе доведе до низок крвен притисок = нервоза = раздразливост и на крај ништо.
     
    На asdht и AhThatFemaleProblems им се допаѓа ова.
  7. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Јас како што знам мислам дека во оваа диета ако изедеш нешто сто содржи шекер ке се стопира топењето на салото... Ти си јадела туршија а во туршијата има шекер. Колку време ја држеше и колку кила ослабе??
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    ФАЗИ на Аткинсовата диета

    Аткинс диетата ја поделил во три фази: вовед, спроведување и губење на телесната маса, како и фаза на одржување на телесната маса:



    1. Фаза (две недели)

    Во текот на воведната фаза внесувањето на јаглените хидрати е лимитирано на не повеќе од 20 гр. дневно.



    Можете да јадете:

    Сите видови месо-јунешко, пилешко, телешко, јагнешко, гуска, патка, мисирка, сите видови џигерчиња и дивеч (печено со масло или варено). Дозволено е сушено месо и колбаси.

    Сите видови риби-морски, слатководни и сите видови конзерви од риба (туна, сардини, скуша). Дозволени се и школки и ракови. Сите видови зеленчук-зелена салата, свежа и печена пиперка, домати, краставици, карфиол, штавељ, морков, брокула, свежи ротквици или кисела зелка, цвекло, кромид, спанаќ, печурки, магдонос, целер, прокељ. Салатите може да се зачинат со масло, оцет, црн пипер и сол. Ако сакате можете да јадете кисела павлака, јајца и ајвар.

    Сирења, овчо, козјо, крем-сирење, гауда, моцарела, рокфорт, камемберт, чадено, ементалер, едамак итн. но не повеќе од 120 гр. дневно.

    Можете да пиете: минерална вода, лимонада без шеќер, обична вода, кафе и сите видови чаеви без шеќер.



    Не смеете да јадете:

    Леб и печива, компири, брашно, ориз, леќа, грав, грашок, лебни трошки похувано месо, тестенина, кикирики, бадеми, лешници, виршли, брашно (ниту запршка), млеко, путер, слатка павлака, јогурт, разни пудинзи, шлаг, колачи, сладолед, шеќер, чоколада, благи и солени грицки и овошје.

    2. Фаза (две недели)

    Можете да јадете се како во првата фаза, но логично почнете да експериментирате со различни видови јаглени хидрати, додека не се осигурате кои се најлибералните дози што може да ги внесувате, а и понатака да губите од телесната маса. Во оваа фаза можете по малку да јадете овошје, а дозволени ви се и две чаши бело вино дневно. Се останато и натаму е забрането.



    3. Фаза (продолжува доживотно)

    Во текот на последната фаза утврдете ја количината на јаглени хидрати што може да ја консумирате, а притоа да успеете да ја задржите идеалната тежина. Не ретко на лицата кои ја спроведуваат оваа диета им се сугерира, во остатокот од животот да ја внесуваат оптималната количина јаглени хидрати, никако повеќе.

    Според д-р. Аткинс, повеќето лица мора да го лимитира внесувањето на јаглени хидрати на 60 гр. дневно.



    Запомнете!

    5 гр. јаглени хидрати имаат:

    - 3/4 мала шолја варен спанаќ;

    - 1 средно голем домат;

    - 2/3 мала шолја варена брокула;

    - 1/3 мала шолја кромид;

    - 15 дгр. сирење;

    - 3 дгр семки;

    - 1/4 мала шолја малини или боровница;

    - 5 дгр пилешко.



    Важно!

    За да ја надоместите потребата од хранливи материи, што сте ги исклучиле, потребно е од почетокот на диетата, задолжително да земате витамини Ц и Б, како и калциум, магнезиум и цинк.

    Ако се придржувате на точните упатства и јадете само храна што смеете и пиете витамини-успехот нема да изостане. Но, имајте во вид дека ако само еднаш изедете парче леб или било каква ситница што содржи јаглени хидрати, организмот ќе го блокира топењето на масните наслаги.



