1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Дали може некој да ми одговори на прашањето од претходниот одговор бидејќи навистина ми треба ваша помош. Инаку денес трети ден - јаглехидратен. За појадок имав 2 праски за ручек плетенка (ролетна) со малку кечап а за вечера еден ред црно чоколадо и сладолед.
     
  2. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Денеска протеински 17-ти ден направив неколку прекршоци и ногу се каам :sweat: од утре нема веќе.Утре ми е сктобен 18 ти ден и еве го менито:
    Д:Лубеница
    Р:Грав :D и салата и едно парче црн леб
    В:Грав но во помала количина или пак само салата.Овие денови не пијам ногу вода.Вчера држев воден рано е ама јас пак го држев и поминав супер ама испив само пола литро вода,неможев повеќе.Денеска само 1 литро до вечер уште пола ќе испијам ама од утре повеќе ќе пијам бар по 2 литри :D
     
  3. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Денес четврти ден овошен.
    За појадок две праски, а потоа за ручек четвртина од диња, едно јаболко и една праска. Сега како за вечера изедов едно јаболко и 30гр. суво грозје.
     
  4. LuxyFeminist

    LuxyFeminist Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    15
    Еве ме :)
    На крајот од првиот циклус да кажам како поминав овие четири дена.Но прво да ве прашам нешто. :D
    На сите им се случува кога е протеински односно скробен ден да имааат голема желба за благо а се до следниот ден вечерта јадете со сила или ова само мене? Чудно,чудно. :D

    Инаку,не мислам дека нешто сум згрешила туку работата е во тоа што минатиот пат кога ја држев бев толку ригорозна со храната што сега ако апнам количински повеќе се чувствувам некако како многу да грешам.Не знам.

    Понеделникот,освен едно парче лубеница за појадок за ручек порачавме скара па јадев еден доста голем стек со салата и за вечера имав стек само не можев да го дојадам ама во ред ми беше.Испив и нес и до 19.00 часот бев готова со јадење.

    Вторникот појадив повторно лубеница а за ручек и вечера имав печени компири без зејтин со салата во двата оброка.

    Макарони со кечап една порција за ЈХ ден и за вечера се чувствував гладна изедов Borseto со шумско овошје и парче чоколадо за готвење.

    Еве скоро е 8 а јас како и минатите денови не јадам после 7 навечер па денеска поминав со неколку парчиња лубеница , 7-8 сливи ,50 грама бадеми и тоа отприлика.Не ми е сеедно за бадемите,не би ги јадела да не сум во ПМС. :D

    Може да се каже дека сум задоволна.Како поминавте вие денес?
     
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Зашто си правите ваши верзии на УН Диета ? Кога јасно си е прецизирано што и колку количински треба да се јаде ?!
    Си држите воден ден кога ќе ви текне, деновите си ги мешате (во зависност од тоа како ви одговара и што ви се јаде дента).
    Подобро не ја ни држете, зашто вака само полошо за вас си правите, зашто не е само ај ќе земам и диета ќе држам, НЕ !
    Секоја диета си има свои правила кои мора да се почитуваат ! Ако сакате резултати нормално ! |(
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    И мене некогаш на протеински и на скробен ми се јаде благо :lol: денеска не сум направила никаков прекрашок.Утре ЈХ па ќе можам да најдам торта :$
     
  7. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Заврши мојот прв циклус и чудо - без грешки! :D
    Денес петти ден, протеински.
    Појадок две праски
    Ручек три варени јајца, салата од домати краставица и кромид со малку сол и без масло, бистра супа и парче интегрален леб.
    Вечера сега уште малку за половина час, две варени јајца и салата од домати, краставица и кромид.
     
  8. WildNightGirl

    WildNightGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    15 ден од диета
    Овошен ден
    Јухуууу, сита секој ден а овошниот ми е омилен пошто ОБОЖАВАМ овошје!
    -7 и 200 грама.
    Некој друг блиску до овој резултат? Упорност и тренинг женски!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Чекај чекај, сакаш да кажеш дека за 15 дена ослабе 7 кг и 200 г?
     
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Јас истиот резултат само за 12 дена,и потоа прекинав бидејќи притисокот постојано ми беше низок и железото ми е мноогу ниско. :)
    На инекции и апчиња завршив.
     
  11. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Утре ми е 13 ден, и ме измамивте да се качам на вага. Сум симнал 9 килограми и 100 грама, ама како и девојчето погоре така и сите вие треба да сте свесни дека тие што ќе изгубиме толку килограми одеднаш, не се тоа всушност килограми туку вода, можеби кај мене од тие 9 килограми само 3 се сало :)
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Нормално има лимит колку може дневно да се оксидира масти во телото.
    Водата под ткивото е првата што си иде, и кога е празен гликогенот се празни и водата од мускулите.
    Подобро стабилност отколку цело време различни резултати.
     
  13. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    so koja kilaza pocna ako ne e tajna zosto ova e mnogu
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ако за вас успех е да го пореметите здравјето и хомеостазата,не знам што ќе биде следно...
    Не треба да сте горди на тоа колку кг сте ослабнале,туку на тоа како се чувстувате во себе и огледалото што покажува.
    Мотивацијата на долг рок со мали резултати е подобра од губење килограми брзо и надокнадување на истите,ако не и повеќе.
     
  15. Yohanaaat

    Yohanaaat Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    2 den - Skroben
    Mnogu li imam napraveno greska sto za rucek mi bese lekja, a za vecera bev na gosti i staviv dve lazici ajvar so salata?

    I da prasam mora li od sabajle i dvete ovoski edna po druga ili moze da gi rasporedam do rucek ? Fala
     
  16. Yohanaaat

    Yohanaaat Нов член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    I limonada samo za ovosniot ili i drugite moze ?
     
  17. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Денес шести ден скробен
    за појадок две праски
    ручек три средно големи варени компири со вегета, салата од домати, кромид и пиперки
    вечера два помали варени компири со салата од домати и пиперки
     
  18. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Ај ај совети од самопрогласени нутриционисти не ми треба Стеф, можам да напишам и за гликоген и хомеостаза но ова не е час по нутриционизам и не се сите стручни за да сфатат што би сакал да кажам доколку се изразува стручно. И ова што ми се случува си е нормално за некој со 136 килограми ! Ја почнав драга со 136 килограми , машко сум :)
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Деветнаести ден супер е сега за сега.Да достигнам -8 и би била пресреќна :D
     
  20. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Веќе деветти ден ја држам турбо ун . Сакам да прашам тие што стигнале до тука дали почнале побрзо да ги губат килограмите или побавно . ( Јас сум 9 дена турбо ун ,а само 500грама минус) . Би сакала некој да каже искуство.

    ден 01/12 - Протеински ден
    ден 02/12 - Скробен ден
    ден 03/12 - Витамински ден

    ден 04/12 - Протеински ден
    ден 05/12 - Јагленохидратен ден
    ден 06/12 - Витамински ден

    ден 07/12 - Протеински ден
    ден 08/12 - Скробен ден
    ден 09/12 - Витамински ден

    ден 10/12 - Протеински ден
    ден 11/12 - Јагленохидратен ден
    ден 12/12 - Витамински ден


    Благодарам на сите што ќе се потрудите да ми одговорите.