* 1,5-2 литри вода * 1 лажичка ѓумбир * 1 краставица (средна големина) - исечена на кругови * 1 лимон - исечен на кругови * свежо нане или 1 лажичка суво нане. Смесата се меша и се става во стаклен или пластичен сад да стои во фрижидер. Пред употреба треба да одстои 8-10 часа. Најдобро е да се прави навечер, а да се пие во текот на наредниот ден. За еден месец може да ослабнете и до 12 кг! За подобро постигнати резултати се препорачува при конзумирање на оваа диета, да се избегнува леб и да се јаде умерено. Добро е да има и мала физичка активност бидејки се слабее, па да ги зацрврстите своите мускули. (пр. трчање - три пати во неделата или секој ден) ! Не се препорачува на трудници и жени во тек на доење, ниту пак луѓе кои имаат проблеми со желудникот или пак на луѓе алергични на било која од наведените состојки.
водава всушност не е за слабеење туку е за намалување на обемот на стомакот.за 4 дена ја намалува подуеноста а за околу еден месец ве прави шланг.исто важно е состојките да бидат свежи.немам потреба од водава али би сакала да пробам само овој кореновод ѓумбир не знам кај да го најдам.
Па слично е ова ко ѓумбирот што го пиеме. Ете и у ѓумбирот станаме лимон, некои со нане го мешаат заради вкусот, плус е само краставицата. Би требало да делува водава ама не верувам за еден месец 10 кг да се губат
10 се губат ако некој има 110 . Јас само што си ја направив мојата Саси вода, не за друго, интересно и декоративно ми делуваше сликата, па сакав и јас . За вкусот ќе кажам утре, вака на непробано можам само да кажам дека убаво мириса.
Јас го правам и пијам овој пијалок откако дознав за него на интернет. Вкусно е многу, и нормално дека има ефекти затоа што сите состојки што ги содржи се за ослабнување, освен нане. Плус го забрзува метаболизмот и многу е освежителен, го обожавам!
Сигурно е вкусно за пиење, подобро од млаката вода со лимон и ѓумбир, ама дека се слабее 10кг. за еден месец - ноу веј! Набутај ти хамбургери или прженици, чипсови, па напиј се саси вода и ќе се избалансираш, а и ќе ослабнеш?! нема шанси! Може е добра за освежување летово, а и за забрзување на метаболизам, ама дека само од ова се слабее не верувам!
Затоа еве ви го и планот на исхрана за со Саси водата. План на исхрана со Саси вода: Појадок - една чаша со лесен појадок Ручек - риба и салата со зеленчук Вечера - риба на скара, варен компир и зелена марула Како ужина можете да јадете јогурт, овошје, зеленчук и да пиете овошни сокови. Таков режим на исхрана треба да држите 4 до 28 дена. За 4 дена надуеноста во стомакот треба да се намали и ќе се чувствувате подобро. На овој начин можете да намалите 5-9 cm во струкот.
Да прашам нешто: Треба корен од ѓумбир да го исечам на парчиња и да го ставам, или да ставам од ѓумбирот во прав??? Вкусот каков е? лут???
Јас ја знам со свеж ѓумбир,така и ја правам. Пријатен е вкусот, освежителен, јас не чувствувам премногу лутење.
Никогаш не сфатив која е поентата да ставаш краставица во пијалок Реално, краставицата е 80 % вода, ниту вкус менува, ни ништо.
Овој пијалок е со намена за чистење на вишокот вода од организмот. Затоа и краставицата е ставена. А тие што го пијат - кажете ми, трчкате во wc секои пет минути? Јас сум слушнала дека е така кај оние кои го пробале, мене и од зелениот чај и ѓумбирот ми е доволно трчање, уште ова да го пијам и да не излезам од wc
Па и песок од бубрези вади искрено да ви кажам. Си сака трчање до вц,ама и од тоа бенефит, некоја калорија плус да се истроши.
Не си свесна колку менува вкус- само што ја испив првата чаша од дозата и тоа одвај, целата вода ми имаше вкус на лушпа од краставица, воопшто не ми се допадна. Следен пат се мислам ако ја правам да намалам ептен со краставицата, или воопшто да не ја ставам...
^ Ама зошто не си ја излупила караставичката? Јас ја лупам и не е лошо. Шубе ми беше така, зошто краставиците ги прскаат. А лимоните шубе или не, ги ставив така и семчињата и се, етеричните масла се во нив.
Ја излупив, немаше шанси така да ја ставам, знам колку ги прскаат, ама пак имаше некој таков неубав вкус. Ми помина меракот и не верувам пак да правам, ѓумбирот барем го правиш и го пиеш нема вакви процедури, а ефектот е тој.