Диеталки јас завршив поминаа 90 дена од кога започнав. Морам најпрво да ви кажам дека сум задоволна и ви благодарам на сите оние кои ми помагавте со вашата мотивација да издржам и да продолжам да стигнам до 90тиот ден Јас сум презадоволна затоа што секогаш кога ја држев оваа диета ќе намалев 5-6 кг и после 40 дена ја прекинував ... Ова ми е прв пат да издржам до крај За овие 90 дена оваа утро вагата ми покажа дека сум точно -13 и да задоволна сум но секогаш може повеќе Си праев и грешки тоа морам да ви го кажам но не многу чести се сеќавам првата грешка ја направив после 25-26 ден Во јаглехидратниот ден секогаш заборавав да јадам ред црно чоколада,ќе си касанев друго благце и на тоа заборавав ... Морам да напоменам дека пред ПМС јадев повеќе благо од тоа што е дозволено. Во овошниот ден првите 2-3 недели гледав да издржувам да бидам повеќе на овошје па дури и да не јадам скоро ништо цела ден а потоа мојот овошен ден беше повеќе зеленчуков Си јадев салати не сум многу по овошјето т.е моите омилени овошки сеуште ги нема па затоа јаболките и портокалите малку тешки ми идат за јадење Најтежнок ми беше скробниот ден,ее во тој ден едвај чекав да вечерам затоа што ми се јадеше а за јадење си имав леќа или компир почесто на мени. Почуствував дека од гравот желудник ме боли ,можно ли е да е од тоа Затоа што мислам дека е тежок за јадење па ... што знам Протеински ден ми беше најубаво затоа што можеше да се јаде сирење. Сега ќе праам пауза неколку дена,да поминат велигденските празници па почнувам пак,планирам тоа да биде накај четврток или петок. Овие денови ќе си се контролирам и нема да јадам нешто што не одговара,нема да мешам пример јаглехидрати и скроб. Среќна сум што се откажав од газираниот сок без кој што порано неможев,од грицките кои што ми беа опсесија и ги јадев навечер обавезно.Убаво ми е што веќе знам како навистина треба да се јаде и тоа што желудникот ми е соборан па не ми прима многу храна ,имам брз метаболизам и тоа ми е предност Спојлер Диетата ја држев заедно со мамичка и сестра ми многу е полесно кога имаш друштво тоа е + мотивација. Сестра ми е ослабена 9 кг а мамичка 8. Ми беше послесно затоа што се готеше за сите и немаше други јадења кои би ме стрвеле за да се откажам.Аааа морам и тато да го пофалам покрај нас и тој ослабе едно 4-5 кг .Диетално семејство сме си. Уште еднаш ви благодарам на сите оние кои ме мотивиравте и ми помагавте ,оние кои ме советувавте и ми дававте идеи за јадења,без вас немаше да го постигнам оваа сигурна сум . Бидете силни и постигнете ја вашата замислена цел За недела време ќе се дружиме пак ви ветувам !
Абе кај сте девојки,дојдоа празниците и ве нема во темава Денеска се пости,мене ми се погоди скробен ден,таман гравче и маслинки и една кришка печен леб.За вечера истото,а можеби и само салата. Малку да ве мотивирам,ослабнав уште еден килограм,што значи сега сум -6. За 42 ден не се многу,но сум задоволна бидејќи слабеам онаму каде што сакам. Диетава комбинирана со соодветен фитнес е навистина совршенство. Оние што стагнирате,не се откажувајте,треба упорност и трпение и со тоа создавање животни навики за одржување на здраво и убаво тело.
По моја препорака моја братучедка ја држи веќе 2,5 месеци оваа диета. Резултати перфектни, со многу мали грешки. И само да напоменам, во режимов не конзумира леб и не се прејадува. Ѓабе ако и леб не јадеш, газирано благо ако се прејадуваш, сепак за едно кг. потребни се 7,500 калориски дефицит. И јас би ја држела, но одам сменска работа а од таму ни даваат храна, топол оброк и како што пишав погоре, одам на калориски дефицит без ограничување денес е протеински, утре скробен ден итд... Еден месец внимавам и резултати има, домашните не ме познаваат, но луѓето кои што не ме виделе поодамна ми даваат комплименти дека сум ослабната. А и по алиштата познавам, нпр. тренерките што ми беа залепени за мене, сега ми се виснати. Девојки, мора да се ослабне, не ради некој друг, ради самите себе, своето здравје, нашата иднина. Поубаво и ке се чуствуваме сигурно, јас со 4-5 см ослабната во обем, многу подобро се чуствувам, лебдам , горе, високо на небото. Имам многу за симнување, но за уште некои 3 месеци, колку толку можам да дојдам во подобра форма на телото. И можеби, конечно, ке си дозволам парче гардероба по мој вкус а не секогаш да купувам тоа што ми го нудат, пристоен одмор а најважно од се, јас, самата ке се чуствувам среќна и исполнета.
