Незнам дали темава е за овде, ако не е слободно преместетеја. Прашањето ми е каде во Скопје може да се набават егзотични цвеќиња? Ако знае некој нека каже.... Има овде обожавателки на цвеќиња? Како вие се грижите за цвеќињата и каде ги чувате? Како ги одгледувате? Повеќе сакате саксиски или вештачки?
Има еден цвеќерник т.е. цветна градина карши Александар Палас, кога се иде према парк, кај кафаните, не знам како се вика ама нема шанси да ја утнеш. Таму има се и сешто и скоро се е егзотично. Значи алал да им е на луѓето што ја одржаваат. Посети го тоа место, рај за очи е . Таму сигурно ќе го најдеш тоа што ти треба.
Имате ли цвеќиња и колку се грижите за нив?/ Кога живеев со моите, имавме многу цвеќиња и за сите нив се грижевме јас и мајка ми. После, кога почнав да живеам одделно, бев во таков хаос, што ни на крај памет не ми паѓаше да одгледувам цевеќе. Еноставно премногу беше за мене, преку глава ми беше од се. Сега веќе си доаѓам на себе, и пак почнувам да чувам, за почеток во дворче насадив нешто, за здравје кога ќе биде погодно за садење, ќе насадам повеќе, а во пролет во двор уште повеќе!
Имаме полно цвеќиња. Најчесто мајка ми и баба ми се грижат за нив, но и јас знам да ги навадам некогаш. Оние што ни се во дворот се преубави, ама тие дома.... е тие, мајка ми само се труди, купува вакво ѓубриво такво ѓубриво, ама непара....
Имам еден бамбус, мм ми го поклониипред две години за Валентин. Да треба да го наводнувам секој ден, ќе се збогува со животот Не сакам цвеќиња, освен они што се за во вазна, а најмногу сакам црвени ружи. Затоа пак мајка ми има фијуси, кактуси, дрво на животот...
Сакам цвекиња, мразам букети. Букет за мене е голема глупост, најубавиот дел од растнието, исечен , ставен во многу тул или во хартија, па уште кога ќе видам прскани со сребрено златно...не тоа не ми се допаѓа. Сакам ЖИВО растение. Сакам саксиски цвекиња, а најмногу ги сакам оние цвекиња што растат по дворови, пред куќи. бафчи ( така се викаа ) Не сакам совршено цвеќе, сакам живо цвеќе. На балкон моментално имам босилек, некои цвекиња од мајка ми, ползавци, сабји, мали палмички и што уште не.
Секаде околку мене имам цвеќиња.Ги сакам,без разлика дали се со цвет или не,сепак ми го разубавуваат домот.Инаку и букети сакам.Се што е направено од цвеќе го сакам
Сакам цвеќиња имав една палма поклон и кога се вратив од одмор видов дека се исушила, а сто пати им реков да ја пазат. Имам и едно слатко,мало,боцкаво кактусче Во двор од оние питунии и сардели имам во саксии. И преубави рози големи,баба ги чува ги обожавам.
цвеќиња оф кој сака нека повели. ќе почнам од цвеќињата покрај ограда кој бабите ни ги поплукуваат и ни бараат мали диви ружичи во сите бои нежно се виткаат и претопуваат на просторот. на делот за паркирање на колата некој шарени пролетни цвекиња во сите бои просто виножито во двор, а од страна мини жива ограда така мала одвај веќе 5 години пркнува. пред влезна врата крук од цвеќиња а во средина 2 палми, спроти нив мала нова две недели стара банана. оф стигнав до терасите хехехе кактуси кој си ги сакам најмногу во сите форми така долги два три саксии со различни кактусчиња, дрво на животот 4 години старо хм огромно е , фикуси 5-6 кој ги број, адам, и уште 30 саксии на цвекиња на кој не им го знам името ама се премногу слатки. просто да се изгубиш
Не сум пишала на темава досега А и не ќе биде лошо да ви ја пратам мама да си напише. Цвеќе, имаме разно, секакво, во саксии, надвор, пред куќа, зад куќа, на тераса, во дневна, спална, секаде. Среќа што е лето, па речиси сите се надвор по тераси, во зима тешко, се мачиме дури ги сместиме. Најмногу ги имаме големите саксиски, фикус, филадендрон, бенџамин, јука(дрво на животот), палма, адами, два( машки и женски така требало), и едно уште не знам како се вика, најголемото од нив е 2 метра високо, со 6 гранки, дебели, а најмалото одвај пола метар висина Е сега замислете на што личи дневната кога се внатре, извиткани на шест, под таван. Сега ни се на тераса, на сенка, и плус ни држат сенка. Многу сме мераклии со мама, посебно за нив. Надвор, имам садено дрвца , елчиња што се оние, па цвеќиња вакви такви, сега најрасцветани се шумалината и едни жолти, трендафилчињата, и едно ко бршлен со големи цветови, што лази по куќа. Доволно ли е? Искрено, куќа без цвеќе не ја бидува, ептен ги сакам, мајка ми посебно им посветува внимание, на секое оделно, ги тинтра, се по ред, и сите ни завидуваат кога ќе дојдат. Убавини зелени.
Порано цел стан ни беше со цвеќиња:кактуси,љубичици,фикуси..и што уште не.Сега немаме многу.Во мојата и на брат ми собата имаме на прозорците љубичици и на тераса има околу 20.Многу сакам цвеќиња,но да живеам во куќа и би имала секакви.
Цвеќе.... И ние имаме многу цвеќиња. Најмногу за нив се грижат баба ми, мајка ми и дедо ми Опкружена сум со цвеќиња и многу ги сакам. А посебен мерак имам да ги наводнувам (тоа ретко се случува но...)
Цвеќе.... Фикус во дневна, нане, босилек и рузмарин во кујна. Во стан, па мора во саксии. Значи еднаш неделно вода и толку. Двапати месечно прашина бришење од листовите. Домаќинка-пар екселанс За повеќе-желба има, ама останува на тоа Нема време
Цвеќе.... Со оглед на тоа дека живеам во куќа па можам да си го дозволам тој луксуз додуша и рака на срце и свекрвица ми многу сака па таа е задолжена за оние по дворот а јас за тие внатре- собно цвеќе. Надвор нема што нема, од ружи, кали, камен цвет....а внатре адам, фикус, палма....
Цвеќе.... Цел стан ми е покриен со цвеќиња, ама еден ден ќе ми се смачи од секојневно негување, и ќе ги фрлам..да се надеваме
Цвеќе.... Обожавам цвеќе,по дома имаме ама не многу,повеќе од оние што се за надвор во жардињери,а моментално јас си се грижам за едно кактусче,малку боцка ама сепак ми е слатко
Саксиско цвеке Не знам колку ке ја погодам темава но мене ми е омилена,многу ги сакам цвекињата,ги имам многу и грижата околу нив многу ме исполнува и секогаш им се восхитувам кога ке расцветаат!па ајде сите љјубителки на цвеке нека казат по некоја тајна како до поубави и поздрави цветови.да почнам прва,јас редовно во водата за заливанје(секогас користам одстојана вода) турам по малку сол,еднашна месец и пол ги полевам со квасец растворен во вода со тоа повеке цветаат,водата од варените јајца секогас ја турам во саксиите бидејки е богата со калциум...па да слуснам и некој вас совет!
саксиско цвеке Охо, таман го гледам цвеќево шо и го купив на мајка ми скроз и овенало, дури и бело некое чудо му се направило горе на тоа стебленцето , а пустото е Дрво на животот. Срце ме боли оти е такво цело овенато и суво. Има уште живот де во него.. ама ако некој се разбира од дрвцево да каже спас да го вратам во живот пошто мајка ми нешто ко да му ја исцицала енергијата Предупредување.. јас и цвеќиња не се разбираме баш-баш едни со други.