Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    А зошто не би го пиела? Вода, лимон и ѓумбир е, ниту е дел од некоја специјална диета, ниту е продукт кој не треба да се меша со други
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Moira, Благодарам што несебично ги сподели со нас благодетите кои ги носи оваа билка. Навистина кај мене има резултати.
     
    На midnight.flower, Annath, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. teodorcka

    teodorcka Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки
    Ве читам подолго време па еве и јас решив од утре да стартувам со ЃУМБИР...

    ПОЗДРААААВ :)

    Ѓумбирот е тропско растение чие стебло личи на трска, и може да порасне и до еден метар во височина. Коренот е меснаст, дебел и многу ароматичен. Во 100 гр. ѓумбир има околу 80 калории, од кои 1,82 гр. протеини, 0,75 гр. масти и 18 гр. јаглехидрати. Коренот е богат со минерали како калиум, бакар, магнезиум, манган, витамин Ц и витамин Б-комплекс...

    За што се употребува

    Ѓумбирот веќе долго време се користи како храна и како лек. Оваа билка е одличен лек против мачнини, абдоминална болка, забоболка, крварење и реума.

    Денес, ѓумбирот, како што истакнуваат научниците, е идеален лек против воспаление, оток и болки, но се користи и за да смири кашлица, зајакнување на имунолошкиот систем, спречува настинки.

    Покрај тоа, ѓумбирот ја подобрува меморијата, ја олеснува мачнината во бременоста, уништува микроорганизми и ја зголемува енергијата. Оваа билка, исто така, помага и во забрзување на метаболизмот, помага во варењето на месо и млеко во телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб, и се користи за детоксикација на телото.

    Ѓумбирот го намалува нивото на холестерол во крвта, намалува болки, особено ревматски, и го зголемува бројот и подвижноста на сперматозоиди.

    Проверени рецепти

    • Чај за здраво срце

    Излупете и исечете парче ѓумбир во големина на вашиот палец. Исецканиот ѓумбир ставете го во 5 мл. ладна вода, и гответе околу 20 минути, а потоа исцедете го и засладете го со мед. Пијте неколку чаши на ден.

    • Сируп против настинка

    Во 2 дл. вода се става две лажички свеж исецкан ѓумбир, и се готви на тивок оган околу 30 минути. Додадете 150 гр. шеќер или мед и гответе го уште малку, се додека не стане густ. Земете една лажичка сируп на ден. Доколку сирупот ви е премногу благ, растворете го во чаша црн чај и испијте го.

    • Масло за масажа

    Исцедете корен од ѓумбир со средна големина во соковник и измешајте го со масло од сусам во сооднос 1:1. Промешајте пред употреба и чувајте го во фрижидер. Најдобро е да правите мали количини.

    • Енергетски пијалок

    Пола лажичка ситно сецкан свеж ѓумбир измешајте го со пола лажичка ленено семе и лажичка мед. Додајте 2 дл. негазирана минерална вода, сок од еден лимон, грејпфрут и портокали.
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Џенцки ај некоја искусна мамица нека каже дали смеам да конзумирам ѓумбир оти го дојам малото,да не вртам по доктори да прашувам? фала
     
  5. teodorcka

    teodorcka Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Се што е со специфичен мирис и вкус има шанса да делува на вкусот на млекото, па бебушот мозе да го одбива :puke:
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и кај мене син ми цица, а јас пијам џумбир, слободно пиј си не го лути млекото. позз
     
    На teodorcka и Mama25 им се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Јас лично би го пиела Мами :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ми е за прочистување на организмот отколку за диета па ако има нус појави во мајчино млеко не би пиела. Но чим ми препорачуваш ќе пробам ;)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Еве ви интересно чајче и многу здраво. Овој период алудирам на прочистување на организмот и ,,здрава храна,, :)

    Состојки: 200гр. сушени или замрзнати брусници, 40гр. кафеав шеќер, 200мл. сок од портокал, 300мл. вода, половина портокал, 40гр. свеж ѓумбир

    Подготовка: Во сад промеашајте ги брусниците, сокот од портокал и вода. Изрендајте кора од половина портокал и исечете ја на неколку кришки, а ѓумбирот излупете го. Поклопете го садот и ставете го на тивок оган. Гответе го 30 минути со повремено мешање. Кога ќе биде готов, извадете го ѓумбирот и парчињата портокал и уживајте во вашиот чај. Можете да го конзумирате и како леден чај.
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    забележав разлика од ѓумбир до ѓумбир.

    имав купено од билна аптека и од маркет. ѓумбирот од билната е многу многу појак и посвеж и поситен. овој од маркетот можам цел да го испијам на екс, а другиот од една голтка ми гори се.

    чисто да ве информирам .
     
