1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашни помошнички

Дискусија во 'Дом' започната од milenna.torres, 10 јуни 2012.

  1. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    Цурки можете ли да си дозволите дома да ви доаѓа домашна помошничка за помош околу куќата и домаќинските работи? Како се однесувате со нив, на колку време доаѓаат да ви помагаат?
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Јас не би ги нарекла слугинки, многу понижувачки ми е..
    Инаку ние имаме жена што работи за нас повеќе од 25 години и не ја третираме како слугинка, толку сме блиски, таа прожувеала се што и ние. Не израснала и мене и сестра ми. Руча, јаде со нас... меѓутоа земена е бидејки куќата е многу голема и не сме можеле да стигнеме сами да ја исчистиме...
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Татко ми порано знаеше дома да не запердаши ако не раскренеме, па инспириран од шпанските серии да рече: Зберете ова што сте растуриле, зошто ние дома немаме Чикита! :lol: :lol:
    Од помошнички во домот сме немале потреба, а и да сум многу зафатена - ќе најдам време да си средам затоа што мразам хаос! Дури и непријатно ми е кога некој ми ги чепка моите работи. Кога одиме на одмор, секој ден ни влегуваат чистачки, и ни ги диплат алиштата, ни ги ставаат во кревет па ги местат во форма на машнички и такви ми ти работи |( Јас мојата облека не сакам никој да ми ја чепка. Па дури и им кажувам само да поминат со џогер, да ја исчистат бањата, а алиштата да ги остават како што се.
    Имаме пријателка која долго време работи како помошничка, воопшто не и е понижување и семејството каде работи долги години многу ја сака. Затоа што работи како да е во своја куќа и е многу педантна.
    Но, ете јас колку и да немам време, порадо ми побарала помош од сестра ми или мајка ми.
     
    На ALISA0000 и milenna.torres им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Со оглед на тоа дека не живеам во замок во кој собите не можам да ги прошетам за еден ден, не сум ќерка на Премиерот :D па да изигравам некоја си Лејди, не терам бизниси да неможам ни куќата да си ја видам,...немам потреба а и неможам да си приуштам домашна помошничка.
    Додека правев куќа, реновирав бев сама со бебе во раце па си дозволив на крај кога се заврши целиот хаос да викнам жена која чисти за пари. До сега неколку пати сум викнала кога не сум била во можност да исчистам јас и немало кој да ми помогне.
    Сега сами со мм и малиот се грижиме за сите обврски заеднички. Тие почнат, јас по нив .... :D :D :D
     
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас имам жена што еднаш неделно ни доаѓа дома да ни чисти. Многу би сакала кога би можеле да си приуштиме секој ден да ни доаѓа дома жена што би ни готвела, пеглала, средувала...
     
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Да, имам жена што доаѓа еднаш во месецот за чистење- т.н. генералка. Ни јас не живеам во замок :lol: ама кога ќе дојде време за генералка, станот ми изгледа поголем и од замокот на Пепелашка :) Не сакам ни да помислам еден викенд, кој едвај го наоѓам за слободен да го користам на рибање прозори.
    Не сметам дека понижувам некого со мојот однос, кажувам што ми пречи и што ми е важно при одржувањето на домот. До сега сум задоволна од Атомскава мравка и не мислам да менувам ништо во начин на функционирање :)
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Па не гледам никакво омаловажување, и тоа е професија и работа која си е најнормално платена - јас таа жена не ја земам против нејзина воља, па да се води како роб...

    И мене ми доаѓа жена, не дека имам замок, напротив, ама кога ќе израчунам дека ми требаат 4-5 саати за да направам генералка - се откажувам од старт, ќе си ги поминам со мм и детето, наместо со крпата :!:
    Може некој ќе рече „Е да, ама ако имаш пари ќе викнеш жена, ако не - ќе засукаш ракави“, ама најискрено, јас пре би да скратам од нова блуза/фустан за мене, отколку да правам компромиси со времето со најмилите.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски

    целосно се согласувам и во однос на парите. Лично се водам од тоа дека парите што и ги давам се ништо споредено со времето поминато со дечко ми или пријателите...
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Под поимот 'домашна помошничка' јас повеќе подразбирам жена која е присутна речиси секој ден во нечиј дом и ги обавува сите домашни работи од типот на чистење, перење, пеглање, пазарење, готвење, можеби и чување на мали деца или постари лица и сл., а не жена која повремено доаѓа само за потемелно чистење (генералка) на домот.
    Таква куќна помошничка кај нас ретко кој има. Јас тешко би можела да поднесам некој друг да ми биде вмешан во сите обврски низ дома, освен викање на жена за повремено генерално чистење што и онака понекогаш го практикуваме.
    Сепак од секојдневно присутна помошничка имаат потреба луѓе кои стварно се презафатени за да тераат домаќинство или поради работни и други обврски немаат можност да се грижат за постари болни лица или децата дома, а секако имаат и доволно пари за да платат некој да им средува по дома постојано.
    (Евентуално и оние кои имаат вишок финансии и воедно се опасно размазени и мрзливи. Најтешко им паѓа ако треба да фатат правосмукалка, не знаат да уклучат шпорет за да сварат готова супа и под чест им е да се погрижат за перењето на сопствениот веш)
    Не гледам потреба од поинакво однесување со било која куќна помошничка, жена што чисти итн., освен нормален човечки однос, а од неа се очекува да си ја заврши работата за која е платена како што треба.
     
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ма какви куќни помошнички мајка ми работи низ дома колку за 10 такви
    и покрај тоа што е на работа по цел ден секогаш најдува време...
    Незнам некако тоа дома да имаш куќна помошничка ми звучи премногу аристократско
    ама гледам дека со тек на време станува многу актуелно
    Кога би имала голема куќа и стварно сум фул со време и јас би си дозволила зошто да не :)
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Мене ми е ликсуз за да плаќам домашни помошнички да ми го чистат домот,да ми прават за јадење кога јас сето тоа го можам и сама.Некогаш кога ептен ќе сум кнап со време и кога не можам да постигнам би викнала жена за да ми исчисти дома.Тоа го зобрувам во иднина кога ќе бидам во брак и ќе си имам свои деца.Ние до сега не сме имале жена која што ни средува по дома.Од секогаш јас и стрина ми сме ја бркале таа работа па немало потреба за да плаќаме некој.
    А за навредливо мене воопшто не ми е и кога не би имала избор дури и јас би ја работела таа работа.Секоја работа каде што се заработува чесно за мене е примерна работа и никогаш не би ги гледала тие жени со подмев.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Бидејќи мајка ми е многу зафатена од 8:30 наутро до 16:30 попладне а некогаш и покасно..имме жена која доага на преку ден аа еднаш во неделата прашина да избрише и да пресмука и да го избрише подот...
    а еднаш во месецот прави генералка
    жената зема 7000 толку си потера и толку и даваме...
    ама секоај и чест за работата...
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.230
    Куќна помошничка немаме, ама еднаш во 2-3 месец знае мајка ми да повика жена да направи генералка. Не ја гледам како слугинка, а како роб уште помалко, повеќе како птијателка на мајка ми која дошла да и помогне, бидејќи долго време ја познаваме.

    Куќна помошничка за мене е жена која 24/7 е во куќата , работи сва и свашта а ние три жени во куќата "све четири у вис". Мајка ми оди на работа, ама затоа јас и сестра ми помагаме колку можеме.
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Немаме куќна помошничка, бидејќи нема потреба од тоа. Сите обврски ги завршувам јас.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Искрено, да имам доволно средства понатаму во животот би вработила домашна помошничка за чистење, но не за готвење и чување деца, тоа е моја работа.
    Моментално и да сакаме неможеме, но јас и мајка ми сме доволни да си ја завршуваме целата работа.
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    да имам повеќе средства би ангажирала жена која би ми доаѓала барем еднаш неделно да зачисти. Порано имав жена која доаѓаше еднаш месечно, но после една недела дома...хаос....
     
  17. Marigold

    Marigold Нов член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Moze li da mi kazete ako znaete kolku naplakaat onie zeni sto doagaat za cistenje na pr generalka barem ednas nedelno
    [mod-kirilica:D4hal4ye][/mod-kirilica:D4hal4ye]
     
  18. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Како што имам слушано муабети, земале по 800 денари.
     
  19. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Од 500 до 1000. Зависи какво и колкаво место сакаш да ти средат.. :)
     
  20. Marigold

    Marigold Нов член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Дали би ми препорачале некоја жена која добро работи?