Во недоумица сме дали да ставиме проточен болјер, па ве молам пишете ако имате искуство... Кажете го вашето искуство со вашите болјери, која марка се, колкав им е капацитетот за вода кој е поквалитетен и поубав? Колку време им е потребно за да ја затоплат водата? Некој случајно да не се капи со уклчен болјер?
сите почнаа проточни да ставаат, но доста од нив се пожалија дека бргу се расипуваат, на некои дури експлодирал... така ние си се одлучивме на стариот, добар и обичен болјер. и тоа знам најдобри се Тики Горење, смрт нема.
Точно е тоа дека проточните се повеќе склони на расипување. Исто така и доста трошат електрична енергија. И ние кога земавме бојлер за во кујна, сега пред месец дена, се одлучивме за стандарден. Земавме Аристон нискомонтажен, стандардно 10-литарски.
Јас имав Тики Горење, го користев скоро 3 години и сега летово ми направи поплава во кујна. Нискомонтажен е и изгледа пукнал, доле цел елемент вода беше, остај тоа туку доле има штеќер за машината и бојлерот, па страв ми беше да влезам во кујна да не ме дрмне струја. Горење не се тоа што биле, обичен бојлер Хит повеќе ми трае а поевтин е.
Нормално дека Горење веќе одамна не се тоа што беа, им остана само името, останатото им е Маde in China... Јас ви ги препорачувам бојлерите на Аристон од се срце.
Ние до пред 2 години имавте проточен болјер, и пред него пак таков траеше едно 6-7 години... се додека не ми експлодираше дур се соблекував и не ме уби за малку Уплав фатив и одтогаш неможам ни да го замислам. Иначе попрактичен е проточниот, кога сакаш имаш топла вода, а вака треба да си планираш однапред..
Проточните бојлери имаат 2 маани и тоа само кај нас. Бараат стабилна струја која кај нас не е воопшто стабилна и кога снема вода треба да се исклучат. А честопати не сме по дома кога снемува вода или пак забораваме да го исклучиме. Јас дома имам обичен бојлер. Таков ми е распоредот да од големиот бојлер во купатило ми е повржана и кујната да од таму користам топла вода и мало бојлерче во кујна немам.
Многу сакам кога бојлерот е полн со топла вода и цела вода ја трошам сама и после брат ми секогаш ми вика дека не сум оставила за него.
Ние само проточни бојлери високомонтажни користиме и презадоволни сме од нив веќе 15 години. Додека се бањаме нормално дека се вклучени за да тече топла вода. Струја никогаш не нè пецнала, додуша има посебно пластично ормарче во кое е сместен. исплатливост: Приказната дека наводно трошеле многу, не е точна! Тие се по моќност појаки но трошат само додека се вклучени, а обичните речиси постојано влечат струја и иако се помалце kW бидејќи подолго влечат струјата всушност испаѓаат поскапи. Додека користевме обичен бојлер во кујната сметките беа 2500-2700, откако ставивме проточен се намалија на 1600-1700, а летотшто измина, само 900! За 6 месеци ни се поврати инвестицијата. Инаку бојлерот е со јачина 5kW(за кујна доволно ви е и ~3,5 kW) словачки HAKL - цена околу 100ЕУР во Македонија, ние го начекавме со промотивна цена околу 80ЕУР. за безбедноста: - Важно е каков квалитет ќе купите! - квалитетните како HAKL, германските SIEMENS или AEG се обезбедени да доколку се прекине дотурот на вода автоматски се исклучат. Кога тоа не би било така би прегорувале, а може и поопасно да биде. - Не смее да се вклучува на било каква инсталација! Потребно е и да имате инсталирано-провлечено од таблата со осигурачи па се до бојлерот, кабел со соодветна дебелина. Барајте кабел 3х3 во Електро-елемент, до таму оди и приватен автобус лин.бр.23(Нова Македонија - Ченто), и тоа 1 станица после големиот TINEX накај Маџари. - треба да има посебно осигурач за него и тоа од 25А (ампери) предност: - не треба да се чистат - за 1-2 секунди имате неограничено време топла вода - значително ги намалуваат сметките за струја а најнормално си го употребувате за миење садови, бањање(за бањање ќе ви треба барем 7-8kW) и сл. - некои модели предвидуваат можност за регулација на топлина недостатоци: - треба да има доволно силен воден притисок во куќата/станот за да воопшто се вклучи. - ако снема струја, снемува и топла вода. (ние готвиме на плин, па можеме и така да загрееме вода ако е за итно) - поскапи се од обичните - за безбедна и долготрајна употреба можеби ќе треба да ја надградите инсталацијата а сосе мајстор тоа може да биде околу 1000 денари плус. линкови: http://www.hakl.sk/en/index.php http://rimeko.com.mk/mk/?id=5&kat_id=8&sub_id=0&page=2 http://www.najevtino.com/products/SIEMENS Проточен бојлер DH18400
Која марка (од искуство) би ми ја препорачале за бојлер - Аристон или Горење - за мал бојлер за во кујна и за голем бојлер за во купатило?
јас ставив проточен и мислам дека не згрешив многу практично нешто,го имам на сиеменс, бара посебна инсталација односно кабел,100 евра е кабелот само,и доколку нема постојано ист притисок на вода сам се регулира ,евентуално мана би кажала дека повеќе троши
Ние си ставивме проточно бољерче сименс 18кw и еве 4 години ни е топ боље инвестиција немам ниту троши повеке ниту имаме некаков проблем ама нормално цела нова инсталација направивме само за него и он си има посебен бушон и фит склопка која е заштита во било каков спој ја гаси брзо цела струја
дали знаете за во кујна протоцен болјер како цесма или несхто слицно освен тоа делимано,некое друго??
http://www.technomarket.com.mk/browse/146#[{"name":"filter[price][min]","value":"0"},{"name":"filter[price][max]","value":"16000" http://setec.mk/White-Goods/Water-heaters/Waterheater https://www.neptun.mk/index.php?route=product/category&path=29_77&page=2
Здраво! Нема ми се чини на форумов вакво нешто а ептен ми е битно. Искуство со проточен бољер? (Нема инсталација за трофазна) Се работи за дуќан. Фризерско студио поточно. Ама исто се користи и бољер за бања. Домашна употреба. А може има и сопственик на фризерница со искуство да ми каже. Е сега дали некој од вас користи проточен бољер,или плински проточен да ми каже искуство. Ви благодарам однапред.
Земи си Тинг Кочани и немаш гајле. Од проточен бојлер Siemens доста го фалат. За проточен мислам дека треба трофазна. Бенефиции. Цел ден топла вода. Не мислиш дали ќе ти снема за 15 минути.
Точно, но има нагла промена на температурата на водата доколку се помести рачката на чешмата доколку имаш потреба за поладна/потопла вода и треба време за да се стабилизира, значи станува преладна одеднаш. Барем кај мене дома е вака и е преиритантно Може станува збор за видот на инсталација или видот на бојлерот. Само сакав да дадам мое лично искуство, ноу хард филигс. П.С. Се вика БОЈЛЕР, а не боЉер.