  11. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам за ѓумбиров дали смета на желудник??? бидејки имам проблеми со зеленчуци како целер и дајкон а ова по изгледот ми личи на нешто слично. Пред 1година пиев чај од целер и го расипав желуникот т.е го раздразнив после одвај го оправив. Сакам да пијам од овој чај ама ми е страв :( Ако некој знае нешто нека пише ;)
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.383
    Допаѓања:
    38.269
    Пол:
    Женски
    Знам дека се препорачува за мачнини, ама вкусот како зачин му е јак, па и со лимон плус ако планираш да го пиеш, мислам дека ќе имаш мака со желудникот. Не знам, на памет си кажувам ако грешам нека ме поправи некој. А свежиот се меша со мед, но немам пробано, подобро информирај се повеќе пред да пробаш.
    Инаку и јас читајќи ја темава почнав насабајле да пијам, само наместо 250мл. јас правам помалку во шолја за кафе и на екс пијам. Не ми е лош вкусот, колку што ми е лошо што прави жештина во грлото, после тоа пијам многу вода, можи грешам го разблажувам дејството, ама дури се навикнам морам вака. Јас освен што имам неколку кг вишок, после неколку дози на Yaz (поради циклусот) имам проблем со задржување на течностите и подуеност, не знам дали и за тој проблем е добар ѓумбирот. Во секој случај продолжувам и јас, па се надевам ќе има резултати.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Напротив, ѓумбирот се препорачува за проблеми со желудник(освен ако не претераш количински), посебно во комбинација со ленено семе.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Некој не чита постоооооооооооови :^)

    „Го подобрува варењето

    Сокот од лимон е сличен на структурата на соковите од желудникот и има позитивно влијание на гастроентеролошкиот тракт. Освен тоа, сокот од лимон е добар против киселини и надуеност.“

    И во право е Скорпионка, ѓумбирот се препорачува за мачнини и проблеми со желудник.

    п.с. Да дополнам - Не знам некој кој имал повеќе киселини и мачнини од мм, константно беше под медикаменти. Откако редовно БЕЗ ИСКЛУЧОК пие лимон во вода со ѓумбир, не се сеќава кога последно имал мака, а за пиење апчиња да не правиме муабет, не знае ни каде му се сега :)
     
    На Annath, sunfemina, kiki4kablondy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.383
    Допаѓања:
    38.269
    Пол:
    Женски
    Цела тема ја прочитав јас, ама ете немам многу обрнато внимание на тој дел. Затоа реков не сум сигурна, и јас имам слаб желудник (не пијам ни кафе, ни алкохол, ни газирано поради тоа веќе години) па ми беше страв од ѓумбирот кога го пробав прв пат поради вкусот, а избегнував и лимон, ете сега нема да се плашам и повеќе ќе цедам и од лимонот :) А лененото семе го пијам навечер со јогурт, и плус зелен чај еднаш дневно. :D
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    На cresa-jagoda, mal.ecka и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    За ова барем можеа да кажат со сигурност, потврдивме многу членки тука :D

    „Се верува дека ѓумбирот има силно афродизијачко дејство, кое може позитивно да влијае врз зголемување на сексуалното либидо и плодноста.“
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Се решив ке пијам, денеска бев по потрага одвај го најдов :) од утре почнувам и јас па ке ве известам што како....текнссссс :)
     
  19. VALE1972

    VALE1972 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    moze li nekoj da mi kaze dali ima stetno dejstvo gumburot ako se pretera so nego jas go pijam dva pati na den ama go stavam i vo salata i vo supata..... imam procitano deka ne treba poveke od 4 gr dnevn da se vnese??
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    -Не треба да се претерува, преголема количина секако може да има несакани ефекти како дијареа, повраќање, чувство на печење во градите, зголемени киселини и др.
    -Треба да внимаваат и луѓе со проблеми со шеќер во крвта при конзумирање на ѓумбир во било која форма, бидејќи може да предизвика хипогликемија.
    -Ѓумбирот треба да го избегнуваат луѓе што имаат проблеми со притисокот или имаат крвни нарушувања како хемофилија.
    -Исто така треба да се внимава да не се јаде/пие пред правење на оперативни зафати, затоа што анестезијата реагира на ѓумбирот и како резултат на тоа може пациентот да има потешкотии при заздравувањето, фотосензитивни реакции, крварење и сл. Докторите препорачуваат најмалку 1 недела пред операција да не се зема ѓумбир.
    -Треба да го избегнуваат и луѓе со камен во жолчка, бидејќи може да ја влоши состојбата.
    -Иако се користи како третман против мачнини, земање на поголема количина на гладно може да предизвика желудочни тегоби. Затоа дозата може да се разликува од човек до човек и во зависност од проблемот кој се третира, па треба да се пробува која доза нема да предизвика евентуални гастроинтестинални проблеми.
    -Употребата на ѓумбирот е контроверзна тема во бременоста, бидејќи постојат некои претпоставки дека може да има токсичен ефект врз плодот, иако е добар за утринските мачнини. Традиционални кинески билкари тврдат дека може да биде опасен за мајката и фетусот и да предизвика спонтан абортус. Затоа во текот на бременоста треба да се консултираат со доктор.
     
    На babymama, zhap4e, Annath и 3 други им се допаѓа ова.