Книгата за УН диета ако некој ја сака, директен линк за симнување https://rapidshare.com/#!download|642p1 ... |19527|0|0 Сега ќе ја проучам јас убаво. Се изначитав се и сешто, ама ќе го проучам јас ова детално. И многу интересен факт - сите мислат дека ова УН е диета на Уједињених Нација (ОН би дошло на нашки ) а уствари е од англискиот збор undiet, (не знам ни дали постои зборов), демек диета НЕДИЕТА, е така нешто би му дошло. Хепи дајетинг! Утре пак сум на фамилијарна збиранка, во недела пак. Значи џабе е луѓе, колку и да не сакам, сигурно ќе прекршам со некое кифличе и парче кашкавал! Мене и тие ми се прекршоци, а не само ако утнам оброк или слично. Чувај ме Боже, ама ќе си трчкарам деновиве на стадион да потрошам вишок.
12 ден-Овошен . Досега имам јадено само 2 банани и непечени бадеми. Во план ми е и диња да каснам. Многу малку јадев денес и не почуствував никакви кризи. Бадемите ме спасуваат.
Од Понеделник се одлучив да ја почнам диетата , па ке видиме колку цврсто ке стојам на мојата одлука деновиве е тиквешкиот гроздобер кај нас па мирисот на скара не би можела да го одолеам Вие како ,задоволни сте? Wish me luckkkk !
овосниот ден денес јаболки и праски на мени така ги делев по 2 на доруцек и руцек и планирам усте мозе 2 праски за вецера сакав да ве прасам дали некој до сега го менесе редоследот на деновите? викендов имам некоја слава па си мислам да не правам греска само да сменам денот или?? мозе и нема да менам ама усте сега ми е заказан коктелот само да знаете од кога го цекам мило ке ми биде ако добијам одговор...убав викенд ви посакувам
денес ми е ЈХ ден...за доручек јадев 2 праски...ручек варен геврек...и вечера сега изедов 1 парче торта бидејки сестра ми тргна во школо и ке одам на роденден па и таму ке каснам уште 1 парче...знам дека е многу но варениот геврек има малку калории...ама и во диетата пишува 2 парчиња хехехе
Протеински Доручек: две јаболка Ручек: шопска салата со 300г баланс плус и 200г супа без резанци Вечера: само шопска салата
Овошен ден 74-ти Појадок: 2 парчиња диња Ручек: 1 банана, 1 праска, суво грозје (20 грама) Вечера: 4 парчиња диња
Да прашам нешто Денес ми е скробен ден и за ручек јадев ориз,дали сега за вечера може да јадам друго нешто пр.варен компир или мора истото од ручек?
Може нешто друго, грав, леќа, златна мешавина, се' додека е скроб си ОК. Вечерав иста порција колку и ручекот.
скробен ден,доручек 6 модри сливи,ручек-грав со патлиџан салата,а вечера 5-6 лажици грав и патлиџан.За подобри резултати се јаде што за ручек исто и за вечера.За сите оние што ја читаат темава и се двоумат дали да ја почнат диетава или не, ке ви кажам едно мое мислење.Пред 4 години ја добив ун диет на парче лист напишана исто како на првиот пост,но кога видов дека има слатки и торти за јадење,си реков каква е таа диета и ја занемарив.Кога пред една година сретнав една личност и кога ја видов дека е видно ослабена т.е преполовена,си реков дека можеби има проблем со тироидна жлезда или дијабет и дека не е можно со диета така да ослаби.Е кога јас имав проблем со килажата ја најдов темава и ги прочитав сите искуства негде околу 100и повеќе страни и мислења од повеќе форуми,ја почнав диетава.Е сега можеби и за мене ќе го мислат истото .Сега сум сигурна дека сите коишто ги знам, а ги има повеке кои се видно ослабени ја држеле диетава
Епа феминки, вчера Доручек: неколку зрнца грозје.. Ручек: 3 супени лажици пире(да напоменам нема никакви зачини и триста чуда, нема кило масло, само малце кромидче и сол,така мама ми го прави пирето..) Вечера: помалце пире од ручекот... Денес: Доручек: 1 јаболко Ручек: 1 кифла Вечера: 4 колачиња и 1 ред чоколада за готвење... (се надевам не претерав со благово а? јас мислам дека не ) Утре овошен ден, за мене најлесен, ќе каснам вероватно 1 банана и грозје малце,можда и 1 јаболко А сега одам да се вагам,да видам дали има промена Едит: После 3 ден, од 85 вагата покажува 83 -2кг, јеее! Ајде напреддд!!!
