1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите што сте активни на оваа тема, сите заслужувате пофалиби :clap: Јас по долго размислување се решив да пишам тука и да побарам мислења во врска со мојот случај. Да започнам со тоа дека сум висока само 157 см и секој вишок килограм се познава премногу. Моментално имам 57 килограми, но изледам како да имам 63 :( Оваа килажа ја одржувам веќе 3-4 месеци. Физички сум колку-толку активна, во смисла постојано трчкам наваму натаму, работам по дома и не седнувам речиси по цел ден, но моментално не одам ниту на фитнес ниту на аеробик (а во минатото имам одено многупати). Е сега, проблемот е во тоа што јас имам бавен метаболизам...порано беше многу полошо, сум имала најмногу 65 кг. и покрај тоа што постојано вежбав и држев диети. Сешто сум пробувала, некои работи ми помогнале но со тек на времето организмот ми се навикнува и повторно метаболизмот ми е по старо. Сега, во последно време приметувам дека ситуацијата се подобрува и сакам да направам еден план на исхрана и вежбање и да пробам да ги скинам уште 5-те килограми што сум ги зацртала и да стигнам до 52 коишто мислам дека е речиси идеални :) Пред се сакав да побарам поддршка од вас, но и некој совет за тоа каква исхрана да преферирам, доколку некој има/л сличен проблем како го надминал и сл. Сметам на вас :):*
     
  2. bussines-woman

    bussines-woman Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Заборавив да наведам долго време припазувам на тоа што јадам - газирани пијалоци можеби една чаша месечно, алкохол исто така, цигари не пушам, паштети, вршли не јадам, мрсна храна исто така не јадам. За појадок претежно земам овесно снегулки, мусли или некое овошје, а потоа си пијам кафе (кое ми го размрдува метаболизмот). Е сега за ручек секогаш јадам свежа салата, но покрај тоа јадам и манџи (дури и оние со запршка :/ - грашок, леќа, грав, компир, ориз со пилешко)...најверојатно и тоа ми е грешката. А да, и од благо неможам да се откажам. Се трудам да не претерувам и успевам колку-толку да се контролирам (внесувам околу 15-20 грама чоколадо дневно). Вода и чаеви - 2 литри на ден, понекогаш и ја прескокнувам вечерата или пак грицнувам некој лешник, бадем, индиски орев...тоа е тоа :)
     
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Сега ја приметв темава инаку сум на диета подолго време - скоро 3 месеци и добро ми оди. Практикувам здраво слабеење. Мењам начин на живот, заедно со борба за бебенце.

    Поздрав :)
     
    На jelena.rozga и Cka им се допаѓа ова.
  4. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Нов месец, нов почеток. Од денес почнувам и јас со диета. Доволно мотивирана со цврста воља. Тука сме сите заедно мегусебно да си даваме подршка. :)
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене пак. На крајот од 7ма недела. Феминки скинав 6кг. Денеска нема да правам вежби за жал затоа што - циклус а јас имам доста болки кога сум во циклус. Ќе го надокнадам.
    Не знам дали мене ми се чини бавно или сепак доволно е 6кг за 7 недели. Не сум на некоја диета туку здрава исхрана и спортски активности. Не јадам благо, леб, тестенини, алкохол, газирани пијалоци ... тоа ништо. Повеќе на протеини значи месо, овошје, салати, млечни производи итн.
    ПИЈТЕ МНОГУ ВОДА!!! ПИЈТЕ ЗЕЛЕН ЧАЈ!!!
     
