Медицинската диета овозможува губење на 2-5 кг за 5 дена или 10-15кг за 15 дена без чувство на малаксаност и слабост заради доволната количина на витамини и минерали кои го овозможува. Диетата се повторува три пати по пет дена,во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите.По завршувањето на диетата,доколку требате да изгубите повеќе килограми се препорачува пауза од 15 дена пред повторно започнување со истата. Од голема важност е да се конзумираат сите намирници и тоа во наведениот редослед. 1. ден Појадок 1 портокал 4 крекери 1 шоља кафе или чај,незасладени Ручек 1 портокал 1 варено јајце половина шоља јогурт Вечера 2 домати 2 варени јајца 1 краставица или половина зелена салата 2. ден Појадок 1 портокал 4 крекери 1 шоља кафе или чај,незасладени Ручек 1 портокал 1 варено јајце половина шоља јогурт Вечера една плескавица (125 грама телешко месо) 1 портокал 1 домат 4 крекери 1 шоља кафе или чај,незасладени 3. ден Појадок 1 портокал 4 крекери 1 шоља кафе или чај,незасладени Ручек 1 портокал 1 варено јајце половина шоља јогурт половина зелена салата или 2 краставици напитоци без шеќер,доколку имате соковник можете да исцедите сок од зеленчук Вечера 1 плескавица (125грама телешко месо) 1 портокал 4 керекери 1 шоља кафе или чај,незасладени 4. ден Појадок 1 протокал 4 крекери 1 шоља кафе или чај,незасладени Ручек 125грама немасно сирење 1 домат 4 крекери Вечера Плескавица (125гр телешко месо) 4 крекери 2 домати 1 јаболко 5. ден Појадок 1 портокал 4 крекери 1 шоља кафе или чај,незасладени Ручек 200 грама риба или пилешко месо,варени 4 крекери 1 домат Вечера 500грама варен зеленчук (може замрзнат како што има во маркетите,но не оној со пченка) 1 варено јајце 1 домат -Месото и зеленчукот смеат да се зачинат само со вегета.Плескавицата да се приготвува на тефлонска тава -Свежите домати може да ги замените со приготвени,односно сварени или динстани без маснотија -Се од наеденото мора да се конзумира во наведените количини по наведениот редослед Среќно! Може и да е слична на Жан Митрев диетата,јас ја најдов оваа на интернет,но како и да е за онаа на Жан имам слушано многу пофали зборови и супер резултати.Ма да за ова ќе ми требаат живци челични,зошто ќе ме убие редоследот и сировиот зеленчук...веројатно е идејата да те смрзи,па да се откажеш целосно од јадење.
Jas drzev slicna dieta odnosno ovaa e recisi ista so taa na Zan Mitrev.I znaete kade zavrsiv?Vo bolnica na infuzija
Јас па мислам дека овааа диета би можела да ја држам, само малку повеќе јогурт ќе пијам и повеќе овошје ќе јадам.
Јас ја имам држено оваа диета, па зарем не е истата со таа на Жан Митрев Како и да е, убаво е избалансирана, ИМА резултати, ама ... тоа што треба се да се јаде се 'по ред мене ме убиваше! Плескавица - и тоа јас ја правев само од телешко месо , не додавав свинско во смесата , со малку зачини значи блуткав ужасен вкус, а после тоа портокал ??? Ми се има згадено од тогаш и кисело млеко и само излупена свежа краставица. На почетокот не знаев дека намирниците треба да се јадат по строг редослед, одделно, па се израдував, леле лудача, си помешав краставиче и патлиџанче , па со двопекот и киселото млеко, па на крај пр. овошјето , Мммм, мераци! Викам, што им е на луѓево, па лесна е диетата! Кога ми кажаа која грешка сум ја направила, ја почнав правилно, издржав 2 пати по 5 дена, симнав некои 6-7kg, ама гадна е бре, гадна! Пробав да правам 10 минути пауза помеѓу секој дел од оброкот, да не ми се слоши, и така излегува дека 5 работи ги јадеш саат време
Јас еве втор ден сум и добро е,се издржува,само вчера за вечера си додадов крекери,а исфрлив 2 домати,а денес кснав четвртина плетенче,сега се мерев,точно кило и 800 грама помалце.Тоа се само течностите,ќе продолжам и барем една недела да ја држам.Се убив од мочкање,а и веќе чувствувам олабавување околу стомакот. Отстапките ми се должат на тоа што многу касно станувам,а легнувам во рани зори,инсистирам да завршам со оброците до 7 часот навечер,па гладувам повеќе од 12 часа,па компензирам,во принцип битно е што помалце калории внесуваш од она што се потребни според пресметан базален метаболизам.А плус и вртам на орбитрек по половина час и се убивам од шетање,така да...тоа е тоа,а диетава е предвидена да се губат килограми без физичка активност,па јас само го убрзувам процесот.Што значи,ако продолжам со ова темпо за 5 дена околу 4 кг ќе изгубам. Утре ден 3,држете среќа да не попукам па да степам 100грама милка! А баш пред некој ден се откажав од себе си мислејќи дека не можам ни еден ден да издржам под режим,иако пред пола година ми успеваше,ама еве по 5 обид ми успеа!
