Пред некој ден ми дојде идеја за отворање на ваква тема. Знам дека во денешно време се поголем број на луѓе се во борба со килограмите, меѓу кои и јас. Неколкуте пати досега кога сум пробала да ослабнам биле за жал неуспешни, а причина за тоа е недостиг на мотивација. Па затоа решив да употребам еден од најефектните методи - поставување пред себе предизвик. Знаејќи се себеси по природа дека сум малку инаетлива (што е се разбира негативно), во овој случај според мене би било позитивно бидејќи ќе ми помогне да не се откажувам од диетата ниту во моменти кога мотивацијата е падната. Инаку мојот предизвик: губење 7кг за 1 месец. Што се однесува до режимот не применувам којзнае каква диета, исхраната се базира на овошје, зеленчук и житарици, не сакам да се оптоварувам со некои престроги диети, и најглавниот адут за слабеење физичката активност т.е. секојдневен фитнес. Ќе ми биде мило да се дружам со сите девојки кои ќе решат да си зададат свој предизвик за слабеење, да споделуваме мислења и искуства. Ајде да се обединиме, кој е ЗА нека се придружи на предизвикот - СЛАБЕЕЊЕ!





