Успешни стории

Дискусија во 'Диети' започната од Aquarius.o, 6 јануари 2011.

  1. Aquarius.o

    Aquarius.o Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Искуство со слабеење

    Епа вака..нова сум на форумов али некако диетиве ми го задржаа вниманието како и секогаш.Цел живот ми се врти околу килажата и секогаш сум на некакви диети и слично.Пред околу две години, во осмо одделение имав прекумерна тежина (82кг) и бев многу затворена и срамежлива и нигде не искачав, што е некако жално за тие години.
    Се се вртеше околу мојата килажа,бев разочарана многу али еден ден незнам, како од ведро небо се случи решив да превземам нешто во врска со тоа.Прво се откажав од благото, а после некое време и од вечерата...скоро не доручкував,јадев само накај 12 или 13 часот.Како времето поминуваше,јас слабеев и се повеке и повеке ја намалував количината на храната.Почнав да јадам по едно тањирче супа на ден, без леб без ништо.После една година имав 53 кг.Толку бев среќна,за прв пат во животот имав самодоверба и почна да ми се менува животот,и конечно бев среќна.Денес сум втора година средно и имам 60 кг и повторно не сум задоволна со мојот изглед...секако неможе да се спореди со тоа што бев меѓутоа дали дека сега сум послаба некако многу потешко слабеам,сега неможам да ослабам ни 6кг за што се стремам со месеци.И така сега сум во потрага по некоја диета на форумов што ке ми помогне,ако имате некои идеи кои ке ми помогнат би ви била благодарна :)
     
    На Perfect7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Искуство со слабеење

    Немам којзнае какво искуство со слабеење во смисол дека не сум била можеби никогаш на некоја посебна диета, но знам кога сум ослабнала на што се должело тоа.

    Фала богу имам многу брз метаболизам и некоја проклета среќа за брзо слабеење. Не знам од тие кои сакаат да симнат некое килце какви ви се организмите, но ете кај мене е ефективно само вежбањето, движењето и тоа што не јадам после 18.00.
    Еднаш ослабев навистина многу (во мојот случај и 3 кила се многу) и тогаш во период од месец дена не јадев во вечерните часови, правилно одев на џогинг и на тенис, а дома правев и стомачни вежби, и доста ослабнав а и го затегнав телото.

    Затоа моја препорака е - што и да правите, не заборавајте да се движите. Ќе изгледате поубаво, ќе се чуствувате поубаво - и секако и ќе испотите по некое колце ;)
     
    На betidule и sweet.time им се допаѓа ова.
  3. alexsweetyc

    alexsweetyc Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Искуство со слабеење

    Здраво девојки. Многу ми се допаѓа темава и искрени честитки до оној кој ја отворил. На сите нас понекогаш ни треба некое позитивно искуство за да си ја одржиме волјата и упорноста за ослабнување. Инаку и јас се трудам да ги ослабнам тие 2-3 килограми што ги имам вишок па затоа сум заинтересирана за темава. Никогаш не сум ги сакала тие брзи диети затоа што знам дека килата кои се губат нагло, нагло и се појавуваат повторно. Пред 3 години благодарение токму на овој начин на исхрана кој е опишан ваму успеав да ослабнам 6-7 кила кои не ги вратив. Во зимо поради намалената активност качувам 1-2кила ама со почетокот на пролетта повторно ги симнувам.Но јас дефинитивно не сум толку јак карактер да се ослободам од благото тоа ми е единствена мана па затоа сега имам вишок од 3-4 кила.Но се надевам дека ке успеам да ги ослабнам. Поздрав и се најубаво. Срекни празници.
     