Денес е протеинско-јаглехидратен ден само овошје го изоставив. Толку се најадов што мислам ке пукнам, се мислам како да ја прескокнам вечерата да го залепам фрижидерот со лепак или устата со лепак? Толку салата, па мевце, торти ууу јајца. А и за утре ке има ако не јас кој ке изеде се и 20 дена диета во вода ке паднат, а баш видно подослабнав и сега назад 3кг за два дена...
Дојде и мојот ред! Ја завршив,вчера беше мојот последен 90 ден. Почетокот беше малку потежок,ама и повеќе ме држеше инаетот па првиот месец ја држев без ниту најмала грешка.Потоа знаев понекогаш да направам некоја минимална грешка понекогаш,ама ништо претерано. Бев решена да ослабнам,сепак кај мене доста поспоро се одвиваше топењето. Почнав со 70 кг на мојата висина175цм,сегашната состојба ми е 58кг.Ептен задоволна,ослабев 12 кг. Во обем во стомакот и бутовите намалено по 15 цм. Исто и целулитот видно намален. Она што е битно кај диетата е да не се претерува количински со јадење,овошјето никако да не се прескокуваи да се има ручек и вечера.Доручекот да е до 12 иако се препорачува да се јаде и порано,јас последниов месец ептен бев спанка . па некој ден знаев и да го скокнам,што е голема грешка.Деновите да се држат по ред,да не се менуваат по потребите,ама ако веќе мора,подобро да се смени отколку да се изеде се и сешто и целосно да се упропасти денот. Во врска со јадењето треба да се јаде исклучиво онака како што е напишано,посебно леќата,гравот,спанаќот во скробниот треба да се јадат без запршка,само сварени во вода и сол,или вегета.За да не грешам,а такви во никој случај неможам да ги јадам,најчесто јадев грав без запршки и варен компир.Исто така,грешка ми е што во протеинскиот не јадев супа,а во јх не јадев ред чоколада за готвење. Голема придобивка од диетава ми е тоа што метаболизмот колку толку ми се забрза и желудничето ми се смали,многу малку јадам.Она што во мојов случај би било негативно е тоа што скоро воопшто не внесував калциум,дали сум изела во текот на целава диета 100 гр сирење и една мала тегличка кисело млеко.Не јадев млечни производи со јајца или месо бидејќи се осеќав дека стагнирам тие денови. Исто така мислам дека овошниот ден треба да е само овошен и да не се јаде зеленчук тој ден,и така и се придржував скоро месец ипол од диетава,после јадев и зеленчук.Леб за 90 дена имам изедено само 2 кесички од нутри.Прејадување никако. Како што кажав диетата е ептен ефикасна и воопшто не е мачење како што многу мислат.Тешко е првата недела,после се навикнуваш и ти е многу поубаво и полесно и никогаш не си прејаден,а воопшто не си гладен.Препорачувам да се држат и водните денови кои служат за чистење на организмот,без гре шка ги издржав сите три Банани да се избегнуваат,јас за 90 дена само 2 имам изедено и тоа во овошен ден. Сите кои имаат вишок кг,а притоа имаат цврста волја и се решителни,воопшто нека не се мислат и нека ја почнат! Тоа е во глобала она што имам да го кажам за диетава,јас сум баш задоволна.Се надевам ќе ви користат моите совети и нема да ги повторувате моите грешки. Повеќе диета мене не ми е потребна,освен ако не вратам некој кг.За да не дојде до тоа доручек обавезно останува 2 овошја и ќе гледам да се придржувам вечерата да е иста и пола од ручекот,се надевам дека ќе се задржам на овие 58. . Да не заборавам,ја вметнував и турбо ун во предвидените денови,која помага при стагнирање на кг,а не служи за намалување на повеќе кг.
^ браво за упорноста, можам да замислам колку лесно и пријатно се чуствуваш сега убаво би било кога би се постирале слики before\after (мене тоа ме инспирира повеќе) но сепак ова е анонимен форум,да си останиме на тоа. Имам прашање, што јадат во протеински ден оние што постат во петок? Нели кога се паѓа протеински во петок што да се јаде?
