JuLleE напиша:Има и пострашни диети од ова.
Наутро лимонот ќе ве држи сити, а и јаболките до 4 часот.
Во 4 ручекот, со две прачиња леб е повеќе од одлично.
Навечер пак јаболка.
Ама за оваа диета треба да имате и среден биоритам. Да легнуваш најдоцна во 12 навечер да стануваш накај 8-9 и секако дека ќе можеш да ја издржеш.
Јас сум држела слична на ова, за појадок јадев само банана или портокал, ручек нискокалоричен, вечерата, речиси и да ја немав. Јогурт или супа.
Ама не ослабев 20 кг, туку околу 5 - 6 кг.
Ианку секоја диета е штетна, ама без гладување тешко да се симнат кг.
И баталете тој режим на исхрана, добар е, не велам не, ама за оние кои веќе ја имаат достигнато иделната тежина и сега само ја одржуваат. Или оние кои имаат кило до две вишок.
10 кг со овие режими слабееш минимум 3 месеци, зборувам за возраст од 22 - 25 години, па нагоре.
Така да јас сум за диета, ослаби, па после се стави на режим на исхрана.
Не верувам кога некој ќе ми каже ослабев јас, ама не јадев благо и леб. Како па да не, верувам.
Инаку и да ослабеш со здраво хранење, ако потоа јадеш ко с*иња, да ми простете, ама ништо не ве спасува.
Исто и кај ригорозните диети, по завршувањето, мора режим.
Јас ослабев скоро 20 кила, а јадев сѐ но во мали количини и вежбав на орбитрек! Жив доказ.
Преку такво ми беше од диети, па си реков ќе си јадам од се по малку, зошто да се откажувам од било каква храна?
Што ми сака душичката, тоа ќе и дадам.
Значи јадев за поручек овошје, понекогаш пакетче смоки, за ручек јадев од тоа што имаше дома само наместо 2 чинии како што сум јадела пред тоа, ќе земев една чинија и то не скроз полна. Абе се! Манџи, месо, мусака, спанаќ, компири пржени, шпагети со сос....
После тоа си пиев какао, (кафе не пијам), и тоа со шеќер најнормално.
За вечера понекогаш земав едно мало пециво, или овошје и зелечнук, понекогаш музли, млеко...
А да ви кажам имаше и на пример еден ден во месецот си купував онака убав голем хамбургер. Али тоа ќе беше еднаш месечно. И ете ме, пак ослабев!! Благо земав на 2-3 дена онака по 2 коцки. Или еднаш неделно чоко бисквита.
Ама вежбање МНОГУ ве спасува, значи најбитно е!
Летово, сум јадела како свиња во мк доналдс секој 3 ден, си сркав нутела, ама бидејќи работата ми беше физички претешка и тоа по 12 саати, јас ослабев уште 5 кила за нецел месец.
И да ти кажам гладување не почувствував во првиот случај. Зошто да би? Јадете од сѐ по малку, вежбајте и ќе ослабете. А беше режим на исхрана, сѐ си јадев во умерени количини.
И подобро да се слабее побавно, барем го навикнуваш организмот, отколку наеднаш со диети, е после и режим да ставиш пак ќе се здебелиш.