    На trlala, Ariel и bussines-woman им се допаѓа ова.
  6. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    доволное немој многу да се напрегаш зошто и не е мног убаво наеднаш да симнеме 20 кг. А еве и јас ослабнав 5 а незнам као јадам како што ди јадам, не тренирам ништо освен часовите на ФЗО што правам некои вежби и тие ми се единствената физичка активност. Можеби треба да создадеме мисла која ке влезе во мозокот дека треба са се ослаби.
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PinkDramaQueen

    PinkDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Девојки јас никако да ослабам :(
    Имам 70кг сакам до Нова Година да стасам до 65.Некоја заинтересирана заедно да започнеме,да се мотивираме.Не бива вака,се откажувам постојано (facepalm)
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Значи не сум била сама, не знам зошто не сум мотивирана а добивам многу подршка и од сопругот околу оваа тема и пак сепак мотивацијата ми трае два- три дена , недела најмногу. Порано колку ослабев каква мотивација имав каде е таа сега немам поим. И мене ме мачат 5 кг (за да сум минус 10 кг. од тежина треба да ослабам 6-7 кг), ама искрено ќе сум многу задоволна и ако ги симнам овие пет барем. Се до денес бев убедена дека сум барем малку ослабната, но кога се видов денес сватив дека тоа само сум си го замислувала. Ајде се надевам дека ќе си бидеме подршка една на друга и ќе успееме во нашата цел.
     
    На PinkDramaQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. narcis98

    narcis98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки јас почнав со 30 дневни предизвици за чучњеви и стомачни и правам паралелно и други вежби, е сега држам една диета 8 часовна односно кога ќе станам зависи сега 10 11 јадам овошје за доручек и пијам чај или вода, јогурт зависи што има потоа по три часа јадам пак зависи дали сум дома или на училиште ако сум дома јадам што има само помала количина без леб и со салата, а ако сум на училиште јадам нешто ниско калорично обавезно вода и после три часа јадам едно соколадно и толку значи до 17 после не смеам да јадам ништо затоа се вика и 8 часовна hh. Значи се исфрлив штетно газирани пијалоци,бел леб, паштети и такви производи значи се се што е штетно.Е сега прашањето(може малку е глупаво) што мислите вака здраво е да се слабее со оваа диета или да пробам со некоја друга ?? :)
     
  10. Miss.Grey

    Miss.Grey Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    До некаде имаш право но мислам дека тоа што го прескокнуваш доручекот не е во ред и не е здраво. Би ти дала совет да го додадеш доручекот а да го исфрлиш ручекот или вечерата. Среќно :)
     
    На narcis98 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    1.495
    Пол:
    Женски
    Кога ќе станеш подобро би било да јадеш овесни снегулки или нешто од тие работи,па после 1-2 часа како ужина да јадеш овошје,па потоа следува нели ручек(салата ти е убаво да јадеш,манџи,стек или што било само по малку),исто така и за вечера,нели до 5 се треба да имаш испланирано.. И се знае,вода обавезно и активнос :)
     
  12. Ogist

    Ogist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    појадок: 150 грама интегрален леб, три јајца, зелена салата.
    ужина: 100gr стек со салата.
    Ручек : две кришки интегрален леб со 100 грама стек.
    ужина: мешана салата од зеленчук.
    Вечера:100 грама безмасно сирење, маслинки -

    вака едно пет шест дена, потоа еден ден јадење само јаглени хидрати во калориски износ од 1500 калории и потоа пак се пофторува циклусот и така се додека не се стигне до саканата цел. вежбањето е задолжително 4, 5 пати неделно ( кардио) и ако имате сила- лесен тренинг со тежини или со сопствена тежина. Продуктите во овој пример може да се заменат со друѓи продукти во зависност од вкусот, но сепак мораат да бидат идентични во нутритивниот состав, ова е само пример.
     
    На narcis98 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Единствен најдобар и траен начин да ослабеш е да внимаваш колку калории внесуваш, да бидеш во калориски дефицит. Да Јадеш на секој 4 часа т.е доручек, ручек, ужина, вечера.
     
