1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета - Одржување

Дискусија во 'Диети' започната од SkarletOHara, 18 октомври 2012.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Еве вака се надевам ќе има заинтересирани за оваа тема за да се дружиме овде до нареден циклус на УН. Јас сум во тек, ова веќе ми стана начин на живот, начин на исхрана и не го гледам како диета.

    Можеби не сте ја постигнале посакуваната тежина. УН диетата повторете ја по 91 ден одржување. Без разлика дали се чуствувате добро и спремно за нова диета, губитокот на маснотиите е сепак голем шок за организмот. На телото му треба одмор. Помогнете му во наредните 91 ден да ја одржите вашата тежина. Ако после тоа повторно започнете со УН, не бидете нестрпливи, килограмите нека се губат со нормално темпо. Сепак се изборивте за време за себе а и храната повеќе не е меѓу најбитните нешта во животот. Само стрпливо и ќе дојдете до зацртаната цел.
    И следните 91 ден се појадува само овошје. Во следните два оброка, а посебно за вечерата треба да се почитува комбинирањето на намирниците и времето на оброкот. Ако и во тие 90 дена изгубите уште 3 кг, тогаш е дошло до промена на метаболизмот. Тоа не значи да се храните по старо, тоа значи урамнотежен начин на исхрана со правилна комбинација на намирниците и голема физичка активност.

    Нема ограничување дека за вечера морате да ја јадете истата храна како за ручек. Потребно е само да се почитува правилото на комбинирање на храната.
    Секако дека можете и понатаму за вечера да јадете пола од ручекот како и до сега, но сега постои алтернатива. Алтернатива нема во ЈХ и витаминскиот ден, овде и понатаму важат старите правила.

    - Циклусот на одржување се состои од 6 дена
    ден 1- протеини
    ден 2- скроб
    ден 3 - скроб
    ден 4 - протеини
    ден 5 - ЈХ
    ден 6 - Витамински

    - И овде постојат водени денови, водени денови се 25, 56 и 87 ден.

    http://www.femina.mk/out/?id=7eafcb8f85 ... 3Ft%3D1582

    Знам дека многумина од вас наместо одржувањето, мислат дека е подобро да се продолжи детата за тоа што можете а и имате уште за губење. Имам и јас за губење уште :( , но не сакам да се лакомам, свесна сум дека доста изгубив и вистина дека на телото му треба одмор. За тоа се одлучив да продолжам вака па здравје за натаму ќе видиме.
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Многу добра тема, фалеше и оваа, за тие што ја завршиле диетата.
    Од кога ќе ја завршам ќе одам на одржување па ќе бидам редовен посетител во темава, а дотогаш ќе ме читате во главната УН тема.
    Среќно на сите кои се на одржување, одолејте им на искушенијата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    Имам уште многу време до одржување ама мислам дека ептен супер е што ја поставивте темата на форумот, корисно е за сите што ја држиме диетава. :)
     
  4. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    И јас ја почнав оваа за одржување, денес ми беше 4 ден, протеински, утре јх едвај чекам за да си каснам благо :D
     
  5. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    Zдраво диеталки :hai: ајде и овде да се најавам,усте утресниот (последен)воден ми остана,па овде ке ве друзам :$ сакав да ве прасам одма по заврсуванјето поцнавте со одрзванјето?јас мислев само еден ден да направам пауза и веднас да продолзам...ке ми биде мило ако го споделите васето искуство :)
    благодарам однапред :)
    поздрав и се друзиме наскоро :hai:
     
  6. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    По правило не ми се верува дека има пауза помеѓу диетата и одржувањето. Како и да е ако одев цело време по правилата ќе бев може уште 5 - 10 кг минус. Ама подобро направи си ја таа пауза која си ја планираш да ти олесни малку на душичката, 3 месеци беше на режим те чекаат уште три месеци каде нема да смееш да јадеш некоја добра пица, подобро дај си слобода еден ден отколку подоцна да ти здосади и да почнеш да правиш грешки секој ден. Изеди една пица на пример, но имај на ум дека после тоа најверојатно ќе имаш грижа на совест :D па така да една изедена пица сега ќе ти даде поголем мотив за наредните 90 дена да поминат во најдобр ред.
     
