ТЕМА: Слабеење со помош на нутриционист

Мислење 06 Мар 2011, 23:55

Здраво народе!
Сакам да поразговараме во врска со диета,т.е начин на исхрана со помош на нутриционист. Се прашувам дали кај нас има некој вистински нутриционист, или сите се приучени, недоучени во врска со исхраната. Верувам дека знаат, имаат читано, посетувано конференции и сл. во врска со здравата исхрана и здравиот начин на исхрана. Но мене навистина ме интересира, како тоа прават диета спрема крвната слика? Спрема крвната група ми е разбирливо, ама крвната слика?? Што е со оние кои имаат нормални параметри, а сепак имаат вишок на килограми?
Phgirl

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 06 Мар 2011, 23:46

Мислење 07 Мар 2011, 00:02

Jaс имам слушнато за вита диет од многу луѓе како го фалат па пробај таму ;)
Јас никогаш не сум била,но повеќе почитувам кога сам ќе си воцедеш режим на исхрана и ќе фураш со него...кога сам ќе си стекнеш навики за одредени јадења,кои треба да ги исфрлиш,кои намалиш а кои да ги конзумираш повеќе кон сето тоа ќе додадеш активност,вежбање -тогаш е долгорочно...со нутриционист би можел да ослабеш,ама ретко која продолжува со таква исхрана и пак се враќа на старо ,стара килажа и стари навики..нутриционистот може а ти даде една насока,ок е,ама цел живот да го посетуваш и да фрлаш пари,не благодарам....секој организам функционира различно и мислам дека ние најдобро знаема што ни одговара што не..ако некој е решен да ослаби,ако има волја и желба ќе го оствари тоа и сам,бар денес има начини :)
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
16242812
Мислења: 1820
Зачленет: 19 Сеп 2010, 21:54

Мислење 03 Апр 2011, 19:27

Danny.T напиша:Јас сум веќе 2 и пол години на овој режим на исхрана и сум премногу задоволна. Дури ми е навика и од се си се одвикнав. Симнав 50 килограми до сега, што за мене е голем успех. Имам 17 години и сум 1.83 висока, а имам 70 кила. Предходно имав 120 килограми што за моја возраст беше премногу.. На сите кои сакаат да живеат здрав живот и без проблеми им ја препорачувам дефинитивно. Поздрав! :)

Колку пари е еден преглед таму? А за цел месец колку треба да платиш? Немам многу пари а би сакала да одам. Ај чаре... :(
Аватар на корисникот
Valerin

Зелено цветче
 
730513
Мислења: 857
Зачленет: 24 Сеп 2010, 18:54
Our whole life we sink into shallow, ambiguous rivers, without knowing that sometimes, all we need is to float peacefully..!

Мислење 05 Апр 2011, 23:19

Кај Тања во Вита Диет прво плаќаш 3000 ден за 3 месеци.Ако сакаш да одиш и понатаму од кога ќе поминат тие 3 месеци си плаќаш 1000ка од месец.
Аватар на корисникот
Iva-Mici

Жолто цветче
 
21463
Мислења: 1162
Зачленет: 01 Авг 2010, 00:55
Локација: во нечии мисли :D
Правилата не можат да донесат слобода,тие имаат моќ само да обвинат

Мислење 09 Апр 2011, 15:22

Би сакала да ве прашам оти спомнувате и Цеце и Тања. Двете работат на истото место? која е подобра, која да ја барам?
И што мислите за Цвета Динева?
Незнам каде. :?:
Аватар на корисникот
Name

Жолто цветче
 
7232486
Мислења: 1370
Зачленет: 05 Јун 2010, 18:55
Локација: Скопје
„Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите, а кукавиците ги јадат трошките на омразата.“

Мислење 09 Апр 2011, 21:49

Епа Цеце е уствари Цвета Динева :D Кај Цеце имаше повеќе деца, не даваше многу строги режими... на пример, никогаш не ми даде течен ден, дури ми дозволуваше да јадам и пица вегетаријана 8) ... мислам, еднаш во три месеца, ама сепак :D

Јас одев кај неа пред 4-5 години,... и се беше супер, ослабев можеби 25-6 кг,.. него проблемот е што, кога престанав, мислам дека буквално за две недели ги вратив :o Туку, кај мене е поинаква ситуацијата, пијам и разни лекарства, ми се чудеа кога одев таму,... како и покрај лековите успевав да слабеам... не сакам да се фалам, верувајте,... пак си ги вратив сите откако престанав :( сега од јануари пак си почнав да ја држам - не толку строго, на истиот принцип,... овошје за ручек, протеини или јаглехидрати за ручек и за вечера салата/супа - и досега ослабев речиси 10тина кила...

