1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Денеска заборавив да јадам :( :D.
    Од сабајле бев излезена од дома, цел ден бев на нозе, плус и од 6 саатот директно на зумба заминав и дури кога си одев сега накај дома ми текна дека требаше да каснам нешто :D. Како и да е, кога дојдов сега дома испив пола чашка јогурт, некако не ми се ни пиеше повеќе.

    Утре скробен, компири варени со зелка салата ќе јадам.
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    12/90
    Јагленохидратен
    Појадок:1банана
    Ручек: макарони
    Вечера:чоколадо

    13/90
    Овошен ден
    Денес јадев зеленчук цвекло и пиперки кисели тоа ми е цел ден
     
  3. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    13ден-протеински
    доручек:2 мандаринки
    ручек : си направив сендвич со плескавица
    вечера: таратур
     
  4. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    и мене ми се случи истото како на Рамате, дури плус едно кило ми се покажа, па се депримирав и почнав баш да се придржувам како пред празнициве. Може таков е ефектот, тие денови така делуваат - знам заедно почнавме ние две...
    пошто јас утнав 2-3 дена околу нова година сега сум
    34 ти ден - скробен;
    за појадок киви и портокали
    ручек леќа со зелка салата
    вечера исто како ручекот
     
    На Ramante му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nagjavolotbeljata

    nagjavolotbeljata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Ја држев диетава и симнав 18 килограми. Ја држев повеќе од 3 месеци, исхраната сведена на минимум, без чититнг и грешки. Кога престанав да ја држам бев истоштена, изгладнета и почна да се појавува познатиот јојо ефект |( Но! :!: Го регулирав тоа со теретана, дефинитивно најдобар начин за да се постигне посакувана форма. :)
     
  6. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Како што ветив, ви се придружувам и јас :) .

    1/90 Протеински (еве што е планот за денеска)

    Појадок: 2 јаболка
    Ручек: Туна и зелка салата
    Вечера: Исто како ручекот

    Паралелно ќе вежбам по 40-50 минути на Орбитрек.
     
  7. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    еме ме и мене вчера ми се погоди денот за зелник е сега маж ми го лапна паричето ама битно се најадов зелник ама ова зимава досадна боже да се нема што да се прае и главата се во фрижидер ми е си реков нема да вечерам благце и си кснав пак зелниче ама помалце, и кога видов крем банани ај едно уште едно уште едно се напраеа многу :( после цацко ми е крив за килото плус денес овошен едвај го чекав барем него не го грешавам
     
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас вчера не дадов рапорт,имав овошен ден и искрено едвај го додржав :worried:

    Bчера на мени имав една кива,сушени кајсии,банана,јагоди и бадеми ова се до кај 4 саат.
    Bечера-мала шопска салата(без сирење) и малку обарени брокули.

    Денес 5\90
    Протeински ден
    Cабајле јадев една банана и 4-5 јагоди,плус турско
    Pучек-пилешко печено в рерна со малку сол и црн бибер,плус 1 домат и 20грама сирење.
    Cега за вечера истото,може само поинаква салата.

    Jас инаку од вчера немам енергија,едвај и сега пишам,ми се врти нон стоп.
    Bака е првите неколку дена? :?:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    ТурбоУн се држи 12 дена пред 2иот и 3тиот Воден ден, доколку се држи самостојно може само да дојде до кратковремено припремање на оргаизмот, но тоа не е диетата, нема некој значителен ефект. Е сеа, Анабелка и останатите кои веќе ја прошле Ун се друга приказна, они го имаат Ун поминато стандард 91 ден.
    И дојде за мене 58иот ден, втор Воден, добро ми се поклопи со труењево па да го исчистам желудникот малку со сок од портокал и кафиња турски, вчера не се напив ниедно едвај се разбудив сабајлево. Вчерашниот Овошен пројде многу добро со оглед на тоа што седев дома цел ден, изедов една банана, две мандарини и еден цитрон, изедов како за ручек салата од брокула и морков, каснав и малку мешана салата од зелка, морков, марула ама ја џитнав дека ми беше сомнителна, а од онаа торта па навака се што ми е сомнително не го јадам :x
     
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.963
    Допаѓања:
    13.984
    1/90
    Појадок: два портокали
    Ручек: две јајца варени, зелка салата
    Вечера: исто како ручекот.
     
  11. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    14ден-скробен
    доручек: 2 банани
    ручек: компир манџа и кришка диетален леб
    вечера: на пола

    уште едно килце и готово си ги вратив мојте качени 4 кила,а потоа идам со ун одрзување.. :)
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Иви, тебе не ли ти е ова втор пат УН, зошто ја прекунуваш откако ќе достигнеш посакуваните резултати? Обиди се да ја продолжиш до крај диетата, или барем цел еден циклус до Воден ден, па после иди на одржување. Кило-две малте не се губат и качуваат од сабајле до вечер, не бап буквално ама јас варирам од сабајле до вечер по кило и повеќе. Мислам дека за диетава да се осетат вистинските резултати потребни се барем еден циклус со се еден воден ден, освен ако не си завршила досега една цела УН, па ова да ти биде брзо враќање на килограмите.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    да втор пат ми е,затоа што првиот пат го постигнав она што го сакав,но околу нова година вратив 4 килограми и затоа и втор пат почнав и да подобро ќе е да идам до водениот,така и ќе направам,па и да ослабам уште некое килце повеќе секако тоа нема да ми пречи :)
     