  7. mici-22

    mici-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    904
    Да не охрабрите со што ќе споделите по колку кг ослабнавте со УН? :lol:
     
  8. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    za гриза на совеста усте сега знам дека ке е така :D ма верувам нема ептен да се опустам...мозе и ке се предомислам до тогас :rofl: сигурно ке биде јх-опустацки ден,со ``некој``намирник каде сто не му е местото :P (да не ја одбивам нон стоп мајка ми :angel: )а веке реков и за наредните 90 сум веке спремана овие резултати вредат за се,плус усте некое подолу нема да се лутиме секако :wasntme: само усте еден ден па ке мозам да се ``пофалам`` со факти :emo: благодарам на одговорот па тука сме...ке се друзиме :hai:
     
  9. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Еве јас веднаш почнав со ун-одржување без да правам пауза. Денес ми е 5 ден-ЈХ, за доручек јадев лимон, ручек пица само со кечап и печурки и сега пијам кафенце па после ќе вечерам мармалад со бисквити и то :)
     
  10. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    девојки,како е?несто слабо овде со постовите :^) или така треба во оваа тема :D
    јас дека си се обекав па да си казам еве веке 3 ден одрзуванје ;) и тој ден со казав пауза бесе скоро јх ден без месанје на намирници и без благо :!: мислам нисто страсно де...сакав да прасам сега ја користите алтернативата( во скоробен и протеински ден ,нели мозе мусли со јогурт или со овосни (оризни)снегулки,си дозволувате ли несто надвор од границите :P јас не само да си прасам :D ме мацат овие домасниве семки бре...во кој ден да ги ставам ;) ,знам дека никаде ги немасе како мозност во диетава ма те стрв :rofl: поздрав
     
  11. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    И јас сум овде, ве дружам еве денес ми е 10 ден(протеински). Си јадам како и во ун диетата, не ме фатило сеуште некоја криза за да правам отстапки, си се навикнав на таа исхрана па ќе терам до кај можам вака :D
    Едит; инаку со одржувањето почнав веднаш по ун диетава без пауза.
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Си ги користам можностите во скробен и протеински вечерата да ми е различна од ручекот но во согласност со денот, ако е проетеински цел ден е протеински но различни намирници, додуша тоа го правев и во диетата :$ . Па обично ако на работа јадам некоја риба конзерва не можам конзерва и дома да јадам, мислам можам ама ај. Меѓутоа можноста во протеински ден да вечерам скроб или обратно не. Досега не ми се случило е сега ако некогаш има ситуации кои неможе да се избегнат ок, нека биде. Значи се убаво досега освен тоа што стекнав некоја навика наутро да јадам лажичка мед. После тоа си го јадам овошјето. Се мислам дали да прекинам со тоа. Иде зимо убаво е за имунитет и сепак е одржување сега, но од друга страна не сакам да правам свесни грешки а изгледа правам :x Ај што мислете за оваа навика да го исфрлам медот а?
     
  13. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    девојки дали кај некоја има резултати од одрзуванјето :^) :) или сеусте е кај сите рано(нели и овде се губи само побавно) како ви оди? мене психа ке ме убие :| се дрзам страого до правилата (скоро секогас јадам пола од руцек и покрај мозностите,пак поцнав редовно да везбам и се воздрзувам од алкохол :( ама еве денес јх ден и за руцек јадев крофни (иц не лицеа на крофни :) без секер без нисто )ама сега немозам да се помирам бидејки се прзени нели де :o инаку избегнувам прзена храна ама денес... :tmi: и ете ви велам психа немозам да се помирам,си велам ако споделам мозе ке ми олесни малку :?: како е кај вас? алкохол,прзено имате на мени :D си мислам ако некој сподели пак е некаква утеха :tmi: поздрав

    п.с. ах да и сеусте ги следам диеталките на др.тема;)
     
