Еден од начините за слабеење е преку броење калории. Малку е досадно, бидејќи треба да проверуваш секој продукт колку калории има, но со планирање од претходниот ден што ќе јадеш, може да се постигнат одлични резултати. Има еден сајт на кој ги има сите типови храна, а освен бројот на калории за секоја состојка има и состав - од колку шеќери, масти и белковини се состои. За мене ова беше многу корисно, бидејќи за некои од продуктите увидов дека имам сосема погрешни сознанија.
Кога ќе ги внесеш сите продукти, ти излегува оценка во однос на хранливоста, па и тоа многу мотивира да јадеш здраво, а не само ниско калорично.
Исто така сајтот многу ми помогна да се освестам колку јадам работи кои не ги н бројам, а всушност половина од калориите ми доаѓаат од таму - на пример една шака грицки, некое колаче и слично.
Сега не запишувам се што јадам, но често го посетувам за да видам колку калории има некој продукт, и каков состав има, чисто информативно.
Освен за слабеење, може да се искористи и за здебелување, или едноставно за избирање на поквалитетна храна.
Линкот е: http://caloriecount.about.com/