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Зошто бе мене многу лошо ми влиае диетава??? Не вртоглавици, не коленици да ми се тресат, се по ред! Многу лошо се чувствувам. А ја прекинам, се си е супер. Чудо! А не сум гладна, неможам да дојадам се од што е богата! :(
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Мислам и Волфче имаше прашано па да и одговорам и неа, на почеток и мене ен ми делуваше убаво, имав некои вртоглавици, изразена дијареа која и денес после овошен ја имам повремено, гадење и чувство на омалаксаност, ама после недела дена се навикнав. Мислам дека првично ја сфатив како начин на живот а не како на диета и си велев нема друго, ова е нормално а се друго ќе биде кикснување од што нема каде ајде да се испочитува денот и приликата и така си се навикнав. Мислев крвта ми е катастрофа, ама правев детална анализа пред 3 недели и се покажа дека супер ми е крвта, се е до навикнувањето на организмот и начинот на кој гледаме на диетата. Искрено се чудев кога еднаш го прочитав Нутриционист дека не знае што по Ун, ама и јас сега не знам што би правела после Ун и Одржување, веројатно ќе биде некоја поблага формана Ун, односно држење до тоа да не се мешаат намирници.
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Да се надоврзам и јас на муабетот за вртењето, тресењето колена и слично :D.
    Врска немам зошто така ви реагира организмот, најверојатно е порано намалената количина на калории и материи кои ги внесувате дневно - за разлика од порано, па сега му имате направено еден вид на благ ,,шок'', ама ич да не му ја мислите, мене крвта ми беше најдобра за време на диетава. Инаку, мене воопшто не ми беше така кога ја почнував диетава порано, се чувствував полна со енергија доволно да искачам една планина :D, а така е и сега. Некои овошен едвај го издржуваат, денот им е пропратен со несвестици, вртења и што ти знам јас друго, а јас баш на спротивен начин го доживувам. Најлесен од сите денови ми е и најлесно го издржувам, и баш тогаш имам повторно две физички активности во денот, а сум како нова.

    Редaкатирам, да си кажам денеска денов како ми поминува : :angel:.
    За доручек портокали, за ручече варени компири и зелка салата со мнооогу бибер :lol: и за вечера еден компир варен со салатка повторно. Досега имам симнато 2 кила, и планирам откако ќе ги завршам овие 12 дена, да продолжам со уште една 12-ка. Од 72 кг дојдов на чиста 70-ка :tmi:, не ме тепајте празници беа, имам оправдување :D. Барем до кај 65 да дојдам, натака ќе видам што ќе правам.. Дали ќе останам на таа бројка или ќе намалувам уште некое кило..
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    За чудо Анабелке и овој воден е таков, значи испив од сабајле колку литро сок од портокал, литро вода, едно кафе и се осеќам ко да сум јадела најнормално. Дома ќе си направам едно Смуди сега, ќе се симнам за промена кај Жито и ќе си купам вочки за Смуди, додуша ми фалат само банани а Смуди без банани не ми е Смуди
    леле колку пати употребив Смудиииии :lol: :tmi:
    Да се разбереме нема да биде тоа со житарки внатре и со мед, исклучиво овошје, нешто како погуст сок, цеден. Инаку на српскиот форум пиеа растворена коцка за супа во пола литар вода во Водениот ден, според мене тоа не е во ред, тоа се масти и протеини сепак, поготово ако се земе пилешка или телешка коцка. Затоа денес ќе пројде денот со троа повеќе овошни течности, кои реално не би ги ни вклучила и би седела само на вода и чаеви, но вчера имав проблем со желудникот, труење од храна па морам да припазам дека пијам и лекови сега и така.
    Ах ќе заборавев да кажам, го послушав на Нутриционист советот, се наоружав со мастики, ама лош потег ми беше, ми го раскопа желудникот и иди да те видам, ми се јаде ми се плаче, но се залажа со две чаши вода ;)
     
  18. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Здраво.Ветив дека почнувам од 15 ти пак.
    1/90
    3 киви,риба Адрианна во вода(26 г протеини,0 ЈГ и 1 г Масти) + 2 тенки парчиња нутри леб и за вечера само цвекло :D
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Ангелче, мастиките мене дополнително ми го надразнуваат желудникот, мислам нормално е се лачи повеќе плунка и се тоа, ама јас со нив не можам. Си отворам дополнителна работа - уште повеќе ми се јаде, а непотребен глад е. Така да, јас си имам една алтернатива за храната - чајот. Си правам чајче во големо тенџере насабајле и имам за цел ден :lol:. Или домашен планински или од ќесичка, како ќе ми текне.
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Мене ми слабее крвта! Калориите немаат никаква врска, се работи за комбинациите, односно еднилочната исхрана во теков на денот. Прееска баш докторката ми беше на работа, и разговаравме на темава, ми дојде ко нарачана. Јас имам 3 чира на желудник кои ги регулирам исклучиво со исхрана и народски лекови. Правило број еден што ми го забрани докторката беше само овошје од сабајле, - го прекршив, ручек без какви и да се маааалку протеини - го прекршив, цел ден само на јаглехидрати - го прекршив. Епа, што повеќе барам одговор?! Инаку, јас многу внимавам на исхраната, ама си ја имам и тироидната жлезна ( аман, за ремонт сум....), која дополнително ги усложнува работите.

    Да не бидам оф топик ептен, очигледно не е за мене, и тоа е тоа. И да, пробував да ја држам цел месец, па почнав да лазам по земја, не се откажав после 3 дена! ;)