  4. Mila92

    Mila92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Искуство со слабеење

    devojki jas pred da pocnam so dieta imav 78 kila,znaci bev premnogu debela za mojata visina(1.70).Se zatvoriv vo sebe nejkev da iskacam izbegnuvav odenje kaj rodnini prijateli..itn...
    Momentalno se opredeliv na zdraviot nacin na ishrana ,bidejki i samata poveke pati uvidov deka jo-jo efektot e neizbezen kaj kratkotrajnite dieti.
    Vo momentov imam 75 kila,ne e nekoja izgubena kilaza,no sepak se raduvam bidejki konecno sfativ deka samo zdraviot nacin na ishrana e pravilen za slabeenje i pritoa odrzuvanje na sakanata tezina...
    veruvam deka ima mnogu devojki kako mene,no sakam da vi kazam da gi dignete gordo glavite i da im recete ne na lebot,na blagoto i na grickite!! bidete zdravi sportuvajte i hranete se zdravo samo toa e spasot :)
    btw.idealnata tezina za mene e 60 kilogrami,pa so vreme ke ve izvestuvam kako odi moeto slabeenje :)
    [mod-kirilica:Dcz1ahwz][/mod-kirilica:Dcz1ahwz]
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Искуство со слабеење

    Дечки, јавете се за 5 години :D

    Лесно е да се ослабне. Тешко е да се одржи изгубената килажа. Јас имав 4 години од животот кај што живеев без ни грам благо, ни грам пржено, ништо леб итн... Екстремно строго. На почеток ослабнав, али со тек на време ја враќав килажата.

    Знаете колку е дебилно чуството да бидеш буцкаст а да не си ДОПРЕЛ сок, благо, пржено, леб со ГОДИНИ? :D Зборам екстремно строго. Не ретко, туку не допирав ниту еден единствен ГРАМ нешто со шеќер/тестенини бели/било што со било каков допир до зејтин... И пак џабе... долгорочно килажата се враќаше макар колку бил строг...

    Најглупо ми беше кога идев на доктор за нешто неповрзано, пример... главоболка, и докторкава ми вика... Знаеш што, намали пржено/шеќер/сокови, и во тој момент мене ми доаѓа да скокнам и да ја задавам АБЕ МОРИ НЕ СУМ ДОПРЕЛ ПРЖЕНО или благо ниту грам 4 години!!!!!!!!!!!!!! ААААААААААААААААААА

    Студии покажуваат дека 95% луѓе ја враќаат килажата во рок од 5 години, макар каква диета примениле..... И да... т.н. здрава исхрана е диета... Дефиницијата на диета е кога менуваш ШТО јадеш. Секоја диета функционира привремено, првите 1-3-6 месеци, па можда и година дена... Али евентуелно само јадеш повеќе од здравата храна. Све е до количината и зашто ја користиш храната. Ако имаш психолошки длабоки причини за вишок килажа, ќе најдеш начин да се прејадеш со било која храна.

    Јас пред некоја година открив т.н. природно јадење... Тоа е кога јадеш како природно слаба личност. Сте приметиле како некои луѓе јадат што ќе посакаат, а никад не се дебелеаат?

    Сега јадам све, а имам помала килажа него оние години кога бев опседнат со здраво јадење... Уште не сум слаб (нормална килажа сум сеа), али нема никад у живот да имам вишок килажа со овој метод, бидејќи супер работи... сеа јадам како природно слаба личност, и секоја година сум за некој килограм помалце од претходната. Малце е бавен овој пристап, и бавно се губи килажата, али е затоа перманентна промената и можеш да јадеш што ќе посакаш.

    Еве видео што го објаснува природното слабеење, т.е. јадење како природно слаби луѓе
    http://www.megavideo.com/?v=42DKPVTL
     
    На Ariel, Lux, bubemconia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    26.145
    Искуство со слабеење

