1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Јаглехидратите не се виновни за твојата дебелина,целосната исхрана.
    Ако е така зашто едни од најздравите нации јадат 80% од својата храна во јаглехидрати (источната култура)?
    Тоа што доведува до дебелеење е преконзумација на храната и емоционално јадење.
    Ако идеме по ред тоа што највеќе дебелее се мастите,па јаглехидратите и протеините.
    П.С ослони се на научни студии,не од статии од луѓе што велат дека еден макронутриент е виновен за нивниот проблем а не целосната исхрана.
     
  2. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Доволно сум научно начитан и имам свои научни студии за тие работи, и кога кажав јаглехидрати мислев на шеќери(не општо на сите јаглехидрати има многу групи). Значи реков дека јаглехидратниот ден ќе го одбивам бидејќи сум слаб на благо и на тестенини и пецива, од тоа и се здебелив, а и решив тоа целосно да го нема од мојата исхрана
     
  3. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Во протеинскиот ден смее ли да јаде варени јајца и кисело млеко ? :D
     
  4. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.635
    Смееш. :)
     
  5. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Комбинирано не, оддвоено да. А и не знам зошто во диетава млекото во сите облици е ставено во протеински ден, кога во секој вид на млеко секој млечен производ и јаглехидратите и мастите(освен во некои) се во поголем коефициент пред протеините. Али добро, потребно е млекото заради цревната флора, и ова докажува дека диетата не е толку строга како што изгледа, туку ова претставува само обичен режим на исхрана. Штом можете кисело млеко во протеински, тогаш слободно комбинирајте ориз и компири и грашоци во скробен :)
    Мене денес ми е 3 ден : Витамински
    Цел ден иам да јадам лубеница, праски и банана, а веќе после 6 часот зеленчуци( се надевам знаете дека после 6 часот не се лачи ензимот кој го разложува шеќерот во овошјето, па затоа се препорачува зеленчук)
     
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Ако може некоj да jа стави страната од српскиот форум, каде што jа има диетата.
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    На страна тоа што не прифаќаш совет.
    Прашање до тебе лично.
    До кога ќе бидеш на диета?
    Зашто наместо да жртвуваш една исхрана која ја сакаш, да ја вклучиш во твојот дневен калориски и макронутритивен внес?
    Ако изедеш 1 пециво нема тие калории да станат во масти,баш напротив ако дневниот калориски внес ти е поголем,тогаш телото складира масти.
    Не можеш да обвиниш една храна за твојот проблем,а да не ја обвиниш целосната исхрана и емоционалното јадење.
    П.С не сум тука да те критикувам,сакам да те посочам дека нема лоша или добра храна има лош пристап кон исхраната.
     
  8. dimceanja

    dimceanja Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    здраво на сите ,еве јас денес почнувам..................
     
  9. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Само напрет и заедно ќе успееме мене денес ми е 9ти ден незнам како поминаа деновите :^)
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    И јас од денес почнав ама не ми требаат многу килограми да симнам па не верувам дека ке ја држам 90 дена. Стартувам со 60 кг, сакам да бидам 54.

    Супер штом ке имам друштво

    доручек- касно станав и го прескокнав :(
    ручек - туна , за жал беше во масло па пола саат со топла вода ја цедев пустата
    вечера- си оставив пак туна ама помала :D и најверојатно некоја салата

    Пола саат само ке вежбам нешто лагано дека одамна неам вежбано.
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.517
    Пол:
    Женски
    http://www.dijeta.net/un_dijeta.htm Еве,мислам дека е најточно.
     
  12. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Денес протеински јадев 2 варени јајца со салата (патлиџани,краставици и пиперки),една чаша јогурт и едно парче бел леб.Згрешив ли што изедов 1 парче бел леб до сега не сум јадела леб,ама бидјќи немаше да ми стаса ручекот и затоа а нема и да вечерам :)
     