    Предлог мени

    Појадок:

    - омлет со домат и шунка, кафе со вештачки засладувач;

    - подебело парче сирење (120 гр.) и една кисела павлака;

    - конзерва туна и свежо кравјо сирење (120 гр.).

    Ручек:

    - мешана салата со печено пилешко;

    - печени свински ребренца и салата од краставица со павлака;

    - зеленчук печен во вок тава (печурки, моркови...) и зелена салата;

    - омлет со печурки и салата од сирење и домати;

    - октопод печен во рерна со морков и варен штавељ;

    - печено телешко во сос од зеленчук и варен прокељ;

    - џигерче на скара со варен карфиол и брокула;

    - пилешки филети со шопска салата.

    Вечера:

    - салата од пилешко со мајонез, сенф и целер;

    - салата од зеленечук и месо или туна;

    - препечено парче кртина и зелена салата;

    - парче сувомесното и спанаќ со павлака;

    - чинија шопска салата;

    - омлет со буковка (печурки).

    еве ја целата!
     
    На SunnyGirl2 и Ajshe@ им се допаѓа ова.
  9. izgubena24

    izgubena24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Dali moze da se pie kakao so natren za vreme na dietata?
     
  10. izgubena24

    izgubena24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Do ludoto19. Znam deka si ja drzela proteinskata dieta, pa me interesira dali jadese kaskaval, sirenje, pavlaka ili od sto potocno se sostoese tvoeto meni. Fala mnogu :*
    [mod-kirilica:bk10x3og][/mod-kirilica:bk10x3og]
     
  11. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Со оваа диета се слабее многу, тоа да...АМА има лоши последици по здравјето, и тоа за подолг период. Јас сум моментално на една друга диета каде има 9 дена само на месо, и воопшто не се чувствувам добро...На неколку пати ќе се онесвестев, постојано ме боли глава, имам забрзано срцебиење, ми паѓа шеќерот, се препотувам без причина, чувствувам болка во градите при било каква физичка активност, немам ама баш никаква енергија, постојано ми се темни и ред други работи, да не ги набројувам сите сега...Ама си реков, ај што се 9 дена, па решив да одам до крај...Мајка ми ја држеше пред две години и си ги зезна бубрезите, и до ден денес не може да се опорави :( Факт е дека на организмот му се потребни и јаглехидрати за да може правилно да функционира...Сепак, доколку се одлучите да ја држите оваа диета, никако немојте повеќе од 2 недели, иако и тоа е штетно, а не пак "доживотно" да се храните на овој начин!
     
  12. palancanka

    palancanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Оваа диета е многу тешка.
    Јас ја држев, па потоа продолжив во комбинација со таа со манџа од свежа зелка и ослабнав 8 кг. Но штом ја прекинав и почнав полека да јадам од се што беше претходно забрането, полека полека си ги вратив изгубените килограми.
    Натрен наместо шеќер, шумливи таблети - Мултибионта со калциум и магнезиум обавезно.
    Млечни производи,виршли, компири и се што содржи јаглени хидрати не смее да се јаде.
    Се сведува на салати од зеленчук и месо варено или печено во фолија, без маснотии.
    Супата како ја викаат од зелка со сите зеленчуци внатре, многу целер, магданос, кромид, црвени патлиџани, пиперки зелени и може едно пакетче супа од петел внатре пред крајот на варењето, заменува оброк, но кој може да ја јаде.
    Колку повеќе јадете од неа повеќе слабеете, бидејќи се диуретични артиклите од кои се прави и тера многу на мокрење.
    Зимово ослабнав 7 кг. со банана диета.
    Ја имаше на фемина објавено, добра е не е тешка, а бананите даваат енергија. Не чувствувате глад и не се чувствувате исцрпено.
    Јадам еднаш кога ќе се вратам дома околу 18,00 ч. и тоа ми е . Посабајле и во текот на денот 1,2 до 3 банани зависи кога како, чај без шеќер, а кафе со натрен евентуално ако пијам.
    Има резултати, пробајте.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    да, да а башка имам прочитано дека тие шо се нулта мора да гледаат шо повеќе да избегнуваат јаглехидрати (a ова е диета без ј.х.), а да внесуваат протеини (со кои изобилува месото) затоа што нивната крв е способна да ги разградува протеините повеќе од било која др к.група
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xalex

    xalex Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Дали некој знае колку време пауза се препорачува помеѓу двапати држење на протеинската диета?
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Аткинсова диета-диета без јаглени хидрати!!

