1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи што треба да ги отфрлиме

Дискусија во 'Диети' започната од Ivana-srce, 23 октомври 2010.

  1. Ivana-srce

    Ivana-srce Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Која храна лошо влијае на нашиот изглед?Кој продукти треба еднаш за секогаш да ги отфрлиме,кои се навистина штетни?Сум слушала и дека некои што ги викаме "диетални" производи би можеле да содржат повеќе калории и од обичната не диетална храна.За тие што успеале да ослабата по пат на диета нека ги споделат своите сознанија за храната а и за оние кои сакаат да ослабат нека споделата мислења што конзумираат и колку е тоа правилно и корисно...... :)
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Па диеталните производи се добри, ама тие се обично за дијабетичари, и луѓе склони на некои алергии на храна!
    Од храна што не треба да се јаде, би ги спомнала виршлите, колбаси, премн салами и паштети!
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    [​IMG]
     
    На betidule, blue eye и ana-banana им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Нешто најлошо се газираните сокови, исклучиво вода или свежо исцеден сок треба да се пие.
    Намалување на лебот, белиот посебно никако. Затоа постои црн, ржан.
    Пржени работи да се исклучат. Наместо пржен помфрит може пире, наместо пржени плескавици, бело пилешко месо или динстани варени меса.
    Манџите се еден од најдобрите ручеци. Во странство не прават манџи и ги нема на диет листите. Но балканците си јадат манџи и верувајте најздрави се.
    Слатките се ставаат на минимум.
    Никако прескокнување на доручек. Енергија од каде ќе имаме???
    Никако јадење еднаш на ден и притоа да се прејадеш. Неколку помали оброци е најдобро, и секако не јадење многу доцна, остајте му време на желудникот да ја свари храната пред да легнете.
    И секако зеленчук и овошје што повеќе, толку подобро ;)
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Газираното освен шекер нема ама баш ништо корисно за нас, белиот шекер и брашно, сеедно дали во колачи, леб, додаено во млеко или чај, исто нема ништо паметно во нив. Заменете ги со итегрално и решен проблем. Потоа пржената храна, катастрофа..Ама ај откажете се од пржени компирчиња де :tmi: Потоа намазите као путер и мајонез. :^) Македонската традиционална кујна во принцип е здрава кујна, е сега ние се правиме модерни и додаваме се и сешто од павлаки, мајонези и сл и ето салце по нас. :)
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Маргарин воопшто не бил здрав за јадење. Подобро е путер да се јаде.
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Зависи каков маргарин и путер. Денес постојат многу полесни маргарини од порано, оние што се лајт верзија.Да ти кажам срц јас не ги јадам ни двете. Порано во се шлакав маргарин или путер дури и со мармалад или мед. Сега целосно го имам исфрлено и искрено ич не ми недостасува. :*
     
    На Maarija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Сега ќе ви каже за здравата исхрана стручњакот :P :D
    Јас еден период одев на нутриционист и можам до утре да ви пишувам за здравата исхрана.
    Денот треба да започне во 9 саат сабајле, затоа што треба да се подели (до ручек овошје со комбинации, а од ручек зеленчук исто со комбинации). Имено, почнуваме со сезонско овошје од сите врсти во комбинација со бадеми, лешници, мелени ореви помешани со чаша јогурт (на млеко не смее да се помисли), 1,5 л вода и може строго интегрално лепче намачкано со било какво слатко. Во никој случај не смее да се мачка со други работи (мајонез, еуро крем,паштета) и сетоа ова до ручек. За ручек може воглавно се, меѓутоа во комбинација со многу салата. Наместо грицки (чипс, грисини,благи работи) може сончоглед, семки и во најдобар случај морковче, зелка и т.н. Млекото како што кажав, сувомеснатите производи, паштети, газирани пијалоци, па дури и обичниве сокови и благи работи треба да се исфрлат скроз од оброците. Доволно шеќери се внесува преку овошјето. Напоменувам, ова не е диета. Јас одев затоа што сакав да почна да живеам здрав живот, а имам 48кг. Искрено веќе не се придржувам толку строго кон ова, ама внимавам колу што можам и се чувствувам мноооогу подобро од претходно.
     
    На betidule, love23, Scarlet88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Јас ја избегнувам брзата храна. Скоро ич не ја конзумирам. Правам исклучок се разбира понекогаш. Нај здрава е онаа домашна приготвена, или мене ми е полесно бабинската.
     
  10. Bootilicious

    Bootilicious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Маргарин воопшто не бил здрав за јадење. Подобро е путер да се јаде.[/quote]

    Има едно научно истражување според кое маргаринот се разликува само за една молекула од пластиката. Путерот можеби е многу покалоричен, меѓутоа е многу поздрав.
     
