МК девојче, идејата е добра, ама јас морам да почнам од денес, зошто сега сум цврсто одлучена, а ако почекам една или две недели може да ми помине ентузијазмот

Во принцип знам дека ни кафе со млеко ни алкохол не би требало, ама не е страшно ако во кафето се става малку млеко, или пак ако се напие човек една - две чашки алкохол еднаш месечно. Има и така ефекти.
Алкохол не е убаво многу да се пие, прво бидејќи со диетава доста се изгладнува особено на почеток, па одма те фаќа алкохолот

, а и многу е калоричен. Ама сепак, ако е ретко - не е страшно.
Бидејќи ја имам диетава држено повеќе пати, се чувствувам компетентна да давам совети

. Сакав да кажам, ако има нешто што мнооогу ви прави мерак (кафе со млеко, алкохол, пица, што и да е), не се откажувајте од него, туку вметнете го негде, ама само повремено. На пример алкохол може наместо торта во деновите кога има тестенини, или сендвич од седмица (не цел

) исто во тие денови. Затоа што, барем јас, ако се откажам од нешто што многу го сакам, после полесно се откажувам од диетата. Мене оваа диета ептен ми одговара бидејќи сум зависна од тесто и благо, па и да ми се јаде некој ден, се тешам дека на пример за 2 или 3 дена ќе јадам благо, и така се издржува. Ако знаеш дека нема да јадеш нешто што многу го сакаш 3 месеци, има големи шанси да се откажеш. Само пак ќе кажам, повремено, и во помали количини.
На овој начин можеби не се слабее 18-25 килограми за 3 месеци, ама пак се слабее многу.
Јас уште од сега знам дека за Велигден ќе ја прекршам бидејќи нема да имам услови да ја држам, ама ќе се трудам да внимавам колку можам и да не претерувам со јадење, и веднаш после тоа ќе продолжам.