1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со варени јајца

Дискусија во 'Диети' започната од anastasija-3, 30 јули 2012.

  1. anastasija-3

    anastasija-3 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пред некој ден слушнав дека имало некоја диета со варени јајца..Значи диетата трае 7 дена и секој ден за доручок ручек и вечера да се јаде по 3 варени јајца..Се слабеело 10 килограми,дали некој ја држел таа диета и какви резултати добил.. :D
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Сигурна сум дека се слабее, исто како и со останатите високо протеински диети, само не сум сигурна колку е здрава, со оглед на високиот процент масти и холестеролот
     
  3. anastasija-3

    anastasija-3 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Значи одлучив,почнувам од утре но јас ја променив малку значи првите два дена за појадок и вечера варени јајца а за ручек ке јадам едно пржено јајце и парче препечан леб ,третиот ден ке сум само на варени јајца четвртиот повторно пржено јајце и останатите денови само варени јајца..Па ке ви пишам каков резултат сум добила се надевам позитивен :D
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Варено јајце,пржено јајце.....Врти-сучи јајце си е јајце.
    Протеини до таван.....да ,се слабее,ама паралелно слабеат и бубрезите.Причина.....веќе позната-јајца.
    Земи и некој витамин,не се оставај само на јајцата,паралелно со нив-задолжително и салати.
     
  5. anastasija-3

    anastasija-3 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Хмм..да во право си...секако дека нема да издржам да не јадам некој зеленчуци или овошје можеби првите два три дена да но останатите не верувам..ке пробам па ке видам дали ке има резултати ако нема ке пробам со нешто друго.
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    кога веќе ја применуваш оваа диета отфрли го лебот во било каква форма, јаглехидрати не одат со протеини. заедно со нив обавезно салатки, за да внесеш некој витамин во организимот. а што се однесува до јајцата подобро ти е варени затоа што пржените ти се покалорични заради маслото.
     
  7. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Девојки,диетава ми ја препорача една многу блиска пријателка.Таа е многу задоволна од резулататите на истата.
    Доколку неможете да ги јадете жолчките на јајцата,нема никаков проблем да ги јадете и само белките. :!: Во план ми е да ја почнам ...

    Има ли некоја од Вас искуство со оваа диета?Резулатати?Негативности или позитивни страни?
    Диета со јајца – мени за една седмица

    Понеделник
    Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 чаша кисело млеко.
    Ручек: варено пилешко 200 гр, 1 чаша кисело млеко.
    Вечера: 1 портокал, 1 варено јајце, варено пилешко 150 гр.

    Вторник

    Појадок: 2 варени јајца, 1 чаша фреш од лимони.
    Ручек: 1 грејпфрут, печена риба 150 гр, 1 чаша минерална вода.
    Вечера: 2 варени јајца, 1 грејпфрут, 1 чаша млеко.

    Среда

    Појадок: 1 чаша минерална вода со една лажица сок од лимон, 2 варени јајца.
    Ручек: варено телешко месо 200 гр, 1 грејпфрут.
    Вечера: 3 варени јајца, 1 чаша минерална вода.

    Четврток

    Појадок: кајгана од 3 јајца и мешан зеленчук.
    Ручек: салата, варено пилешко 150 гр.
    Вечера: 2 портокали, 1 варено јајце, 1 чаша минерална вода.

    Петок

    Појадок: салата од 2 варени моркови, 2 јајца, 1 лажица павлака.
    Ручек: 2 свежи моркови, 1 чаша сок од портокал.
    Вечера: морска риба 100 гр со сок од лимон, 1 варено јајце, 1 чаша минерална вода.

    Сабота
    Појадок: кисело млеко 150 гр, 1 чаша сок од мешани цитруси.
    Ручек: 2 варени јајца, 2 грејпфрута.
    Вечера: само минерална вода.

    Недела
    Појадок: ½ грејпфрут, 2 варени јајца.
    Ручек: варено телешко 200 гр, 1 портокал.
    Вечера: само минерална вода.

    Пијте само минерална вода.
    Доколку правилно се придржувате кон диетата се губат до 5кг.
     
  8. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    грејпфрутот може да се замени со нешто друго ?
     
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Не сум сигурна.Незнам точно.
    Јас грејпфрутот ќе си го исцедам и така ќе го додадам во менито.Ако ти смета само така додади и лажичка мед и ќе завршиш работа.
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.799
    Пол:
    Женски
    Во вторник за појадок, каков е тој фреш од лимон? Нешто како лимонада? цеден лимон со вода?
    И во кајганата во четврток, со мешан зеленчук, зеленчуков како прилог оди, посебно подготвен или го ставате во кајганата?

    Јас обожавам протеинска исхрана, стек, млеко, кисело млеко, јајце и оваа баш би ми одговарала, само гаден ми е мешаниов зеленчук па се си мислам ако го ставам во јајцата нема да се осека толку. може така да се подгови?
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    За фреш од лимон ДА се мисли на цеден лимон со вода.Е сега и јас некако не сум за кајгана со мешан зеленчук,па ќе си земам краставица,домат,брокула само со сол одделено од јајцата.
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.799
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше прашањето. Јас мешан зеленчук го сватив како оној златна мешавина од кој ми се :puke:
    Ама штом може ваков зеленчук тогаш супер. :)

    Инаку има некој искуство со диетава, се губат со сигурност кг?
     
  13. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Диетава е ефикасна.Се губат кг доколку точно се придржуваш на режимот на исхрана.Наша семејна блиска пријателка ја држи оваа диета и е многу задоволна.
    Ако ја почнеш и ти со среќа.И да пишеш резултати.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. andrea1357

    andrea1357 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Девојки сакам да ја почнам диетава, но и паралелно да вежбам Insanity i hip hop abs, па сакав да прашам затоа што планирам само да јадам по 2 белки за појадок и вечера, пошто нели тие имаат протеини, а нив ги конзумираат бодибилдерите па дали е можно да се набилдам?
     
  15. preplasena

    preplasena Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    26
    nema sansi ako tolku lesno se bildalo ehee
    samo sto menito za insanity e mnogu slabo, ako pravilno gi vezbas site vezbi vo insanity, teska programa e i bara poveke hrana, a rezultati ima no so trpenie neli?
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Се мисли нa диетaтa пoгoре или вo првиoт пoст?:)
     
  17. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Па во првиот пост пишува само по три јајца на оброк и друго ништо.Јас мислев на диетата која јас погоре ја имам пишано :)
     
    На Nona13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    дали навистина може да се намали 5 кг од оваа диета за една недела :)