    А и јас да си кажам. Си имав супер тежина, си јадев се и бев задоволна од изгледот, ама после помината 1 година во Америка и јадење на Америчка храна (напоменувам дека не јадев џанк фуд, туку најнормално се хранев како дома, супи, лепче намачкано со мармалад, салати (добро додавав сосови тука) јадев малце повеке сладолед од дозволеното) и се здебелив за цели 13 кила :o :tmi:
    Додека бев таму, не беше страшно, бидејки пак бев меѓу послабите, знаев дека сум побуцка од порано, ама не се секирав. Е кога дојдов дома во Мај, и кога сите почнаа да ми зборуваат како сум се поправила толку, почнав да внимавам на исхраната, почнав и некои диети, ама безуспешно. Еден период кога повеке се движев, ослабев 4 килца, ама ги вратив. Сега во Ноември почнав повеке да одам пешки, престанав да јадам чипсови, чоколадца, леб, навечер кога ми се јадеше пиев сокови или јогурт и за дорчек јадев житарици (уште јадам ама не секој ден како порано), и ослабена сум некои 7 кила. Ке продолжам со исто темпо, бидејки не ми е мачно, не ни осекам дека губам кила, а пак си ги облеков старите фармерки и сум многу срекна. И не сакам да се вратам на старата килажа. Уште 3 кила минус и ке престанам. 3 кила нека ми останат фазла, спомен од Америка :D :D

    Затоа мој совет, отфрлете се што е вештачко и сигурно ке ослабете
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Искуство со слабеење

    Дечки,еве ви е едно тазе искуство.
    Мајка ми од претходната недела,од 7ми,до точно денес ослабе 5 килограми...на многу едноставен начин.Секое утро јаде по едно чинивче овесна каша со ленено семе или просо со ленено семе и една лажичка мед,исто така место вечера половина од количината,ама не покасно од 7 часот навечер,за ручек јаде само туна во вода со црвен кромид или салата било каква,свежа со маслиново масло или интегрални макарони со урда и по една дланка бадеми обавезно и пие какао по една до две шољи и две шољи зелен чај.Ептен навечер,дека легнува покасно,накај 11-12 часот,ако и се пријаде каснува морков,јаболко или портокал,ама гледа да е поситна овошка по раст.
    Ми вика супер си се осеќам,не чувствувам глад,ама воопшто,плус имаше притисок висок и и се нема покачено веќе цела недела да чукнам во дрво,инаку многу голем гурман е.Плус не јаде од што и се јаде,туку си ужива,сака да си мцне во секое време,до пред некој месец не беше проблем,ама почна да се збуцкува и одма рестрикција.Не знам дали некој и кажа или сама си го смисли ова,ама функционира.
    Плус е многу добро за оние со опстипација и нарушено варење воопшто.
    Пробајте,може ќе има успех и кај вас,ама сепак...таа кашичката да ве предупредам и не е баш највкусна,ама медот го подобрува вкусот значително,но не ставајте повеќе од една лажичка.
     
    На lunchy, mamma-mia, dusicka.musicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Искуство со слабеење

    Можеби за некого броењето калории изгледа глупост но мене токму тоа ми помогна да намалам 5 килограми за месец дена. Единствено што внимавав е да не внесам повеке од 1200 калории на ден и да пешачам намалку половина саат дневно. Мислам дека тоа е и најздрав начин на слабеење бидејки внесуваш секаква храна во организмот. По некое време самиот организам ти се навикнува на помало количество храна па помали се шансите да се здебелиш повторно. ПОЗДРАВ
     
    На CarrieBradshow, butterfly.mk и poison.ivy им се допаѓа ова.
  9. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Искуство со слабеење

