Девојки имам едно прашање...После колку време треба да се почуствуваат ефекти? еве јас сум веке 14 ден на дијетава ама не гледам некои очигледни резултати...не се измерив на почеток си викам ке си почуствувам сама по изгледот и по алишта ..ама сеа за сеа како што ми се чини ништо..А е придржувам строго...не ескивирам , дека овде по форумов читам за 14 дена некои девојки симнале и по 7 кг , а јас како што гледам слабо скоро па ништо...дај ве молам дајте мотив некој некоја консултација...ви благодарам
Имам прочитано дека секојј различно слабее.Зависи колку си висока,колку килограми имаш,колку имаш за симнување.Ако имаш повеќе од 10 килограми препорачана е ун,а ако имаш 2-3 кг за симнување не се препорачува.Инаше ефекти треба да има во 1 или втората недела(јас за 5 дена ослабев 2 кг) и негрижисе сега нагло ќе изгубиш 2-3 кг.Не се мери секој ден на вага.Мери се на 10 или 15 дена
Не ви пишав за 5/90 протеински Доручек-2јаболки Ручек-3стека,леб,салата,супа Вечера-исто но без супата 6/90 Доручек-2крушки Ручек-гравче тавче,лев,салата Вечера-исто Пијам вода но бидејки сум од 12 до 10 зафатена само литро пијам во тој период Осекам дека пополека ке има ефекти
Здраво девојки !!!! Јас повторно ќе ве дружам Периодов навистина немав воопшто време за ништо , ама сакам сега повторно да си ја почнам диетава. Минатиот пат издржав цели 90 дена и потоа повторно ја почнав и држев до пола. Резултати имаше и тоа премногу, ама повеќе бев задоволна од промената во организмот. Имав премногу енергија, посреќна бев и ми треба сега тоа. Така да, се надевам ќе се дружиме заедно се до 90тиот ден. 1 ден - протеински Доручек - праски Ручек - пилешко со зелена салата Вечера - салата
Нема никој да ме дружи? Ајде терам соло овојпат.. 2 ден - Скробен Доручек - Кафе и две јаболка Ручек - Ориз со пиперка и кромид Вечера - зелена салата
Зошто си мешала протеини? убаво си пишува дека не треба да се мешаат протеини(само месо или само јајца или само млечни производи) и зошто јагленохидрати во протеински ден(мислам на зелник со урда)? Нормално е да не изгубис килограми
3 ден - Јагленохидратен Доручек - Кафе + Две јаболка Ручек и вечера - макарони со доматен сос 4 ден - Прво Овошен !!! На менито јаболка и по некоја банана
ве молам побрзо кажете ми дали во протеински ден ајвар се јаде во замена за салатата со месо или па да не јадеме месо само ајвар ,леб и салата ??? и друго прашање,денес ми е овошен ден.дали можам да јадам пример за ручек банани ,грозје и круши или мора едно овошје ??? фала ви и да ослабете сите
Ајварот е правен од зеленчук,можеш да го јадеш како салата ама не многу 2-3 лажици(има многу зејтин) Во овошниот мислам дека за ручек можеш да јадеш повеќе овошја(да си направеш овошна салата) само за доручекот 2 исти,после тоа во денот како сакаш комбинирај го овошјето Денес ЈХ Доручек:Неколку парчиња лубеница Ручек:Јувки со кечап Вечера:2 парчиња со крем,пола чаша пудинг,6наполитанки (претерав малце ама од школо дојдов и ми се јадеше,сепак немам прекршок,политанките беа мали ) Утре овошен и ќе јадам лубеница,јаболка цел ден,можеби ќе си купам сончоглед на школо,ќе видам на прва смена доручекот ми е во 6и 30 (пред школо),ручекот во 13 и 30,14,13 и 30(зависи кога ќе дојдам од школо ако во скробен печам компири ме фане 14ипол) вечера:во 19и 30 или 20h на втора смена:доручек сабајле во 8 кога станувам,ручек во 11,11и 30 вечерата ми е во 18,19 Вака ми е ептен убаво на школо не јадам ништо најадена сум ако ми се јаде си џвакам орбит Позз до сите
11ти ден доручек:две праски ручек:проја со мааааалце сирење вечера:2торти и чоколадо за готвење една лента иначе 3 кила сум ослабена
Го направив профилов за да можам да се приклучам овде. Ја почнувам диетава денес и добро би ми било да си имам некој да разговарам за тоа. Сега имам 70кг (мислам ) и сакам да стигнам до 55. Појадок зелен чај и 1 банана ручек и вечера не сум стигнала. најверојатно ќе биде варени јајца
Денеска сеуште ме држи мотивацијата која ја добив вчера навечер.Еве некако почнав со диетава,да издржам денеска и утре и после не е страшно.Ако издржам ќе почнам да пишувам тука.Потребно ми е да симнам 5-6 кг,ама и додатно ќе ми треба вежбање за обликување на телово. Ја држев веќе еднаш,намалив 12 ,од кои за жал за период од 6-7 месеци вратив 2. Не е страшно,ама мора да се внимава.
hello-kitty.90 Јас вежбам дома Т25 и календарот трае 3 месеци, исто колку и диетата па се надевам ќе видам резлутати. Ако сакаш нешто полесно ти ги препорачувам 30 day shred, ги има на youtobe 1,2 и 3 ниво. За обликување се супер. Кога си ја издржала еднаш ќе ја издржиш уште еднаш. Ќе си правиме друштво. Ручек беше салата со сирење, домат, мм и босилек; 1 лебче (не црно), малце малиџано за лутина и малце печурки запржени со лимон. Заборавив супа blackred Гледав на други места каде што ја имаше диеатава луѓе губат многу на килажа. Тоа ќе ми биде мотивација.
Повторно ја почнувам ун од утре понеделник 29, ајде кој е за, или барем утре е на протеински ден. Диетава е супер минатиот пат бев презадоволна, ајде сега уште последните неколку кг кој се бројат на една рака
Прво,извинете што ве давам пошо буквално секој втор одговор од мене е ама од понеделник сум втора смена и немам како да се синхронизирам со ручекот и вечерата.Ај барем да беше различно на пауза ќе си купев нешто па дома друго...ама се враќам во 7 и не можам ебате грав да си носам во пластично и да си постелам крпа па плус салата па леб .ужас.Како се снаоѓате вие ако сте биле во ваква ситуација и дали можам наместо ручек и вечера кога ке дојдам дома да јадам порција ипол од јадењето ?? Фала ви однапред хехе.
Дечки на втора смена доручкувајте во 8,ручајте во 12 и кога ќе се вратите одморете малце и вечерајте во 7 така е најјубаво.На школо џвакајте мастики орбит,мене многу ми помагаат и воопшто не чувствувам глад.
Најдобро е да јадеш во 12 пред да одиш на училиште. Ќе си ручаш и потоа кога ќе се вратиш ќе си вечераш. А наутро до 12 ќе пиеш вода и овошје. Овошните најлесно се држат кога си на училиште. Ќе си земеш бананче, портокалче и готово Иначе мене Ден 10/90 - Овошен Малку ми се измешаа деновите ама нема врска. Денес на мените јаболка, манго и кафе!