  14. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Не да ме мава на психа :fubar: , ние значи или дебели или луди :D Сите околу мене ги гњавам, се поправив ли а како ви изгледам, сега мислам ми треба вага, за секој залак што ќе го ставам во уста чуствувам вина. За алкохол, летото издржав ептен мнооогу ретко по некоја голтка, ама сега има домашно винце ммм, црно, бело не можам да му одолеам не многу по една мала чаша скоро секоја вечер :wasntme:
    (Не знам дали прочитав на тој српскиот форум, тој Гига спомна дека е дозволено чаша вино или само си замислувам? баш ќе препрочитам )
    За пржено јадев во диетата јадам и сега. Не сум спремна да го отфрлам прженото за цел живот, бидејќи ако го тргнеш за време на диета, не знам дали е памето после диета пак да се вратиш на пржени работи. Вака понекогаш кога ми е кеф да си направам омлет си правам, кога ми се јаде кебапчиња си јадам, нормално понекогаш, и поретко но не сум се откажала од тие работи.
    Иде зимо и период на качување на килограми, најчесто се што јадеме е веќе преработено и нема толку избор на храна како во лето, плус и организмот си бара повеќе, па ако не успееме да ослабнеме успех ќе биде и да не качиме кг а нели ?
    Ќе се преиспитам јас пак, мед, алкохол .... ова она мора малку построго
     
  15. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
     
  16. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    И јас си ја имам истата мака како вас. Денес ми е 18-овошен. Вчера ЈХ за ручек јадев интегрални макарони и ги јадев со ајвар, а за вечера јадев целуфки и тоа цели 6 :tmi: и тоа не е се, јадев и неколку лажици мармалад и неколку лажици мед, срам да ми е кај ги собрав и јас незнам. Па ме мавна една психа и сабајлево кога стана се мерев на вага и за среќа немав качено кг, немам ниту минус, ама не е страшно битно е плус да нема. Пржено не јадев ниту во текот на диетава ниту сега, освен сега што почнав ајварот да го додавам на секое јадење, а тој е пржен, др ништо, а треба да почнам полека одвреме навреме да јадам по нешто пржено како јајца на пример, омлет, нешто полесно. Јас ако ги вратам кг назад ќе биде од ајварот само, неможам да се откажам од него, го додавам на секое јадење, дали со манџа, дали со варени јајца, варен ориз и компир или печени, си јадам обавезно и ајвар, ама тоа е неможам да му одолеам :D
     
  17. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Женски кај сте, само ли јас останав овде? :D Инаку денес ми е 25 ден, по правило требаше воден, ама јас си го направив овошен, ми се фати два дена по ред овошен, вчера и денес, ама не планирам да држам воден ден, до толку строго не :D Едвај чекам да дојде утре да си јадам како човек
     
  18. Sonne

    Sonne Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    21
    Kако бе сама тука сме сите,јадосани дуси хахахах бас вцера мислев и јас за тој водениот ден ама помиинал,без јас да приметам :tmi: е сега ке видиме за вториот мислам ке го дрзам...туку јас пак ке рецам овие јх деновите ме дотепуваат :o ,знаци ако не го размесам благото не ме бива :@ за последниот јх ден навистина несакате да знаете :tmi: ,се др пазам и да не рецам редуцирам...планирам да се мерам кога ке помине месец од одрзуванјето,да видиме до каде сме како сме :D има кај некој промени :^)
     
  19. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Леле и мене ова благово ме дотепува, со се друго се контролирам ама со благо никако, со душа го чекам, се мислам нели може благото да биде за ручек а соленото за вечера, некако пологично ми изгледа така, во ЈХ да го јадеме благото за ручек за да го потрошиме во текот на денот или па лупам глупости :D Јас кога ќе дојде ред ЈХ ден, односно вечерата(благото) како убаво си се најадам, па после ми е тешко на стомакот и криво што толку сум изела :D Резултати кај мене кога како вагата кога ќе се смилува ќе ми покаже минус едно кг, најчесто во овошните денови, ама варира, битно плус ми нема покажано досега (несмее оти ќе ја фрлам низ прозор :rofl: )
     
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    oo ни О од моето одржување. И сега се нервирам, арно ми вели маж ми што не се нервираше додека јадеше :lol: Утре овошен, ( го одложувам веќе 2-3 дена) после тоа еден воден, морам да се прочистам малку од гревовите што ги сторив деновиве. После тоа со памет во глава, малку по ригорозно, ова фаќа зимото и навистина тера повеќе на јадење. Дома на топличко, малку винце, убав ручек . Не не смее така :doh: