Кое домашно милениче го чувате?

Дискусија во 'Дом' започната од ada45, 11 декември 2009.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Па има различни препарати за болви како што се прашаци,огрлици,ампули...
    Цените на препаратите против болви и крлежи се различни.
    На пример прашакот „Неопетроид„ е околу 80-100 денари,ама не е ефикасен.
    Огрлиците се отприлика од 200 до 500 али и тие не се којзнае колку ефикасни (барем на мојата Пудла не се покажале огрлиците ефикасни)
    А додека ампулите се екстра,одлични се и Пудлата никогаш досега ми нема фатено ниту болви ниту крлежи поради ампулата.Цената на ампулите отприлика е од 250 до 500

    Доколку твоето куче веќе има болви треба да купиш течност „НЕОСТОМОСАН„ тоа е течност 5 милилитри и се раствора во вода и се плакне целото куче со водата и за неколку минути веднаш умираат и болви и крлежи.
    Откога ќе биде исчистено од болвите после 2 дена ќе купиш ампула „Фронтлајн„ за кучиња до 10 кила,350/400 денари е ампулата и трае 3 месеци.

    А за освежувачи на здив незнам колку е цената,не сум кулила досега.
    Незнам за кој пет шоп во Бисер правиш муабет,како се вика тој пет шоп?

    Не,таман работа,не ме замараш јас имам огромно познавање за кучињата и сакам да го поделам со другите моето знаење.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Сакаш да кажеш дека на самојед и на хаска исто влакна им паѓаат?
    Хммм не би рекла :^)
     
  3. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    Домашни миленичиња

    имам дома едно куче многу ми е слатко како ова е [​IMG] :inlove:
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Домашни миленичиња

    Имам чувано папагали и кученца. Повеќе не ми дозволуваат да чувам кучиња или мачиња, па размислувам да си купам рипче :lol:

    Чудно ми е како некои чуваат желки, хрчаци, зајаци како миленици.. Мене овие животинчиња не ми се баш мили. :D

    [​IMG]
     
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Домашни миленичиња

    Барам да купам Сијамско маче,женско и да не е постаро од 2 месеци.
    Кој има мали сијамчиња нека ме контактира на ПП.
    Вакво би било како мало на 2 месеци (вакво исто барам да купам)
    [​IMG]

    А вакво ќе биде кога ќе порасне
    [​IMG]
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Домашни миленичиња

    Имам едно куче шарпланинец и ИМАВ две мачиња, мајка и ќерка... За жал малото Бандинче ми почина пред една недела ;( ;( Мајка му ми е жива!
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Домашни миленичиња

    моето беше сијамче, исто како на сликата беше кога се роди, ете имам слики поназад ќе видиш,сега ми умре. и мајка му е сијамка, кога ќе има нови мачиња ќе ти кажам, ама тоа нема да биди сега :worried: не знам кога ќе побара да се пари...
     
    На I.Love.You му/ѝ се допаѓа ова.
  8. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    Домашни миленичиња

    чувам куче веќе една недела..од расата пинч...
    мало е..нема ни 2 месеци...никако неможам да го научам да не оди по нужда насекаде низ дома...незнам како да пробам..кје ве молам за совет..
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Домашни миленичиња

    со весник по газе :D упорно ќе го носиш надвор, и ќе седиш додека не се измочка! да знаеш дека веднаш мочка (ова после спиење обавезно да го носиш надвор) а за какање ќе почекаш малце :) 5-6мин и ќе кака! инаку, моево за 3 дена го научив да моча и да кака надвор, брзо учат пинчерите! плаче и гребе по вратата кога ќе и се кака и моча, а во случај никој да не ја изнесе надвор, има само едно место каде мочка и кака по дома а тоа е пархетот :whew: ! и кога ќе го носиш надвор по нужда, облечи го со нешто, со некое старо џемперче од дома зашто малечки кутриња се, а немаат ни влакна! и немој да го бањаш, мало е! да знаеш само дека се премногу инаетливи, кинат по дома се живо и диво :lol: и многу, многу, многу внимание и љубов бараат! јас моево го имам 2 месеца, и ненормално е приврзана со нас, поготово со мене! лошата страна е што не сака луѓе, не знам зашто не се гали со никој и бега од луѓе... само со другарка ми :doh:
     
    На rossonerka и I.Love.You им се допаѓа ова.
  10. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    Домашни миленичиња



    кје пробам...ипак фала многу.. :rofl: :rofl:
    иначе само чорапи гризе моево..немам ни еден здрав пар.. :worried:
    и кога кје го изнесам надвор со каивче си седнува на улица..несака да оди..незнам зашто,но изгледа зашто сеуште е мало..иначе не се плаши од луѓе не лае и не каса..што е негова добра особина (барем на моево) :D :D
     
  11. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Planiram da si kupam hrcace :) premnogu se slatki i mn gi obozavaM.. bidejki ziveam vo stan mislam deka bi bilo dobro da iam edno takvo milenice.. majka mi mi vika deka kje me frlela sose nego nadvor hahaha lol :lol: :lol: ali zenata mora da me svati deka gi obozavam zivotnite! luda sum po niF... posebno obozavam kucinja.. i toa civava da bi ziveela vo kukja bi si go pruzila i toa zadovolstvo.. sepaK majka mi mn mrazi kucinja i bi imala problemi so nif hahaha kako i da e u plan sum hrcace da zimam :))) ne im treba mn tintrenje samo treba da se cisti redovno i da se hrani.. fala bogu :D
    [mod-kirilica:2xbayt4w][/mod-kirilica:2xbayt4w]
    [mod-tekst:2xbayt4w][/mod-tekst:2xbayt4w]
     
    На I.Love.You му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Домашни миленичиња

    Види, и моево на почеток (кога беше 2 месеца) не се плашепе од луѓе... Ама сега :worried: Не бре, нема шанса некој да ја земе во рака ПАРТАЛ со канџите ќе ја/го направи... ти викам само со другарка ми се гали... а за чорапите...... :lol: :rofl: :rofl: Позната приказна! во иднина пази си ги облеките зашто... Лом ќе ти ги направи... Оваа мојава сака да каса се тоа ШТО И Е ЗАБРАНЕТО ;) инает мал! под креветот си има направено таков бункер, просто да се чудиш.... Што најде по дома, и и се свиѓа,оооппп го краде онака подмукло, и си го складира... ХАХАХАХ кога ни фали нешто по дома знаеме каде е... И храната што нема да ја изеде, си ја носи од кујна кај мене во соба, во бункерчето си ја крие за ЦРНИТЕ ДЕНОВИ :rofl: мислиш нема да и дадеме нова! кутре бре, кутре! Само има една многу лоша навика... вади тоалетни хартии од канта(за среќа само јас ги фрлам во канта
    и тоа само тие од мала нужда
    ) и ги кине низ цел стан! Сега ставивме капак и се среди тоа.. И пази само некои мали предмети како капачиња од пенкала, нешто скршено мало пластично, такви некои работи, зашто може да голтне! ти викам се во уста ќе става... и што се јаде, и што не се јаде.... и после повраќа :x !Инаку се друго е супер... Чекај за месец дена ќе видиш колку ќе ви се радува на сите дома, колку смешно ќе скока... Смешни се зашто се многу малечки, ама разиграни се ептен.... Некад по 2 саата знам да и го фрлам топчето од дневна до кујна, и гајле да нема! Мислам дека цел ден ќе го брка :lol: :inlove:
     
  13. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    Домашни миленичиња

    Тоа е најјубаво кај пинчовите..што се секогаш весели,разиграни...дури и кога кје бидеш тажен знае да те развесели..да ја извади негативната енергија од тебе..
    премногу сакам кучиња..сакав лабрадор..но моите нејќеа бидејки е големо куче за дома..па се одлучив за пинч..ипак не се каам :rofl: :rofl: незнам зашто неможе да трпи каивичињаи такви работи..ако му ставам каивче околу врат цело време се чеша на тоа место..незнам зашто..и многу ми е страв затоа што можеби нема да сака да носи џемперчиња и такви работи.затоа што сеуште немам пробани. :D :inlove:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Домашни миленичиња

    E нема да сака и ќе го каса, ама богами во 7 сабајле како што станува да мочка и кака, уште да не и облечам нешто ќе смрзне... Tаа вака се тресе облечена по надвор, па камо ли без ништо надвор на -минус кој знае колку степени :worried: ладно е сега, плус немаат влакна овие кучиња :worried: ! можеби облеката не е наменета за нив, ама дефинитивно, мене најважно ми е нејзиното здравје! за по дома не ја малтретирам со облеки бидејќи топло е, ја облакам само 10мин додека сме во маало да се имочка кака и трчка! во џамбо има дуксерчиња 400денари се, ама малце големи се..... мајка ми и зема и го теснеше! ефтино е, ама топло држи, многу убаво материјалче е :)
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Домашни миленичиња

    Еј истото и со нас беше, не сакаа куче, пред се ради обврски. Иначе чуваме и други животинчиња, ама кучето е преголема обврска. А и ги сваќам. Еве сега е ладно, сите вечери татко ми го шета, кога нас насабајле ни се спие пак он или мајка ми го шета. Нас не мрзи, а ние збеснувавме за куче и ветувавме дека ќе го шетаме и чуваме ние, а сега испаѓа повеќе мајка ми и татко ми го чуваат :lol:
    Ние ги припремавме едно пола година за куче, а им го донесовме дома како изненадување. Не испокара татко ми зашто немало куќа, немало чинивче, кај ќе спиело ... ама сега баш он најмногу го сака. Викаме дека му е син, којшто никогаш го немал :rofl:

    Ама една колешка кажав погоре во некој коментар не и даваа куче, го донесе изненадно и сите дома не и правеа муабет, не сакаа да го погледнат и да го чуваат, баба и и дедо и лом се направија со нејзините, сите дома не правеа муабет меѓу себе, кога доаѓаше на работа го оставаше по другарки, на крај после недела дена виде дека никој не го сака, иако родителите не и правеа преголеми проблеми ама куќа со старци од село кои мразат кучиња... е тоа е проблем. На крај го подари на другарка и се убиваше од плачење. Се каеше што го зема и засака, падна во депресија. :swear: Така да не секогаш е позитивно искуството да донесеш дома куче изненадно :doh:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Домашни миленичиња

    Од моето раѓање 93 година па се до ден денес си чувам папагалче....првото ми живееше 11 години...и со мене израсна..мн плакав кога ми загина,мн слатко ме викаше ДАДО кога беше гладничко :wasntme: ...моментално оваашто го чувам го имам веќе 5 години...
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. My.self

    My.self Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    Домашни миленичиња

    Чувам прекрасноооооо кученце.....и папагал :) Прекрасни се ги обожавам!
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Домашни миленичиња

    Да Росоњерка го спомна тоа. Страшно, тие некое ептен со тврдо срце!
    Мој совет до таквите родители е дека треба да седнете и да разговарате, дека премногу сакате милениче и дека премногу би ви значело во вашето детство да имате милениче коешто ќе расте заедно со вас, верувајте ако замарате многу и ако им кажете колку позитивно би влијаело миленичето на вас би било многу подруго, сите дома би се приврзале за него, секако доколку имате финансиски можности за да го чувате тоа милениче.
     
  19. I.Love.You

    I.Love.You Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    39
    Домашни миленичиња

    да знам..ги гледав тие јакничките..убави се...али многу се големи..оваа мојава кје се удави во нив...кје барам нешто помало.. ;)
    иначе како се вика твојатаа ?? :rofl:
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Домашни миленичиња

    Лина :D Твоето??
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00782.JPG
      DSC00782.JPG
      Големина на фајлот:
      32,8 KB
      Прегледи:
      261
    • DSC00783.JPG
      DSC00783.JPG
      Големина на фајлот:
      31,2 KB
      Прегледи:
      260
    • DSC00787.JPG
      DSC00787.JPG
      Големина на фајлот:
      24,6 KB
      Прегледи:
      260
    На cherry.blossom, Theodora, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.