Многу често, луѓето мислат дека оваа диета се базира врз крвната група... значи, нема врска... бараат крвна слика чисто информативно, и доколку нешто треба да се зголеми/намали, го постигнуваат тоа со храната... гордо изјавувам дека со помош на Цеце, дел по дел ми ги симнаа лековите после отприлика година дена,.. ама откако престанав... и килограмите и лековите назад :tmi:

Нааајтопло ви ја препорачувам, ама бидете доследни а не како мене,... :$ и променете си го начинот на исхрана... :)
Аватар на корисникот
Doozy

Жолто цветче
 
1609115426
Мислења: 2293
Зачленет: 22 Апр 2010, 22:01

Мислење 10 Апр 2011, 00:06

Јас кај Цеце одев пред 2 години и за 2 ипол месеца ослабев 13 кг ама нејке само ослаби па удри после на јадење и кој престанав да одам си ја вратив килажата.. а од прилика памтам и што јадев како јадев
Насабајле само што ќе станев сок од 1 цеден лимон со 1 лаж ленено масло, 1 цеден портокал во 300мл вода, 1 чаша млеко од соја, 1 јаболко, 1 банана и 5 суви сливи.. После до 16ч. можев уште 1/2кг овошје (портокали,јаболки) во 16ч ручек (нешто манџи даваше без леб со салата, па еден ден риба со салата и супа, пченкарно брашно со салата и супа, макарони ..) после ручекот овошје никако. Саат ипол после оброк несмееш вода да пиеш а дневно барем 1,5л вода треба да испиеш и за вечера имав пуканки, салата од морков и цвекло, 3 лаж. пченични никулци со млеко од соја и одприлика тоа е..

На почеток е тешко ама после 1 недела се навикнуваш и супер ти е.. Освен тоа Цеце не само што ме излечи физички туку и психички пошто без многу искомплексирана
А и ке заборавев за крвната слика што треба да ја однесеш.. Мислам дека тоа го бара чисто информативно како што кажа некој претходно за да види како си со крвот евентуално ако си слабокрвен да ти смени нешто горе доле за да ти се регулира крвната слика.. А ако си Океј мислам дека истиот режим се врти. Па мило ми е ако помогнам некому :)
IvaMk

Фем почетничка
 
00
Мислења: 3
Зачленет: 09 Апр 2011, 23:51

Мислење 10 Апр 2011, 10:22

Тоа лененото масло и е изгледа омилено... на сите го дава.. ама погадно нешто од тоа - Н Е М А! :puke:

Едит : ми текна дека има нешто погадно... млеко од соја без какао и кафен шеќер.... ууууууугхгххг :puke:
Аватар на корисникот
Doozy

Жолто цветче
 
1609115426
Мислења: 2293
Зачленет: 22 Апр 2010, 22:01

Мислење 10 Апр 2011, 12:17

Doozy, Iva, јас сакам да одам за да се здебелам :$
Работи цеце со случаи за дебелеење или само за слабеење? Мислам дека и ова го работи..пошто ипак нели, здрав режим на исхрана..
Пошто гледам не само вие две, туку и други девојки ја фалат многу..и за дебелеење дека им помогнала..
А Цеце или Тања е подобра?
Јас планирам идната недела да одам
Инаку да, направив крвна слика пред 2-3 дена..
Спремна сум да се здебелам па што сака нека биде.
Ако имате некој совет, искуство +, ве молам пишете :)

едит.
и да ве прашам, каде и е ординацијата на Цеце? И како се прави, се закажува за кај неа, се иде дирекно, како?
Аватар на корисникот
Name

Жолто цветче
 
7232486
Мислења: 1370
Зачленет: 05 Јун 2010, 18:55
Локација: Скопје
„Затоа што љубовта им припаѓа на храбрите, а кукавиците ги јадат трошките на омразата.“

Мислење 10 Апр 2011, 14:05

Јас кога одев, беа Вита Диет, веднаш зад бисер мислам беше :^) сега разбрав дека се скарани, и башка си работеле... кај која и да отидеш, нема да згрешиш... и двете се професионални и сигурно ќе ти помогнат :)
Аватар на корисникот
Doozy

Жолто цветче
 
1609115426
Мислења: 2293
Зачленет: 22 Апр 2010, 22:01

Врати се на Диети

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: SV1911, Viktorijaaa5 и 25 гости