Оваа диета е доста позната и имам слушнато доста добри коментари за неа. Позната е како најдобар а воедно и здрав начин на симнување на вишокот килограми. За оваа диета се потребни многу килограми малку упорност и 90 дена на располагање. Велат дека со оваа диета освен што ќе ги изгубите килограмите, ќе го промените и метаболизмот па изгубените килограми нема да ви се вратат. Диетата трае 90 дена а се ослабнува од 18 до 25 килограми. Доколку сакате помалку да ослабнете ќе ја прекинете порано диетата. Диетата секогаш започнува со протеински ден, па следи скробен ден, јагленохидратен ден, овошен ден и повторно протеински. Редоследот не смее да се менува Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје. 1 ден – Протеински ден Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци. Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината. Вечера-истото од ручекот, но без супата. Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо. 2 ден – Скробен ден Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варена и единствено зачинета со сол, вегета, кечап или варен домат. Едно парче леб и салата. Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите. 3 ден – Јагленохидратен ден Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли. Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење. 4ден – Овошен ден Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате. После циклусот од 7x4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер. После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден. Кафе и чај може да пиете но без шеќер. Соковите сведете ги на минимум. Се што е наведено треба да се јаде бидејки има своја улога во организмот. Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ке му даде енергија на организмот. Чоколадата го штити организмот од можни алергии. Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени за нашите услови и поднебје. Мора да бидете доследни и упорни. Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите, но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми. После 90 дена диета уште толку за доручек се јаде само овошје, додека со ручекот и вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци. Сакам да прашам дали некој ја има држано оваа диета, па ако не ви е проблем споделете го искуството со нас. Поздрав
Јас ја имам држено, и поефикасна е од било која друга. До душа не сум издржала 90 дена ама сепак се слабее. И килограмите не се враќаат многу брзо, бидејќи се навикнуваш да јадеш и поздрава храна, и помалку калорично, па после тоа не ти оди пак да јадеш многу. Критично е да издржиш 3 недели, а после тоа немаш гајле. Плус јас сум многу по благото, па супер е што барем секој четврти ден можеш да јадеш благо - така се издржува, а ако е скрос забрането нема шанси да издржам. И се разбира не сум била на воден ден, тоа ептен ми е хард кор
Jas ja drzev ovaa dieta ama samo 1 mesec, t.e 30 dena zatoa sto tolku mi bese potrebno da oslabnam, i navistina oslabnav 5-7 kg sum probuvala 10000000 dieti, no niedna spored mojot metabolizam ne e taka efikasna kako ovaa .. pozdravce
Jas bev na dieta celi 8 meseci ima dieta 90dena pa nacin na odrzuvanje narednite 90dena i pak se prodolzuva so dietata.Ima efekt oslabev 10-12kg no sega pola gi vrativ a kako sum trgnala moze i site da gi vratam taka da treba samo da se vnimava da ne se mesa hranata za da se postigne nesto nemora dieta da se drzi.
Ja drzev 2 i pol meseci, oslabev 12 kg, ako ne se pridrzuvas ponatamu, se vrakjaat mn brzo. Narednite 90 dena sekoj den e ovosje za dorucek i treba da vnimavas kako gi kombiniras namirnicite, znaci meso so kompir nema, sto i ne e taka tesko, no se e do navikata. Se razmisluvam da ja pocnam pak...vreme e, ko slonce sum se naprajla.
абе сето тоа убаво,ама шо праете дома? оти на пример дома шо се прави за ручек и такви глупости...мене на пример не ми е проблем да се придржувам на диетата но од дома.. некои ми викаат дека не ми треба диета,затоа што сум 55 килограми а сум висока 167,168...ај сега решение???
јас ја држев диетава 1месеци 2 нед.и ослабев 12 кг.покрај диетава јас и вежбав по малку.тоа беше пред 10 год.некако ми беше полесно да се справам со гладот.сега после толку време повторно пробувам да ја држам но залудно е неможам да издржам не знам зашто.до22ч.ме ми е проблем но после тоа се мислам на јадење барам насекаде кај да најдамда изедам нешто многу ми е проблем ,ми се случува и да си легнам да заспијам се будам и јадам а во себе чуствувам вина, многу ми е тешко. сакам да ослабам ама како да се справам со овој проблем може ли некој да ми помогне
Почитувани форумџики, Јас два пати до сега ја имам држено оваа диета и навистина е многу ефикасна.првиот пат ја држев 4 месеци и ослабев 17 кила ама со оглед на тоа што воопшто не се придржував на принципот на варена и печена храна одностно си дозволував малку повеке задоволство а сепак ослабев доста.На пр. јадев пржен стек на маслиново масло или на скара, вториот ден јадев помфрит постојано а третиот ден јадев лиснато тесто и благо колку сто ми сака дусата а не колку што е прописано......и верувајте ми и со ваквиот нацин на исхрана ослабев дури и сите ми се чудеа.Но сепак поентата на диетата е едноличната исхрана....и килограмите на кои ке ја започнеш диетата, затоа што научно е докажано дека колку си подебел побрзо и повеке слабееш, а истото и го осетив на своја коза зосо кога по втор пат ја држев истава диета за два месеци ослабев едвај 5 ипол кила... а сето тоа како резултат на помалата килаза за разлика од онаа која ја имав првиот пат...Мислам дека вреди да се проба и немојте да се разочарувате доколку во првите две недели не ослабете ниту еден грам зосо после одеднас ке поцувтсвувате олеснување...Се надевам дека ке ви послужи како добар мотив ова што ви го написав ...Поздравче
Имав и јас вакви кризи додека ја држев но апсолутно гладот мозес да го надоместис со салата во било кој ден од диетата...така да не се разочарувај треба само малку повеке мотив и малку повеке карактер
mene ne mi e jasno vo proteinskiot den-treba da jades 3 parcinja meso po 250 grama ili trite parcinja da bida vkupno 250 grama.ve molam za pobrzo odgovor posto sakam da ja pocnam sto pobrzo.odnapred blagodaram
Јас не знам баш точно за тоа, ама прочитав некаде во весниците дека диетава беше прогласена за една од најлошите.
Месото треба вкупно да ти биде 250 грама ама не е страшно и ако биде нешто повеќе, а се однесува на 3 јајца ако јадеш секако јајца тој ден...и салата неограничено многу по можност секогаш да е свежа!
Па јас искрено не го делам истото мислење затоа што сите што ја држеле истава а воедно и јас сме постигнале задоволителни резултати.Така да ако се двоумиш дали да ја почнеш или не би те советувала да не мислиш него веднаш да започнеш.Можеби првите 10 дена ке бидат тешки но после ке се навикнеш дури и ке ти недостига таквиот начин на исхрана
И јас почнувам од денес..Па кажувај, до каде си?/ Ја држиш уште? Има уште некој кој моментално е на диетава?
Jas ja drzam momentalno dietata i denes mi e 8 den od dieta,i po red mi e ovosniot den.Zasega se osekam super i mislam deka ima efekti,pa pocnav da gubam po nekoe kilce
Супер JuLleE , баш ми е мило..еве јас го протуркав првиот ден..кај и да е ќе се привикнам, не ми е првпат..Се надевам дека ќе споделуваме заеднички искуства. Среќно во остатокот од диетата!