    На narcis98 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е доволно за да нема подоцна јојо ефект. СЕ Е ДО МОТИВАЦИЈАТА! Треба многу силно да си мотивиран и да не се откажуваш ако сакаш да ослабнеш. Е сеа, секој метаболизам е различен. Некои побрзо слабеат, некои побавно. Е сеа ние што слабееме побавно гуд лак :D
     
    На narcis98 и jelena.rozga им се допаѓа ова.
  15. stojanova20

    stojanova20 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Sakam da prasam so jadese , a so ne treba da se jade, sakam da oslabnam ,neznam kako veke, uste kakvi ne ti dieti sum probala ,pomogni mi !
     
  16. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Имам доста детално пишувано во темата. Може да разгледаш и мое искуство а исто така и искуства на други членки.


    Накратко, на маса имам повеќе протеини за јадење. Јајца, месо (свинско или пилешко) обожавам. Искључиво динстано или печено. Пржено никако. Потоа, Риба, туна, лосос, караш.
    Поретко имав јаглехидрати, ги вклучував ради реда. Едноставно јас самата не ги обожавам.
    Тестенини исто така не конзумирам, ни пред да почнам да се грижам што внесувам во организамот, ни после тоа.

    А храната како ја подготвувам, често си експерементирав, некоја моја фантазија. Понекогаш и на интернет гуглав. Секој може ако сака.

    Газирани сокови исто така- за мене забрането. наместо тоа се освежував со кисела вода.
    Со благото - доста ретко. На 7 до 10 дена се засладував по еднаш. По едно 30 гр чоколадце.

    Наместо Леб со секое јадење, јас вклучив салата и од поЗдравото јадење.
    Секое со план и цел.
    Однапред испланирани оброци.
    Редовен тренинг. Орбитрек или пешачење. На почеток немав орбитрек, пешачев и подоцна се здобив со поголема кондиција и џогирав. Сега имам и орбитрек и степер па одлично ми се вклопија.

    На почеток си имав поставени помали цели, и така и се мотивирав. А како одминуваше времето имав се поголеми и поголеми цели, и сега верувам во себе и знам дека ќе успеам да ги елеменирам и преостанатите 13 кг од неверојатни 55 кг вишок..

    Подобрувањето на нашето здравје зависи од нашите желби и потреби! Слабеењето и правилната исхрана се сведува на нашата ментална сила. Воопшто не е невозможно, непостои тоа, само треба да си го истренираме мозочето да размислува здраво.

    Многу е убаво чувството да си среќен и задоволен од самиот себеси.
    Неопишливо.

    Навистина не знаев колку сум била дебела, бидејќи го одбегнував огледалото и вагата. Прв пат кога се качив на вага ме удри глава и ми се качи притисок.
    Исто така и кога намалев голем дел од својата тежина пронајдов слика каде што сум била 110 кг, се поместив од столче, ма како, паднав! :(

    Сега, после 9ет, месечен режим со понос се гледам во огледало, со понос се качувам на вага и се топам како сладолед!:party::party::party:

    И јас сум пробувала секакви диети, таблети за слабеење и не успеав.
    успеав кога си ја пронајдов исхраната која мене ми одговара.
    Кога вклучив физичка активност.
    кога решив здраво да слабеам, да не сум во потрага по брзи резултати. Веќе долготрајни.

    И назад да се фалам.
    За 10 дена - 4 цм во бутовите! Мојата најголема мака моментално. Многу сум среќна што почнаа и тие да се топат!:clap:
     
    На sonce555, Daleron, narcis98 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Viki07

    Viki07 Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И јас од денес почнав со диета се надевам дека овој пат ке успеам долго време се мачам со килограмиве веќе 3 години многу сакам овој пат да ми успее сум била на ја различни диети бев на натриционист во силуете но залудно кога бев во силуете тогаш најмногу успеав да ослабнам но мислам дека ослабнав повеќе од диетата што ја држев него ли од третманите ја држев медицинска диета и мислам дека кој и да ја држи ке ослабне зошто е доста тешка тогаш успеав да ослабнам 10 кила најмногу до сега колку бев срекна сеа може имам вратено 3-4 кила и сеа пак сум на диета денес
    Појадок: 2 мандарини
    Ручек: варен стек со салата
    Вечера: салата и после девет јадев пуканки
    Се надевам дека овој пат ке успеам да ослабнам многу сакам се надевам до нова година ке успеам да ослабнам бар 10 кила :):mm:
     
