Доколку имаш транспортер, можеш и со тебе да ја носиш, немора доле во багажник мислам дека. Јас еднаш се обидов мачорот да го однесам во ранец, пошто немав транспортер, и збесна скроз. Сепак, зависи и од мачката, ако е помирна може нема да ти прави проблеми.
Со транспортер би било најокеј ама немам. Не ми се исплати да купувам само за едно пренесување. А во багажник не ни помислив на тоа, нема шанси, ќе полуди Веројатно апче ќе и дадам, па ќе биде мирна
Мој совет, никако не му давај апчиња на своја рака без да се консултираш со ветеринар. Јас така еднаш направив, му дадов на мачорот апче за луѓе зашто повредена му беше ногата, потече целото во фацата и почна да се гуши. Ветеринарот лом ме направи, мачето било алергично на тоа апче и било премногу јако за него, среќа се спаси сиротото. Не смее да се даваат лекови што се за луѓе на мачиња, кучиња. Некогаш има случаеви кога некои ветеринари препорачуваат апче на маче, куче ама обично тоа се лекови или сирупи што се за бебиња и никогаш не се дава цело туку пола или четвртина. Инаку што се однесува за патот. Единствено само во транспортер. На друг начин нема шанси да ја пренесеш. Немој ни да пробуваш. Мачките ако збеснат ништо живо не ги смирува. Исто и за ова имам зборено со ветеринарот. Он самиот ми вели дека мачките се припитомени животни, а не целосно питоми, има разлика. И ми има кажано, ако мачка збесне во случај на пат, нема смирување, не гледа никој, ни сопственик. Затоа единствени животни за кои е дозволено со закон да се убијат во авион се мачката и коњот (само тие спаѓаат во припитомени животни) во случај да збеснат, а тоа е многу веројатно. Тоа се мои искуства со покомпетентни од нас.
Елена можеш да ја однесеш на ветеринар и да и стават диазепам инјекционо, инаку диазепам може и да и дадеш преку уста, јас имам давано на мојата мачка одамна меѓутоа за друга причина и да беше релаксирана ама не до степен да не мрдне или мјаукне т.е. не беше седирана... Може и да ја седираат доколку ветеринарот смета дека нема да има контра ефект.Е сега дозата за се ќе мора ветеринарот да ја одреди тука не знам да помогнам...
Elena69221, најпрво јави се на автобуска, мора шоферот да дозволи. Јас патував лани со мачорче, два ипол саати релација. Со транспортер. Начисто збесна, и на крајот се посра во транспортерот од мака. Мјаукаше цел пат, патниците аир не видоа од нас. И на крајот ми текна шалот да го замотам околу транспортерот, па заспа. Интересно искуство ама искрено не би се нафатила пак. Освен ако морам. Мака е и за нив, за тебе.
Дали знаете што може да биде што мачето во предниот дел ползи, буквално е залепено за под заедно со главата, а задниот дел го крева нагоре и мјаука. Ова го забележав вчера на 1 мин. а еве сега 15мин. како го прави тоа. Не знам дали го боли нешто или па му доаѓа време за парење. Инаку има 5ипол,6 месеци. Ве молам ако знае некој нека ми каже
Најпрво, дали мачето е женско? Ако е женско, тоа е знак дека и е време за парење. Покрај тоа, ќе почне да се превртува на грб и ќе се трие од подот, ќе мјаука цело време и ќе бара многу галење и мазење. Ништо страшно, сосема нормално, девојчето полека станува жена Тоа може да биде многу напорно, затоа што мјаукањето нема да престане и ќе и се случува на од прилика 2-3 недели и може да трае и по неколку дена. Единствен лек е или парење или стерилизација, јас мојата ја однесов на стерилизација и сега е сосема нова мачка
Мери Џејн, мачките смеат пред една година да бидат стелиризирани? За мажјаците кастрацијата мора да биде на една година... и јас мојата ја стерилизирав, самошто беше стара 4 години, и 8 легла имаше израснато. И 8 легла по 3 мачиња во секое легло 24 мачиња родила. И по стелиризација на млада мачка, мора да се одмара и да не се движи многу. Па, ако можете да ја чувате под око, стерилизирајте ја сега.
Шокантно... Би можела да споделиш некој линк за овој закон, посебно за делот дека смеат да се убијат, не успеав да најдам ништо на интеренет. Фала однапред.
