Дали некој ги има држано овие две диети? ( http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/популарни-диети/дуканова-диета & http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/популарни-диети/аткинсова-диета) Дали сте задоволни? Колку килограми изгубивте и дали изгебените килограми не си ги вративте? Мене ми изгледа интересна и не многу тешка диета за држење. Затоа сакам да прочитам мислења и искуства од вас.
Дуканова и Аткинцова диета Јас бев на Аткинсова диета и за 37 дена(отприлика) изгубив 14 кг. Ајде да речам дека бев и физички активна. Сите тие протеини даваат доста енергија, која треба да се потроши. Секој ден вртев на орбитрекот по еден час само со една пауза од 10 мин. Доста пешачев. Иако имам двор секое сабајле го шетав кучето низ населба (а тоа ти е скоро еден саат), навечер пешачевме со мм. И покрај тоа што не сум на диета, внимавам што јадам. Зошто знам дека ако пак почнам да мешам протеини со јаглехидрати ќе си ги вратам сите кг кои ги изгубив.
Дуканова и Аткинцова диета Дукановата ја прочитав и ми изгледа солидно. Би ја почнала кога би имала повеќе услови за физичка активност. Последната фаза делува комплетно демотивирачки, но ќе се издржи... пф, што е еден живот? 1. фаза: Напад Протеини, протеини, протеини... тоа е она што Дукан го предлага како задолжителен дел од првата фаза. Препорачливо е да консумирате пилешко и мисиркино месо, а да избегнувате јагнешко и свинско. Најдобро е да ги отфрлите месото со кожа и крилцата. Исто така, дозволено е во вашата исхрана да влезат јајцата, рибата и морските плодови, сојата и немасните млечни производи (со исклучок на кашкавал). Во текот на оваа фаза треба секој ден да консумирате минимум 1,5 литри вода, да внесувате една и пол супена лажица овесни снегулки и да пешачите барем 20 минути. Времетраење: 1-10 дена. Резултати: Според Дукан, повеќето луѓе остануваат во оваа фаза пет дена и губат 2-3 килограми. 2. фаза: Крстосување Се вели дека оваа фаза е фаза на вистинската тежина, односно оној дел од диетата со кој треба да стигнете до посакуваниот изглед на телото. Во текот на фазата Крстосување потребно е еден ден да консумирате само протеини (како во првата фаза), потоа еден ден протеини + зеленчуци, па повторно само протеини, па повторно протеини + зеленчуци итн. Дозволени се зеленчуци како домати, брокули, модар патлиџан, спанаќ, цвекло, краставица, кромид, тиква, печурки, ротквици, праз. Забранети се зеленчуците кои содржат скроб, како компири, пченка, леќа, грав, грашок. Се препорачува пиење на многу вода, консумирање на 2 супени лажици овесни снегулки и 20-минутно пешачење секој ден. Времетраење: Додека не ја постигнете посакуваната тежина. Резултати: На секои 3 дена се слабее по половина килограм. 3. фаза: Консолидација Откако со помош на првите две фази ќе ја постигнете посакуваната тежина, целта треба да ви биде да ја одржите и да не дозволите никогаш да ви се вратат изгубените килограми, па затоа следуваат фазите на Консолидација и Стабилизација. Третата фаза треба да ве одврати од помислата да им се вратите на старите навики за хранење и да ве донесе до балансирана исхрана. За време на оваа фаза постепено започнете да ги внесувате во исхраната производите кои ви беа забранети претходно. Секој ден можете да јадете неограничено количество протеини (вклучително и јагнешко и свинско месо) и зеленчуци, како и мал овошен плод, 2 парчиња интегрален леб и 1 парче сирење. И тука задолжително е пиењето на многу вода и 20-минутното пешачење. Дукан дава можност во оваа фаза да се консумираат два свечени оброка неделно, односно двапати неделно можете да јадете апсолутно сè што ќе посакате. Во текот на оваа фаза треба да започнете со практикувањето на протеинскиот ден, т.е. еден ден во неделата да јадете само протеини. Времетраење: 10 дена за секој изгубен килограм во претходната фаза. 4. фаза: Стабилизација Фазата на Стабилизација има за цел да ја одржи тежината. Авторот на диетата ветува дека иако можете да јадете сè што сакате, нема да си ги вратите килограмите ако и само ако еднаш неделно имате протеински ден (со мени како во првата фаза; на пример, во четврток), ако консумирате 3 лажици овесни снегулки дневно и ако секој ден пешачите 20 минути. Времетраење: Цел живот. Препораки Дозволено е да користите оцет и зачини за да го подобрите вкусот на храната. Можете да користите гуми за џвакање без шеќер. Секојдневно земајте таблета мултивитамини со минерали. Консумирајте кафе и чај без шеќер. Не ја држете Дукановата диета ако имате здравствени проблеми.
Јас имам услови за физичка активност, но сеуште сум скептична кон диетата, никако да се одлучам да почнам.