  18. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Многу се здебелив изминатиов период, како резултат на буреци, сендвичи од Вили по полноќ и слично. Често пробував диети и да бидам на режим извесен период и после пак по старо, па следуваа килограми плус и грижа на совест. Решив сериозно сега да ставам крај на тоа и се надевам ќе издржам. Скоро десет дена сум на режим.
    Строго забрането: Чипс, пржена храна, сендвичи, пици, газирано, бурек.
    За доручек кафе, урми, сливи, или свежо овошје.
    За ручек некоја чорба без компир, со боранија, грашок, кромид, пиперка, патлиџан, такви комбинации правам, без запршка.
    Варени јајца, варен стек, ориз, варена пченка -клавчиња, значи само варена или печена храна. Не мешам месо со компири, внимавам што јадам, како комбинирам. Ручекот обавезно со голема чинија салата.
    Вчера варев шпагети за ручек, не знам колку е добро тоа за диета, ама многу ми се пријадоа. Мајка ми печеше и компири и вечерта благ ориз, но одолеав затоа што не сакам да мешам. Деновиве сакам и печени компири да си направам. Денес имам чорба за ручек и до вечер салата и пуканки.
    Во текот на денот грицкам индиски ореви, бадеми, како замена за чипс и смоки. Секој ден јадам по 1 бразилски орев добар е за слабеење и намалува апетит. Пијам и чај од нане, камилица, зелениот не можам да го смислам, сепак ќе гледам барем 1 неделно да го пијам.
    Вечера Салата или пуканки.
    После 7 си дозволувам само пуканки, ништо друго.
    Доколку имате некој предлог за вкусен и здрав ручек пишете, ќе ми треба.:D
     
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.375
    јас сум на некој мој режим на исхрана денес ми е 10ден имам симнато 4 кг и по 3-4 см на колкови стомак за појадок овошје ,руцек со има без леб благо и газиро не додуша благо јадев денес минијатурно парце торта и во неделата ресана цело пакетче
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Никако да пишам затоа што компјутерот не ми работеше, а не сакам да пишувам латиница од мобилен по принципот „не го прави тоа што не сакаш да ти го прават“ :D

    Леле ама тешко оди слабеењево, почнав веќе да се фрустрирам. Не сум безгрешна, ама многу внимавам, имам направено многу промени, а за месец и нешто имам ослабено едвај 1.5-2 кг. Знам дека поспоро е подобро, ама ова е некако премногу споро. Вообичаено брзо слабеам, па затоа сега се фрустрирам :D

    Со физичка активност сум послаба периодов, па се надевам дека кога тоа ќе го променам ќе има подобри резултати. Уште една недела имам повеќе обврски, после ќе биде друго. Друга причина за спорото слабеење може да е тоа што имам вишок од околу 4 кг, а последните секогаш најтешко се симнуваат.

    На сопругот му оди многу подобро, но тој имаше многу нездрави навики, па откако ги смени, има одлични резултати. Јас само количината ја намалив, затоа што се хранам релативно здраво. Тој ослабе 7 кг за 5-6 недели и многу му се познава.

    Тоа што двајцата одлучивме да внимаваме што и колку јадеме е многу голема помош. Јас претходно многу пати сум се откажувала затоа што дома сум имала изобилие од нездрава храна. И сега сум имала моменти на слабост, ама колку и да сакам да изедам ред чоколадо, не го правам тоа затоа што сакам и него да го мотивирам да издржиме. Истото го прави и тој. Сега и немаме многу нездрава храна на дофат, иако со деца секогаш имаш по некое чоколадо на лагер, ама барем не купуваме глупости. Многу ми е мило што влијаеме и на децата - не со количината, туку со изборот на храна.
     
    На zeka, do-re-mi и Libera им се допаѓа ова.