Од свое искуство да ви кажам дека цитраксот немаат врска.Лани порачав две дози,двете ги испив,ни грам не симнав,а си дадов 1700 со се достава.Се лажев со таблети и глупости,секогаш ми се враќаа назад килограмите и дојдов до не толку револуционерен заклучок,дисциплина.Ако нешто сакаш,ќе најдеш начин,а таблетите беа само немање на цврста воља и пред се немање на крактер да се откажам од нешто што само моментално може ќе ми биде задоволство,како на пример чоколадо,а ќе ми биде нервоза во наредните месеци,а како и да е и да се симнат тие килограми,сметајте на тоа дека ќе бидете врзани за тие таблети затоа што после нив гарантирано се враќаат килограмите.
Вие си знаете,сум била во таа позиција,знам дека е тешко,ама кога ќе се рече не,кога ќе се најде мотив,кога ќе имаш воља,нема да изостане успехот.Некој ќе рече,ама како јас сто диети пробав,не ослабев,па како функционираат тогаш таблетите кои ти го намалуваат апетитот?!Значи нејадеш,слабееш,се движиш слабееш,трошиш повеќе отколку што внесуваш,таа е философијата.Мене ми е срам кога ќе се сетам дека млада,способна,се однесував како баба,јас не можам,море можам,можам и да спортувам,можам и здраво да се хранам,можам да ослабам само така и така и бидна.Кога не успева,значи нешто не се прави како што треба или обидот трае 3 дена.
Нејсе,не се лажете со цитракс.