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Дали нутриционистот ти кажа зошто? Само заради тоа што доволно внесуваме шеќери преку овошјето? :^)
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Млекото од 10 годишна возраст треба да се исфрли затоа што содржи се што не му е потребно на секој организам, а газираните и обичните сокови, како и благите работи не се потребни затоа што содржат многу конзерванси и шеќери а ти се на прво место штетни како за децата така и за воздрасните. Како што кажав, сосема доволно шеќери се внесуваат преку овошјето. Нутриционистот секогаш ми спомнуваше- не е исто една калорија од чоколадо и една калорија од јагода ;)
     
  13. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Во глобала се што е само чиста калорија без никаква нутритивна вредност треба да се отфрли. Значи се што не содржи минерали, витамини, ензими, туку само обична енергетска вредност, која можеме да ја обезбедиме преку храна која покрај енергетската вредност има и други нутритивни вредности.
    Тоа значи треба да се сведе на минимум преобработена храна, препржена, конзервирана, вештачка, храна со додатоци -- адитиви, вештачи ароми и бои, благо, вештачки сокови... Пример наместо да купиме ладен чај со адитиви, можеме дома да си го подготвиме, оладиме да му додаме коцки лед, лимун и мед и да добиеме здрав напиток наместо оној кој се продава со шеќери, вештачки бои и ароми.
    Со еден збор, најмногу треба да јадеме природна храна. Онака како што се хранеле нашите претци кои биле многу поздрави од нас. Главно да се избегнува се она што е индустриски преработена и убаво запакувана храна која ни се смее од полиците во маркетите, а да се внесува природна, здрава, домашно подготвена храна и мнооогу свежо овошје и зеленчук.
    Наместо да купувате готови или полуготови индустриски добиени произвиди кои се преполни со конзерванси и други штетни состојки, поубаво е сами да си ги приготвите дома.
     
  14. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Баш сега читав дека со некои истражувања било докажано дека млекото може да предизвика многу болести како паркинсова и некои видови на рак.

    Но тогаш што ни останува како здрава храна која не ни е забранета?
    Еве штом млекото го отфрливме, тогаш по автоматизам и кашкавалот,сирењето, јогуртот,павлаката ги прешкртуваме.Путерот, маргаринот, мајонезот,и слични намази и сосови, од познати причини не се на оваа листа. Црвените меса се премногу масни и имаат несигурно потекло, а и од катаљон други причини не се препорачуваат. Пилешкото би можело да се нарече здраво, доколку имате доверба во денешново живинарство и начинот на исхрана на живината. Еве јас немам па би ги исфрлила и јајцата од хормонски надуваните кокошки. Значи ни остануваат рибата и зајакот кој ретко е на нашето мени. И нормално овошјето и зеленчукот кои би ги приготвувале со некои од дозволените масла, маслиново и сл. и би се заситувале со некое парче интегрален леб. И секако би се наградиле со две-три коцки чоколадо :inlove: кое се повеќе се препорачува во умерени количини.

    :!: Значи здрава храна(горе доле)= вегетеријанство

    ..ако ја исклучиме можноста вегетеријанецот да посака да си намачка мајонез на лебчето :D ( пошто го исклучуваат само месото )
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Hајнешто што треба да го отфрлиме газирани сокови,сок за расвторање,помалку месо-не секој ден ручек,вечера,премногу чипс,пржени компирчињаи брза храна :)
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Баш сега читав дека со некои истражувања било докажано дека млекото може да предизвика многу болести како паркинсова и некои видови на рак.

    Може да оставиш линк каде си прочитала дека млекото е штетно ? :^)
    јас сум зависник од млеко а имам повеќе од 10 години многу одамна :D
    морам да го истражам тоа
    и подобро да не е точно :worried: јас без млеко не сум јас :doh:
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Олива прашуваш која храна ни останува како здрава, а не е забранета
    Нашава земја изобилува со сезонски овошја и зелечуци во најразноразни врсти и не се слагам со тоа здрава исхрана=вегетаријанство. Дозволено е телешко месо и тоа колку сакаш, затоа што е многу здраво, а можеш да го комбинираш со 300 сосови без разлика дали е печено или варено.
    Друго што сакам да кажам е дека за млекото од дамна се збори дека е многу штетно и не се препорачува, а може да се замени со јогурт. Денешнава младина е упропастена од таа фаст фуд и јадат се што не треба, а приота не се движат, ретко кој спотрува туку сите се пред компјутери. Замислете ќе изедат еден хамбургер од 7ца, пијат кока-кола и обавезно јадат благо и ке седнат....не се свесни колку енергија им треба за да го портошат тоа што го изеле и после сетоа ова резултира со анемија, паднат имунитет, често разболување (неотпорност на настинки) и дебелеење. Знам дека им е тешко да се хранат здраво и само со манџи, меѓутоа колку што можат треба да внимаваат и да го избенуваат тоа што е штетно!
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Дека млекото не смее да се пие или не треба после 10та година не сум слушнала . Имам слушнато дека постарите треба да го отфрлаат , како што старееш се помалку ама не дека после 10 години не треба . Јас вака слушнав :)
     
  19. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    Но не ми е јасно, ако го исфрлиме млекото а посебно постарите тогаш од каде ќе внесуваме толкави количини на калциум а посебно женската популација бидејќи се јавува остеопороза а калциумот е важен за коските? Сепак апчињата не можат да го заменат во целост?? :?: :?: :?:
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Производи што треба да ги отфрлиме!!!

    ех ве читнав и што ли сега да јадам ако се што е напишано треба да отфрлам ??
    инаку ништо не отфрлам внесувам и јадам се во нормални количини и фала богу не сум нешто дебелка. а ако дојде до тоа што треба да отфрлиме секој има различно гледиште на работите и секој од свое искуство лошо или добро ќе рече дека не треба нешто да се јаде, така да сметам дека треба да се внимава во количината што се внесува а не во храната.