Исхрана по крвна група Да не знае некој случајно режим на исхрана по крвна група? Неможам да најдам на нет. Фала Ви однапред
Види нешто на линков, има кој ахрана е за која група, прилично детално: http://www.uoregon.edu/~sshapiro/ER4YT/ ... s_TOC.html На следниов линк имаш генерално објаснување, теоријата, ЗА и ПРОТИВ: http://www.weightlossresources.co.uk/di ... p_diet.htm
Фалааа И ме интересира случајно некој да не внимава и да не се исхранува според својата крвна група (дали има навистина ефект за одржувањето на тежината. слабеење или сл.) ?
има огромни ефекти..ама за да не си ги вратиш килограмите, треба да се приджуваш кон тој начин на исхрана сестра ми држеше таква диета оддамна, ослабе за 4-5 месеци некоии 13-15 кила.. )
Мислам дека има ефект, не знам колку влијае тоа на слабеење, ама имам забележано дека мене не ми одговараат житарки, дека подобро ми е кога јадам месо и млеко, млечни производи, што и е во согласност со мојата крвна група (а јас сум 0)....
Јас имам разговарано со неколку луѓе што се хранат по крвни групи, и според нив има ефект - не во смисла на слабеење, туку општо подобро се чувствувале. Можеби и се слабее плус, тоа пред се зависи како се храниш во моментов. Сепак мене ми изгледа премногу сурово. А и по дома сме различни крвни групи, па тешко ќе биде ако решиме да се храниме така. Инаку Маријачи, ако прашуваш од аспект на слабеење, од УН диетата подобра нема. Ја има на форумов кај диетите.
Фала Ви женски на сите... Ке пробвам да најдам и друга страна кај што има за мојата крвна група (0) зашто оваа ми е малце комплицирана Или секако ако веќе некој има за 0 крва група ако може нека прати. А може да ја пробам и УН диетата зашто не е на арно моето јадење веќе
Aххх, според оваа табела, нулта група треба да конзумира храна богата со протеини, црвено месо, а јас воопшто не сакам месо.
Баш сега го гледав тоа и мислев да отворам ваква тема ама видов дека веќе има хаха Инаку додека гледав се смеев сама со себе! Лошо... еве на пример јас сум нулта група и ми вика дека не смеам да пијам млеко и да јадам млечни прозиводи.. абе ајде! А на форумов прочитав, а и сите знаеме дека тие содржат најмногу калциум, и како кога сум се родила мајка ми со што ме хранела? Мислам глупости.. и плус тоа не е диета, таму само ти кажува што е штетно (ко демек) а што корисно... нема врска... Треба се да се јаде но умерено, да не се претерува и тоа е тоа!
http://roditeliideca.bbgraf.com/forum-f ... c-t314.htm тоа го прочитав тука, а тоа што викате дека не поднесувате месо, тоа е ок, исхраната според крвна група не кажува сто повеќе јадат тие со таа крвна група туку што би требало да јадат, ама јас уште не сфатив како може да не смее млеко и млечни призводи?! Женски јадете си се ама во умерени количини
Имам многу информации за исхраната за крвна група 0 , ги скенирав од книга ама неможам да ги прикачам, големи се , пиши ми мејл или скајп во ЛП и ќе ти ги испратам.
Па мене ми пишува дека треба да избегнувам портокали,пченка и некои други работи што јас баш си ги јадам
Дефинитивно НЕ за исхраната по крвни групи! Крвната група нема никаква врска со тоа што би требало еден човек да јаде или да избегнува во исхраната. Нутрициона карта се прави според крвната слика и кај секој човек е различна. Џабе што според твојата крвна група треба да јадеш месо ако имаш висок холестерол или, пак, ти сугерираат да си вегетеријанец а немаш доволно масно ткиво во телото. Исхраната на секој човек треба да биде усогласена со секојдневните активности, начинот на живеење и со неговиот организам, инаку целата популација на планетава ќе биде групирана според исхраната т.е. крвната група! Едноставно, не е здрав начин на диета ниту веродостоен
Ваква диета, или подобро кажано режим на исхрана испробав лани и за два месеци со храна наменета за мојата крвна група, без никакво посебно напрегање и гладување симнав 6 кг. Оди на почетокот малку побавно, но е сигурно и здраво и метаболизмот и телото ќе ви бидат благодарни. Јас бев скептична, додека не пробав самата. Мојата крвна група Б+ не препорачува пилешко, домати, пченица, сусам.. тие ми се едни од посебно забранетите продукти, што на почетокот ме разочара, и верувам доколку секој си провери за својата крвна група, ќе ги пронајде своите омилени продукти во колоната на штетни. Точно една недела како јадам работи наменети само за Б, меѓутоа со цел слабеењето да е за нијанса побрзо - тоа што ќе одлучам да го јадам, го јадам во текот на целиот ден, т.е. едноличност во исхраната, за која сите знаеме дека слабее. На пр, ако се решам да јадам млечни производи, си јадам од оние наменети за мојата крвна група цел ден - кисело млеко, кравјо сирење, кефир и не ги мешам со други продукти како јаглени хидрати или протеини. Еден ден јадев 'ржено лепче, овесни житарици и оризови снегулки, ќе си испланирате неколку оброци, но по можност да припаѓаат на истата хранлива и вашата крвна група. Денеска појадував туна, а за ручек имав печена риба со лимон. Со ваков режим на исхрана сигурно ќе имате резултати, а нема да го оптоварите организмот, туку напротив - ќе се почувствувате многу полесно за кратко време. Пожелно би било и вежбање, и тука ќе споменам дека само со вртење на орбитрек не бидува ништо, за жал. Потребни се барем уште едни кардио, односно аеробик вежби со кои ќе се разбие монотонијата во вежбањето и согорувањето калории.