Да, женско е. Го земавме за машко, Марко се вика , ама испадна дека е женско, па некогаш Фифи си го викам . Инаку вистина денес многу сака да се гали, и ниту еднаш не ме изгреба или касна, што не се случило до сега, многу е бесно не можеш да го допреш. Е сега не знам што да правам. Јас па мислев дека е многу мало за такви работи . Инаку го чуваме дома, не од што сакаме туку мораме. Наоколу се вртат 2 огромни мачки, кои претходно ни задавија неколку мачиња. Затоа ова го чуваме внатре и го пуштаме по малку надвор на воздух, ама со страв. Не знам прво како да се ослободам од тие мачки, а друго дали да го стерилизирам мачево или да го пуштам да се пари. Жал ми е да размислувам за стерилизација, ама па и ова со парењево не ми иде некако. Не сум да ја пуштам надвор, не знам дали ќе се врати, може и нејзе да ја задават, а воедно и не знам дали ќе се снајдам со мали мачиња ако дојде до тоа. Најверојатно би ги родила внатре, и сепак ќе бидат огромен терет. Згора на се имам и куче (исто 5ипол месеци и тоа е женско (леле што ме чека )) и стварно немам време за уште неколку мачиња. Па ако може некој совет. Дали да ја чувам внатре и да ја гледам какви глупости прави, дали да ја пуштам надвор, или да ја стерилизирам (и дали воопшто може, бидејќи е мала )
E па вака, во моментов имам 5 мачки (сите посвоеници Првите две кога ги најдов беа со папочни врвци, врзани во кеса и фрлени во контејнер (само што ги омачила мачка), тие се двајца браќа и едниот го кастриравме на 10 месеци (веднаш штом почна да ни прска по ѕидови мокрача , а другиот на една година (тој тогаш достигна сексуална зрелост). И не ни беше лесна одлуката да го направиме тоа, ама после недела дена студирање по интернетов за кастрација и позитивни и негативни страни, одлуките ги донесовме. Точно е дека мажјаците не смее да се кастрираат премногу млади (затоа што после може да имаат проблеми со мочните канали) ама нашиве излегоа супер. После нив двајца си прибрав дома уште едно маче, женка, и со неа имавме многу проблеми кога ќе и дојдеше периодот за парење, па ја стерилизиравме на 2,5 години и сега си се супер. Во септември минатава година најдов уште 2 мачиња (братче и сестриче) и женката веќе покажува знаци дека сака да се пари и од се што изначитав по интернетов, женките смеат и на 5-6 месеци да се стерилизираат (колку што има во моментов мојава), а мажјаците малку подоцна постигнуваат сексуална зрелост (на 8-9 месеци) и закажавме да ја однесеме на стерилизација. Најмногу затоа што покрај овие 5 мачки навистина не можеме да се грижиме и за уште мали мачиња кои ќе биде прашање дали некој ќе ги посвои (братчево и сестричево ги огласив секаде па никој не сакаше да ги земе, си останаа кај нас).
Женките достигнуваат сексусална зрелост и можат да забременат веќе на 5-6 месечна возраст и ако ја пуштиш надвор големите мачки најверојатно нема да ја повредат туку ќе ја забременат бидејќи и таа тоа ќе го бара од нив Знам дека одлуката за стерилизација не е лесна и јас многу се мислам за мојава малецка (и таа има околу 6 месеци и сака да се пари, а брат и кога ќе достигне сексуална зрелост сигурно ќе се спарат) ама зборував и со ветеринарот и ми рече дека со женките нема никаков проблем на таа возраст да се стерилизираат, така да наскоро ќе ја однесеме. Инаку, насекаде низ светов апелираат милениците да се стерилизираат (и мачки и кучиња) за да се стави некаква контрола над огромниот број кучиња и мачки скитници. Сепак од тебе зависи, ама знам дека воопшто нема да ви биде лесно да ја трпите во моментите кога ќе бара партнер.
јас имам 5 годишен мачор абе партал ги напраи ова женкиве по маало, само ми се окотува некоја и му ги праќа децава на адреса spidi delivery се мислам да го кастрирам више ама па жал ми ее, душичка е
Има едно маче се врти надвор. Преубавко е, бело и има зелени очи. Ама малечко е 5-6 месеци, и затоа не дава да го допрам, се плаши. Имав прочитано дека за да се спријателиш со мачка треба да ја погледнеш во очи, да ја трепнеш и да го тргнеш погледот. Цело време го правам ова, ама не знам колку функционира. Сепак, кога ќе ја пуштам раката кон него, се приблужува и ми ја душнува и пак се трга. Му заврзав и парче од пукнат балон на врца се утепа играјќи си. И постојано спие во кукучката што му ја направив. И играчки му ставив, топчиња ова она, ама сеуште не дава да го галам. Некој друг совет да го припотомам побрзо?
Има едно маче се врти надвор. Преубавко е, бело и има зелени очи. Ама малечко е 5-6 месеци, и затоа не дава да го допрам, се плаши. Имав прочитано дека за да се спријателиш со мачка треба да ја погледнеш во очи, да ја трепнеш и да го тргнеш погледот. Цело време го правам ова, ама не знам колку функционира. Сепак, кога ќе ја пуштам раката кон него, се приблужува и ми ја душнува и пак се трга. Му заврзав и парче од пукнат балон на врца се утепа играјќи си. И постојано спие во кукучката што му ја направив. И играчки му ставив, топчиња ова она, ама сеуште не дава да го галам. Некој друг совет да го припотомам побрзо?
Најтешко е да се припитоми мачка... Убаво правиш со очен контакт, т.е тоа со спорото трепкање. Јас не сум припитомила мачка, но сум ја научила да си игра со мене. А за галење, не. Тоа ако е уште и 5 месеци, одвикнато од мајка му, а таа изгледа дива била па и тоа исто како неа... доволно е да го храниш, па до година-две, би можело да почне да се гали со тебе.
Па мајка му не беше дива. И почна веќе да ми дава да го фаќам малку. Ама јас не претерувам. А инаку постојано си игра со мене. Му фрлам топчиња, и „се тепаме“ јас му мавтам со раката и тоа ми мавта. Ќе го припотомам бе, сигурно. И најпитомото маче што го имам сега, прво не сакаше да ме види.
Стави во раката парче месо,салама или неколку зрна храна храна,подај ја раката и нека јаде од рака,во меѓувреме,додека јаде ти погали го и земи го во раце. Не го притискај многу,со галење и гнавење и не брзај да се спирјателиш,остави го самото да се привикне на тебе.