ден 2 скробен појадок 4 сини сливи па нескафе (нормално без шеќер и млеко) ручек леќа и ориз со 1 домат (пак без масло ама со зачини) пак кафе ееее сега за вечера шопска (и неколку работи кои не треба да се јадат на овој ден и за кои се срамам да признаам) вагата ми покажа 500 гр помалку за еден ден утре 3 ЈХ ќе го издржам без грешка па да пукнам за јадење ако треба вежби денеска само мизерни 20 мин
Протеински ден 75-ти Појадок: 2 парчиња диња Ручек: половина парче пилешки стек, 1 ќебап, 1 уштипец, 1 парче леб, таратур Вечера: таратур Денес за вечера нема да бидам дома ќе бидам скопје, па за да не пректшувам од дома ќе си направам таратур во мало паковање од јогурт од 450 милилитри и ќе му исецкам краставица и така ќе го пијам
Ке може некој да ми е пише како одеше бразата постапка за слабеење на диетава да не вртам по страниве Сакам од понеделник сериозно да си ја сватам работата и на диета да симнам уште едно 10 кг сега имам 62
Турбо Ун 01/12 - Протеински ден 02/12 - Скробен ден 03/12 - Овошен ден 04/12 - Протеински ден 05/12 - Јагленохидратен ден 06/12 - Овошен ден 07/12 - Протеински ден 08/12 - Скробен ден 09/12 - Овошен ден 10/12 - Протеински ден 11/12 - Јагленохидратен ден 12/12 - Овошен ден
Денес гозба за мојот стомак. На менито ќебапи . Појадокот, како и секогаш банана. За ручек, 7 ќебачиња, сирење и салата ја заменив со 2-3 лажици летна манџа (френки манџа), знаете на што мислам. Каснав само 2-3 лажици оти не бива да се јаде без леб. Сркај ја со лажица де . Е сега каснав и половина корка леб, колку да ми се услади. За вечера, ќе излегуваме, ќе одиме на вечера и среќа што денот е протеински па имам доста избор. Се мислам за шопска и парче похован кашкавал. Мислење?
Мое мислење за ручек повише си изела али нема врска јас кога и не држам дите неможам да изедам 7 кебапчиња али не е битно подобро би било само шопска да јадеш само мислење ти давам
Многу ? Па седум мали ќебапчиња, не знам дали воопшто фаќаат 250 грама месо и едно парче сирење. Од манџата која беше варен зеленчук каснав 2-3 лажици, на место на салата, а зејтин во нејзе имаше исто како што би ставила и во салатата. Јас не знам што би било малку, и колку отприлика би требало да јадам за ручек. Според ова не е многу, дури и помалку од пропишаното.
Кое многу 7 ќебапчиња луѓе, вие знаете колкав внес на калории е потребно за нормално функционирање, колку за лагано слабеење, а колку за екстремно слабеење? Некоја девојка погоре, ме мрзи да вртам сега имаше пишано дека ручала 3 лажици пире. 3 лажици супени, на такви се мисли? Јас мислам дека маче повеќе јаде од тоа. Не си играјте играчки, и за слабеење е потребно храна, на што ќе работи тој метаболизам? Ќе ги направите цревата мрзливи со толку мал внес на јадење, не ќе отидете во вц нормално едно 5-6 дена, па после чукајте си ја главата. За арно зборувам, не трескам напразно. Не се воопшто многу 7 ќебапчиња, јас тогаш кога ги јадев изедов толку, 6 или 7. Мој совет е пак да си земеш некое месо и шопска Јуле. И кашкавалот нема да е лошо, ама дека похован... мада се е дозволено денес од намирниците кои ги вклучува - брашно, јајце, презла... се има вклучено денес, самошто демек пржено па калорично повеќе. Денес 6ти ден, скробен. 2 праски за појадок, компири печени и многу малку салата за ручек (ми ја испојадоа моите) За вечера супа прецедена, не останаа ниту компири. Немаше апсолутен избор. Излегувам и одам директно во грешка - ќе се напијам едно лашко. На здравје.