    Еве го моето искуство.
    Кога решив да почнам да слабеам отворив на femina ги видов сите диети и ниедна не ми се допаѓаше :P
    Па затоа решив сама да си направам диета.
    Бидеќи сум голема спанка спијам до кај 12-1 часот и кога ќе станам неможам ништо да јадам само пијам вода.Додека да се расонам се ке дојде некаде 3 часот и тогаш земам да јадам пример супа,белка од јајце со баланс јогурт,житарици најповеќе 2 бидеќи мене ме најадуваат,исто така варен ориз,бадеми ке земам 1 рака.Потоа за да ми спадни и нели без вежбање неможе доволно да се ослабне или излегувам со некоја другарка да пешачам најмалце 1 час или ако не сум расположена правам домашни вечби што ги видов тука и скокам на јаже 1час и пијам мнгоу вода и кога не дрчев диета пиев премногу вода.Потоа убавезно одам да се туширам бидечи испотена и сето тоа и додека ми е водена косата седнувам на ком да видам што има ново на femina.Потоа навечер кога че ми се пријаде јадфам портокал или јаболко.
    За благото воопшто не бев љубител на благо па затоа не ми беше тешко да се откачам од него и имам едно прашање дали може бидеќи секогаш пред да ми дојде ми се даји благо па дали моче барем едно лижалче или 1 бонбонче да јадам бидеќи морам??
    И од сево ова има многу видливи резултати и кога че ме видат луѓето што ме познаваат просто се чудат.Мајками ми видаше дека ен јадам доволно и дека ке ја ослабам крвта но јас се чувствувам сосема здраво,но мајками како и секоја мајка беше загричена па ме однесе да ми ја проверат крвта и крвта ми беше преодлична така да многу сум задоволна од себе и се гордеам вака ќе продолчам уште еден месец за да ја постигнам килачата што ја сакам и понатаму ке внимавам што храна конзумирам но ке си дозволам и некои други работи.
    Ухууу се изнапишав :$ :$
    ИИ сакам да прашам за спанаќ како го приготвувате дали исто како што се приготвува или нешто друго??
     
    На Just.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    Искуство со слабеење

    Морам да се пофалам дека за на 3от ден се чувстувам супер и приметив разлика сум ослабнала 1,5-2 кг
    не ми е точна вагата ми бега за 1 кг и не можам баш многу да се осигурам ми покажува некаде околу 55,5-56 кг :) тоа ми е мене нормалната тежина за сега и ако сум висока сам 159-160,ке ослабнам уште малкѕ барем 51-52
    п.с не забележив и јас како сум се здебелила за 2 кг.. ама.. еве си ја вратив тежината сеа сум супеер (A)
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Искуство со слабеење

    Штета што се поставија стандарди ала Твиги |( ....Исклучиво анорексични девојки се ТОП :^)

    Здравјето останува некако во заден план,за пуста витка линија се гладува до граница на полудување.А зошто? Вистина е дека дебелината е болест,ама дебелината а не две,три,пет килограми плус на кои им се придава значење како да се крај на светот.

    Да не забегувам многу од темава,јас ќе кажам едно,здрава храна,повеќе вода и физичка активност ќе ги донесат посакуваните резултати,полека но сигурно.Не сме на маратон,бидете среќни и радувајте им се на луѓето што ве сакаат поради она што сте,а не поради вашиот манекенски лук....тоа е сепак минливо ;)

    Постепеното слабеење е здраво слабеење,другото е само стрес и на физичка и на психичка база,затоа девојки полека но сигурно.Светот не бега,пак ќе биде тука и по две недели и по 6 месеци.

    На времето се занесував до бескрај и назад,додека не почнав да си се онесвстувам по дома,на школо...и додека не завршив со крвна слика ала гладните од Етиопија.Сама си кажав стоп веќе,доста е глумење лудило и полека,полека си го постигнав тоа што го сакам.

    Знам и сега да си варирам,да си накачам некое килце,ама гурман сум,сакам да си ропам и точка.Ама затоа и си ја знам границата.Муабетот ми е дека со баланс се се постигнува,ама најважно е да сакаш и да бидеш упорен.
     
    На CarrieBradshow, betidule, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.083
    Искуство со слабеење

    Јас само ќе си кажам дека не сум човек за диети...проверено
    Не можам да издржам ни еден ден, а не пак со месеци. Не можам да одолеам на храна која ми е забранета. На пример ако во диетата не смеам млечни производи, ќе умрам за нив :D
    Баш пред недела сакав да ја пробам диетата на Хајди Клум и почнав..2 дена само! За мене тоа е рекорд
    Немам ни нешто за слабеење ептен, ама пусти инат. Проблеми си имам само со стомакот и половината ама како поминува време се прифаќам каква сум, со поголемо меше и тоа е. Не можам да го смалам, никако
    А за слабеење само да ви кажам дека не се сите исти, не се водете од тоа дека некој ослабел со тоа што пиел вода со лимон насабајле, секој човек си е посебна индивидуа со свои посебни потреби.
    Јас за мене лично си знам. Мене водата ми штети,овошјето исто, ми го дуе стомакот и не поминува.
    А јас проклета да сум што обожавам овошје и вода :) Благо нема шанси да намалам или пак да го откажам, зависник од благо и ми помага за расположение.
    Сега баш пробувам да јадам помалку и полесна храна, што е можно помалку леб и маснотии, насабајле сум на чај и колачиња, или путер со мармалад, а навечер ако ептен морам да грицнам нешто тоа е јаболко.
    За резултати е многу рано, ќе кажам за едно 2-3 недели
    :*
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Искуство со слабеење