Пред неколку години, толку многу можев да издржам секаков режим на исхрана, секоја можна диета, спроведена ригорозно, инат - детиште , а и полесно и побрзо слабеев. Сега, да не звучам ко некоја бабетина, ама стварно со текот на годините се слабее и потешко и побавно Јас утре одам да купам намирници за диетата со Јаворов сируп, па нека ми е со среќа. Планирам да издржам барем 7 дена, по можност до десет. Кутриот организам, викендов 3000 калории, месишта, алкохол, благциња - сега само течност и ништо друго, кои шокови се тоа, добро е што уште сум жива. ДА, ЗНАМ ДЕКА Е ПОГРЕШНО, ама тоа е , кој си гнетел, сега ќе си гладува Да не бидам оф топик, Лилитке ти мери се, и ќе кажеш колку точно кг ќе изгубиш, + и вежбаш, штом не ти прави храната проблем, мислам јадењава по ред, на коњ си (метафорично де, јасно )
Абе и јас мислев за јаворовиот,ама ме премислија,со оглед на тоа дека истите резултати се добиваат и со диетава,ама барем ќе ставиш нешто во клун,да не биде без ич,да има што да вари стомакот,а не сам себе.Проста биологија,со оглед на тоа дека хлороводородна киселина лачи која многу нагризува,па затоа желудниот е еден од органите кои најбрзо се регенерира,можеш да замислиш кој куршлус го прави кога е празен,сам себе се вари.А е една од најсилните неоргански киселини...така што...се откажав! Ќе ве известувам за резултатите,иако мене многу малце ми треба да ослабам,ама ќе одам и некое кило надоле,за да оставам простор за гоење до одмор.
јас го имам користено јаворовиот сируп....остај што е скап пола литро за 2 дена, а тебе ти требаат 5 шишиња по пола литро значи околу 3000денари за 10 дена, и стави на тоа дека немааааааа шансааааа да издржиш многу е тешко ко на вода да си, а и да издржиш само течностите се исфрлаат при оваа диета и токсините но не и салото,затоа не давај пари на ветрот,купи со тие пари диетални продукти и стави си се на диета
Како бре пола литро за два дена??? Јас ја држев пред две години, знам дека шише од 1л ми траеше точно една недела. Тоа пишува дека може да се пие колку сака, ама па и тој сируп - само шеќер е , ако му се навлечеш ко луда, тешко и така да се ослаби! Јас не пијам повеќе од 1,5л дневно од смесата, што знам... Мене убави спомени ми доаѓаат од таа диета, (оф не сум ја ни почнала, а веќе бладам), ама озбилно, 5-7кг за недела до десетина дена не ги симнуваш со ништо друго, тоа сигурно. Кој како сака де... Ќе пишам јас резултати
абе зависи, треба у чаша 2 големи лажици да се става, сигурно дека 6-7 пати ке сакаш да се напиеш ако не и повеке мене пола литро( не цело) може 450мл за 2 дена ми отидоа... 600 ден го платив а знам дека течностите искачаат, така сите ми збореле....
Што мислите,која е калориската вредност на целодневново мени?!Е под 1200 калории?! Едит...и тоа како,првиот ден го пресметав по таблица и е само 584 калории...Етиопија!!!
^^ Нема што да му ја мислиме, знам дека е испод 800 калории , секако. Убаво си пресметала, толку некаде + - околу 500-650 маx. Како оди третиот ден? позз
Добро е,добро е се турка...забележувам и рачињата горе ми се помалечки,што значи не исфрлам веќе само течности.Обично течностите се собираат околу стомакот и нозете,почетна точка им се дланките,што значи во горниот дел од рацете обично се само масни наслаги (иако и онака ми беа слабички,не ми беше причина,ама ајде),а и гледам по едни панталони олабавена сум баагички,утре вечер ќе се мерам,па ќе ви кажам. Преку ден немам проблеми со гладот,навечер фаќаат кризи,ама се трудам некако да надминам со по еден крекер што не е опасно,еден крекер има само 9 калории или краставиче кое на 119 грама има само една калорија. Абе се издржува и точно е дека не чувствувам малаксаност,а обично при глад и недостаток на храна одма ми се спие и имам главоболки уште првиот ден,па ми беше причина за откажување.
Се консултирав со книгичкава што ја имам, тука пишува: 100 грама краставица има 12 калории, 100 грама домат- 19 калории, 100 гр. мандарина- 37кал., 100гр. смоки- 558 кал. , И најважното е дека ако 1 час пишувате на тастатура ќе изгубите 140 калории
^^ како бре тие Смоки се така калорични, а тооолку слатки понекогаш? Без везе... Ако е тоа точно за штракање по таст. јас досега требаше да сум сламка А јас.... тукуречи - шифоњерче ...
Што знам,јас па од интернет тоа калориметарот така пишуваше,ништо чудно. А инаку,да,смоките се претерано калорични иако не изгледа така. А и од многу мислење и учење се трошеле калории...мислам дека е редно време почесто да мислиме и редовно да учиме!
Почна имунитетот да ми паѓа...се чувствувам настинато,а и се разбудив со подзатнат нос...денеш ден 4...првата цел е барем 5 дена,втората 7,ако имам сила ќе накачам на 10 дена.Но,сепак резултатите се повеќе од задоволителни.