    Tек сега видов :$
    не јадев павлака!мрсна е павлаката и има калории
    јадев кашкавал ама 1 неделно го избегнував!
    е сега секојдневно јадев сирење, кисело млеко јогурт и виршли
    иако забранети се виршлите, јас па за замена за месо нив ги јадев и ослабев
    и млечните производи не смеат да се јадат многу-многу ама јас ги јадев ;)
    исто јадев варени јајца,месо,риба,краби, еднаш во неделата печен компир или на пареа, или варен ориз :)
    Aма ја држев на етапи
    по 15-20 дена, па недела дена пауза, па после пак и така беше!
    море и убаво памтам :D
    кога завршивме со школо
    ја почнав накај 10ти јуни до 25 ја држев, имав ослабено минимално, накај 2 килца само :)
    после 10 дена не држев, ама не јадев благо и леб, и знам дека кога бев на одмор накај 5-6 јули пак ја почнав и ја терав дур до 20ти август, роденденот на мојата другарка :D е за овие дена верувале или не јас се стопив! :) и кога продолжив нормално да јадам, од кога ја прекинав диетата јас уште слабеев :?:
     
    На xalex му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    диетава дава брзи резултати , за околу 1 месец може да се изгуби околу 10кг а може и повеќе ,но штетна е , сум слушала дека го оштетува црниот дроб и срцето а и килограмите после се враќаат :x
     
  17. IvaMk

    IvaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Протеинска диета

    Здраво, ме интересира некој што ја држел протеинската диета да ми каже нешто повеќе за неа зошто некој ми викаат штетна била некој па супер дека била.. А ја планирам да ја држам. :) Фала однапред.
     
  18. lapngoltni

    lapngoltni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Протеинска диета

    тоа е аткинсовата диета :)
     
  19. angelce01

    angelce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Протеинска диета

    Лапнголтни Протеинската и Аткинсовата диета не се една иста...Аткинсовата диета содржи јаглено хидрати додека во Протеинската не...Суштината на Протеинската диета е потполно исклучување на ј.хидратите со што се овозможува целосно топење на масните наслаги на телото...поз...Инаку Ива јас ја држам протеинскава диета и јас пред да ја почнам долго размислував бидејќи и мене ми имаа кажувано дека е штетна но еве веќе втор ден ми е и многу ми е супер не се чуствувам воопшто гладна ЧД
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Протеинска диета

    Протеинската диета е диета која бара целосно исклучување на јаглехидратите. Ама ЦЕЛОСНО.Со нивно исклучување доага до намалување на салото.Ама ако и во текот на држењето на диетата внесете и најмалку јаглехидрати тогаш топењето на масните наслаги ќе се стопира и џабе сте ја држеле.Е сега од страна на храна смеете да јадете сите врсти на месо, сите внатрешни органи, освен салами и виршли, сите видови на риба,сите видови зеленчук и јајца и тоа гледајте да е печено.Чај и кафе без шекер или со натрен. Не смеете да јадете никакви млечни производи, никаквов леб,слатки,ориз,семки,сончоглед,грашок,,тестенини,кикирики, никакво овошје или сокови и се што има јагленохидрати, можете да си прогуглате. Задолжително пијте мултивитамини додека ја држите. Е сега со оваа диете навистина се ослабнува, ама факт е дена е јо јо диета, а и е многу тешка за држење. Да не прам муабет за штетата која може да си ја направите на бубрезите со нејзино држење. Ја знам дека ја имам држено и јас, :$ и имаше ефект, ама јас за година дена пак си ги вратив кг и додека не си го сменив начинот на исхрана целосно не најдов некоја магична диета.