    пред три години ослабев многу со здрав начин на исхрана.
    Без леб,пржена храна,благо,грицки..немав некоја поголема тешкоти бидејќи обожавам зеленчук и овошје.
    Но бидејќи воопшто не јадев леб почна да ми опаѓа косата..сега јадам леб,интегрален еднаш во месецот.
    До ден денес не ми се вратија килограмите,сега за празнициве бидејќи се опуштив качив некој килограм но ништо страшно..се вратив на варената храна,корнфлекс,многу овошје и вода и ќе биде океј :)
     
  14. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Искуство со слабеење

    Значи вака, со овој мој начин на исхрана ослабнав што ослабнав, ама сега имам проблем. Додуша треба да симнам уште 2 килца за да стигнам до првичната зацртана тежина али нема врска, си се допаѓам и вака :) Проблемот е во тоа како да ја оддржам сегашната тежина, многу ми е страв пак да не се здебелам :(
    Леле девојки, како што немам јадено благо, сега почнав секој ден да јадам. Додуша не се прејадувам, ама знаете ли како мава на психа тоа? Првиот пат кога каснав 3 коцки чоколадо што ми ги понуди колешка, добив таков напад на грижа на совест, да си помислиш којзнае колку тони чоколада сум изела. Сега каснувам по некој кроасан или едно чоколадно бананче дневно и многу ми е страв да не се здебелам :( Сега баш не можам да се движам многу и да трошам оти е ладноооо бррр.... Уффффф се надевам нема да си ги вратам килограмите
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.732
    Допаѓања:
    23.216
    Пол:
    Женски
    Искуство со слабеење

    Најважно од се е да не чувствуваме Криви за тоа што сне го изедиле. Јас порано држев диети (и до 3-4 ден се откажував) :lol: и сите тие диети за да намалам 3 до 5 кила а и вака како што сум таман сум :lol: е сега веќе подолг период воопшто не се замарам до диети и слични ствари, конечно сум задоволна од тоа како изгледам и обично не сум многу по благото (повеќе солено сакам) ама каснувам ете бананче да речеме и не сум здебелена ич си ја одржувам клажата иста повеќе години 57-60 кила, и никогаж од ништо не се одрекувам, оти организмот си ги памти килата и кога тогаш ке се вратат....
     
  16. blah-blah

    blah-blah Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Чепкав али не најдов ваква тема, ако е непотребна кантата е спасение.
    Овде пишувајте кои диети највеќе ви помогнале или сепак ви помогнале, колку ослабнавте, што и како вежбавте за да стигнете до посакуваниот резултат и како сте се „тешиле“ да не јадете од „забранетата“ храна.
    По можност давајте линк до диетата ако ја има на овој форум, а ако не овде ја пишувајте.
    РЅ: НЕ мора да биде диета, може и режим кој вие сте го смислиле а сепак помага.
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас веќе неколку години(2-3) правам ослаби здебели се. Само овој пат ептен границата сум ја поминала.

    Најмногу ослабев од тоа што одев во вита диет. Ама се држев дос екој збор што ми го кажуваше. И стварно се направив сукало. Што дека кога одма откако престанав да одам ги вратив дупло. Тоа не е живот според мене. Цел живот да не можеш ни сок, ни благо ни ништо да каснеш. Беа пеколни три месеци од мојава животна кариера.

    Исто така имам ослабено и од ун диетата ама и од неа си ги вратив поштено.