  13. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    И јас стартував со толу сега ми е 9 ден и сум 57.500 кг задоволна сум да стигнам до 54-53 доволно ми е :D
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Stef
    Пак си грешка, постои лоша и добра исхрана, но пристапот е еднакво лош доколку се надмине конзумацијата и на двете. Ако не си прочитал, претходно напишав дека од досада јадев храна(тоа најчесто беше благо) додека лежев со гипси, шеќер во крвта имам полно, бев на разни испитувања и уште имам ефект од тоа(секако лош), одошто јадев благо, мене и видот ми се помати, па исто како и јас што мислам така и докторот мислеше дека целосното или делумно занемарување на шеќерите ќе помогне многу(после секако постепено по малку благо може, но тоа би било мед, црна чоколада итн). Не можам да го држам јаглехидратниот ден, заради тоа што нема да можам да се исконтролирам, наместо да изедам 200 грама шпагети, ќе изедам цело пакетче, наместо да изедам 2 парчиња торта, ќе ја изедам целата торта, сум ја пробал оваа диета и претходно, и исто како и сега, не можам. Или целосно занемарување на шеќерите, или цела исхрана да ми се состои во шеќери. Нутриционист не ми треба, сам себе сум си нутриционист, после магистерот ќе барам лиценца за нутриционизам и слободно ќе можам да работам. Во ред е и твоето мислење, што мислиш дека е погрешно, ама брате јас за 2 месеци се женам, морам да влезам в смокингот, при тоа ми треба нешто здраво и интензивно за слабеење, барем до тогаш, после ќе си биде нормална исхрана(без благо), а и сега воопшто немам потреба од благо бидејќи не учам не се замарам и вежбам цело време надвор. Комбинациите при исхраната се многубројни посебно тоа што е здраво а што не е, а гледам ти бааѓи сугерираш од страна и на спортската медицина читајќи го форумов наназад. Почитувај го мојот избор, и јас ќе го почитувам твојот, ете и јас можеби сум против конзумирање на многу протеини(што се гледа по тебе дека нешто има и хемија), но нема да ти преречам, иако си ги заштитил мускулите од атрофија на стари години, сепак бубрезите не знам што ќе речат. Така да, се си има негативни и позитивни страни, во своите рамки. Јас денес пробав да држам јаглехидратен и покрај тоа што реков дека ќе ми биде овошен, сепак од еден член исто така имав порака в инбокс да ја држам првин регуалрната ун диета, но што се случи ? Изедов 2 пецива мали, но тоа беше само шок бомба да посегнам по уште 3 и ми отиде диетата. Свесен сум за тоа, и тоа може да се надмине само со целосно занемарување на шеќерите. Така да, respect my choice. Утре, овошен.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ако ти е брзо слабеење прочитај ја книгата од lyle Mcdonald rapid fat loss.
    P. S
    Требало порано да си мислиш :)
     
  16. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    И зашто одма го напаѓаш?
    “Требало порано да си мислиш“, наместо да го поддржиш ти така одма напаѓај го ццц
    важно се освестил, бог да чува |(
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Прасе не се гои пред Божиќ.
    20 кг не е здраво да се губат за 2 месеци.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    А ти нешто као нутриционист си или ?
     
  19. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Втор пат ми е да држам диета(првиот пат беше за дипломската) и така што сум пробал претходно без волја да ја држам Ун. Доживеав јас, кој што работев со пациенти со загрозена телесна тежина и загрозено здравје на кои им препорачував храна, јас самиот себе да си бидам пациент. Не ми треба да читам книги за слабеење, зошто во секој семестар изучував по 2 предмети гастрономско-нутриционистички. И предлагам да запреме со ова овде, респект мај чојс и јас твојот, за да не бидам досаден на членовите, и да се препуцаваме на професионален план(зошто стекнав мислење дека си некој фитнес тренер со големо знаење за исхраната, или пак си го негуваш телото и си изучувал некоја наука која што има врска со исхраната). Грешка е признавам тоа што не сум мислел порано, и исто така не е добар избор што сакам брзо да ослабам, ама кога веќе почнав, почнувам и има да истраам до крај.
    Утре, 4 ден, овошен. Пробав денес со јаглехидратен, го утнав денот, утре ќе се исчистам онака народски кажано ;)
     
  20. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Нутриционист нема како да биде, зошто нутриционистот не гледа све од аспект на спортска медицина, и нутриционистот пред се е психолог, како што професорот пред се што е педагог ;)