Драги форумџики, Нова сум на форумов, профилов си го направив само за да можам да споделувам искуства на вакви некои теми...(диети, фитнес и сл.) Е баш диетава сите некако ми ја фалат, а јас не знам зошто, ама некако сум многу голем скептик. Пред некое време ја држев Жан Митрев таа со јајцата и киселото млеко ама не ми даде некои резултати Деновиве пак, посебно за празнициве се изнајадов како свиња, а богами така и се осеќам... Одлучив да отворам нешто на интернет и да трагам по инспирација и мотивацја за да се ставам на некоја диета, и така случајно ве сретнав вас!Н Ми станавте интересни ама немав живци да ги читам сите 1400+ страни, па после неколку прочитани отидов директ на последната, а таму што да видам????? Неколку одговори започнуваа: Мене денес ми е 90 ден! А јас на тоа бев: е така ти е! Кај беше пред 3 месеци да ти текне дека треба да почниш да водиш сметка за телото? Сега пред матура ти текна? И така се испокарав со самата себе, во себе и решив од утре да почнам да ја држам диетава но... малку сум слаба на карактер во смисол, некој ако ме изнервира, ако паднам во депресија, или сл. и моментално попуштам и го напаѓам фрижидерот! Многу би ми значела вашата поддршка во текот на моето "патување"! Поздрав!
1/90 Протеински ден. Појадок: два портокали; Ручек: краставица, две варени јајца и парче двопек; Вечера: краставица, едно варено јајце;
Како ја издржувате диетава..многу малку се јади ја се думам дали да ја почнам ама гледам дека многу малку дневно се внесува храна, па страв ми е дека нема да издржам ..
Како мислиш малку се јаде ? Па јади тоа што треба да го јадеш најади се за ручек и вечерата нека ти биде кај 18-19 часот . Ако не си ја држела тешко изгледа но ако ќе се навикнеш. И јас мислев дека е тешка и дека многу ќе ми се јаде ама еве поминаа 90 дена па утре или задутре стартувам пак . Мислам дека задутре ќе почнам Ако е некој за друштво нека се пријави
3 ден – Јагленохидратен ден Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли. Вечера-две парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење. е овој третиот ден за вечера нели многу две парчиња торта мислам и баш за вечера благо се јаде да прашам некој што ја држел диетава дали може наместо благо во овој ден да јадеш некоја салата односно да го замениш со салата благото ??
Па нејади толку ако ти е многу Кани нешто помалку или шо што не е многу благо комбинирај си нешто не се заменува затоа што благото си има своја улога
Драги Феминки, Диеталки. Јас Денес ја започнав диетата, цврсто решена да ослабнам, бидејќи веќе ни Огледалото не го користам, си се срамам самата од себе. Последен пат кога се мерев бев 85 кг, а висока сум 167 цм, што значи дека подебела не можам и да бидам и не сум била у животот. Ајде подршка од сите, за конечно до крај да ја истерам диетава! Денес за Доручек јадев 2 портокали, Ручек 2 парчиња стек, салата и супа, Вечера помалку стек и пак салата. Очекувам битни совети од искусните, ако имате! Поздрав и Христос Воскресна. 1/90
И мене денес ми е прв ден. Утрово ко на шала се качив на вагата да се мерам за на крај да знам колку сум ослабнала де... Си се надевам да видам 65кг, кога оно 68... Ова е најмногу што сум била во животот не можам да се помирам со тие +3 кила.... Утрово за доручек 2 лимони, ручек 2-3 варени јајца салата и супа, вечера 1-2 јајца и салата. Поздрав, се надевам дека ќе се дружиме наредните месеци! 1/90
Dietava e super i stvarno se slabeee sestrami ja drzi i skoro za 2 meseci 17 kg namali se merese red 2ipolnedeli i dopocetoko na maj i e 90tiot den i sigurno i sigurno 20i nesto kilake ima oslabeno. I jas od denes ja pocnuvam
Јас ја прекинав за празнициве ,не бев дома неколку дена и за жал немаше услови да ја држам.Вики јас сум за од утре поново да си ги пробам силите ,ако си за,заедно ќе се бодриме
^ Антониа епа ајде утре стартуваме заедно Многу ми е поубаво кога имам друштво т.е подршка од овде ,јас ти ветувам дека ќе ја издржам од крај ако сме заедно полесно е ќе видиш