    На сите им е полесно да слабеат во лето. На мене ми е полесно да слабеам во зима. Не знам зошто. Ама во лето секогаш имам плус килограми иако јадам малку и претежно лубеници и сладолед. Ама пијам многу сок.

    Затоа најпаметно е да се има некој режим, од сабајле овошје, житарици и чаша кафе или млеко, за ручек што зготвила мама без леб ако се може, а навечер нешто полесно, салата, пуканки било што. Знам дека звучи како солење памет, ама што немам пробано и мислам дека вака е најубаво. Ама кој да се навикне. И вода е убаво да се пие, а јас вода не можам пола литро да внесам во мене.

    Секој организам си е различен, различно слабее, различно се дебелее, различно се складираат мастите и различно се топат истите.

    Сепак 3-4 килограми плус, па и 5 според мене ништо не е и радо би си ги носела. Ни кога бев слаба не паѓав во несвест зашто сум качила две кила плус, или три.

    Ама, како што кажав секој човек е различен.
     
    На SanjaKirchner, zhap4e и love23 им се допаѓа ова.
  18. blah-blah

    blah-blah Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Верувале или не, ослабнав со јадење на 120 гр. МАКС флипс /поточно 2 пакувања на ден од 10 ден./ во 12 ч. и 20 ч. Малце ослабнав мислам ама сепак ослабнав. После тоа почнав да јадам 1 дневно и тоа во 20 ч. 1 туна Бадуко со една кришка црн леб. Потоа исто слабеев ама бавно и доадов овошје по 3-4 плодови на сабајле и резлутатите беа веќе видливи али го забавив метаболизмот. Почнав да јадам и некои салати и некое мевце и метаболизмот фучеше веќе дека јадев по повеќе - помалку. Така се доведов до 42-3 кг. на мои 13,5 години и супер ми беше. Зимата неможев а да не јадам, едноставно ми се лошеше! Не напоменав дека летото бев блееееееед значи буквално никаква боја немав. Поради зголемените количини на благо и мрсни ствари се здебелив да речам 2 кг. и во Март бев 44 кг. а воедно и сега сум си толку но пред 1 месец. престанав со стомачни бидејки ортопедот ми ѓи забрани. Сега незнам што да вежбам па си вежбам по 15 мин. рипање јаже на ден колку да имам некоја активност и гледам да јадам до 1200 калории на ден па ако е можно и помалку. Се мислам дали да почнам со диета, што мислите вие? :?:
    PS: висок 165 цм, килажа од 44 кг. годиште 14то.
     
  19. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    кратко и јасно ама и нездраво знаЧи само руЧек ни веЧера ни доруцек ниШто за 9 месеци 10 кг одвај си ги вратив
     
  20. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас како дете се поправиви многу од смоки, чипсови и кога бев прва година средно имав 103 килограми плус и висока 182цм што да ви кажам сите мои врсници изгледаа како бебиња до мене, а јас сиротото како нивна мајка. Кога дојде матурата сите купуваа фустани нешто тесно и секси мене ништо не ме збираше и не ми стоеше, од тогаш решив да слабеам. Почнав да го отфрлам лебот и благото и повеќе пешачев и веднаш имав резултати ослабев 5 или 6 килограми и тогаш почна да ми се враќа самодовербата. Морам да ви кажам дека бев многу упорна и по три години дојдов на 69 кила. Денес пазам многу да не се поправам, бидејќи само јас знам низ се што поминав за да ослабам и ако се поправам 2 или 3 килограми веднаш држам диета од 4 дена 1 литро јогурт првиот ден и сокови 1кг јаболка вториот ден 1кг компири варени третиот ден и 4 ден 400грама месо варено со салата. Напомена диетата не ја правам стално само по потреба може да се случи еднаш месечно да ја правам, но некогаш ја правам и да го исчистам организмот не за слабеење. Затоа драги мои феминки лесно е да се поправите но тешко се симнуваат, внимавајте.
     
    На danniela5, Valerin, melanie27 и 4 други им се допаѓа ова.