Здраво на сите. Сакам од утре да почнам со диетава ама гледам нема некој што се фали\жали од неа овде а баш знам дека е светски позната и дека многу познати фаци ја практикуваат, па мислев ако има некој од поново време што ја држел па ќе каже нешто. Јас сум решена од утре почнувам, инаку не знам што толку сте се запнале со физичката активност кога пишува дека првата и втората фаза не се препорачува многу само по 20 минути движење само затоа што јадеш само протеини и немаш доволно енергија па можеш да паднеш во несвест.
Јадење само протеини е глупост, нема никаква разумна или здравствена причина да не се консумираат (нескробни) зеленчуци со протеините. Скробот е добро што е исфрлен, исто како и шеќерот. Сојата и мастики со вештачки засладувачи се штетни исто како и форсирање на пилешко и мисиркино што се полни со хормони и со лош квалитет. Исфрлање на леќа, грашок и грав и исто сосема непотребно зашто не делуваат исто во организмот како компир и пченка. Реченицата дека може да се консумира неограничено протеин и зеленчук е несериозна, тоа воопшто не е здраво. Мултивитамниски таблети при здрава исхрана се сосема непотребни. Ако е режимот правилен додатна физичка активност само ќе користи и уште повеќе ќе го зајакне дејствотото на диетата. Има многу поздрави и подобри режими на исхрана.
Дали може некој да пише дневен план на исхрана?? Ме интересира на колку часа може да се јаде (дали е како на Дајмонд се чека со саати, или може секогаш кога ќе почувствуваш глад?)
Јас комбинирам Аткинс и Дукан...еве мое мени, денес е 3 ден. Денес станав во 9 а во 11.30 јадев 2-3 мали домати со туна, потоа во 4 ручав неколку парчиња сувомеснато (веројатно св. врат) со 2 мали домати плус мало парче сирење и планирам веќе ништо да не јадам до вечер. пијам млеко (многу малку во кафе) со натрен, многу вода, пешачам...ама се немам измерено. во претходниве денови имав јадено пр. канче баланс со 1.5 лаж. овес, варено пилешко (претходните 2 дена воопшто немав јадено зеленчук) денес прв пат домати.
Јас ја држам моментално диетата и морам да кажам дека навистина делува! Си ја купив дури и книгата во која има рецепти и е се супер објаснето. (Пр. жените пред менструација губат многу малку или воопшто кг., но не треба да ја прекинуваат диетата и да се разочаруваат, бидејќи после менструацијата се забележува резултатот (ова сама го осетив и навистина е така и сл. примери кои може да помогнат т.е мотивираат) Моментално сум во втората фаза. Првата ја држев максимални 10 дена (мислев дека ќе ми биде проблем и дека е многу ама се навикнав на начинот на исхрана). Во првата фаза ослабев 2 кг. (за 10 дена) и си јадев кога и да почувствувам глад, нормално само од дозволените производи. После 16 дена вагата покажува 3 кг. помалку Само да напоменам дека немам прекумерна тежина и сл. туку сакам само да ослабеам 5-6 кг. Бидејќи пробав со спорт само (редовно возам велосипед, се движам многу и вежбам-не многу редовно) и слабеењето не ми одеше многу од рака (само затегнувањето) прочитав доста позитивни искуства и затоа се одлучив на диетава и сум многу задоволна. Луѓето со поголема вишок тежина за кратко време губат по повеќе кг. Важно за диетата е дека: сите млечни производи треба да бидат со масленост 0,1 некои макс. 0,2 %. Може да се јаде/пие овошен јогурт ама не повеќе од два пати на ден. Истото важи и за соиното млеко. Треба да се напомене дека во текот на оваа диета треба да се пие многу течности (вода и cola light се само дозволени, другите сокови па дури и сок од свеж лимон не).
Диетава ја држам една недела и можам да кажам дека до сега за една недела немам од друга диета ослабено 3.8 кг, па дури ни кога бев помлада и слабеењето одеше многу побрзо. Ја почнав затоа што ми ја препорачаа, чисто од инает да фатам една кладба Искрено, бидејќи не сум љубител на месо, мислев дека ќе оди потешко, ама ептен лесно се издржува. Јас многу сакам овес со јогурт, па на појадокот му се радувам како мало дете на играчка. За ручек главно сум на риба, само еднаш јадев кокошка. Не мислам да продолжам којзнае колку, од понеделник комбинирам зеленчук и месо. Ова чисто експериментално, ама запрепастена сум од резултатите.
За појадок околу 300-500 мл јогурт АБ култура 0.1%мм со лажица и пол овес. Ако не издржам до ручек - за ужина 200 мл јогурт, ако ми останал од сабајле. За ручек само протеини, без масло. Јас до сега јадев: туна конзерва без масло, 2х лосос на скара, печена кокошка, 2х пастрмка на скара и варени морски плодови. За вечера си легнувам . Еднаш само искризирав, па кркнав пола чаша јогурт, пак обезмастен. Реално, малку јадење е ова, ама протеинскиот ручек страшно долго држи. Денес јадев морски плодови во 15.30 и се уште на храна не сум помислила. Повеќе кризирам во првиот дел од денот, ама додека сум на работа месо да јадам не можам.