Девојки, ми треба помош околу дресирањето на кучето, па затоа се решив да ја отворам темава. Имено, пред 3-4 дена зедов мало кученце, има неполни 2 месеци. Но, имаме проблем - не можам да ја научам да не мочка дома. За големата работа немаме проблем, ама за мала... омилен и' е тепихот во салонот. Ја вадам надвор повеќе пати во денот, понекогаш не врши нужда надвор, туку само што ќе влеземе дома, се мести на тепихот. Би ви била благодарна за советите. П.С. Темава може да се рашири и да опфаќа и други команди
И јас има куче кое го чувам дома. Мора да знаеш дека сега е уште многу мало и го имаш само 4ри дена неможи одма да го навикниш. Кога и да се помочка на тепихот ќе му ја ставиш устата таму каде што извршило нужда и со весник ке го удриш по газето...тоа е наједноставен начин да знае дека таму не треба да прави белја и одма ќе го извадиш надвор( за да му покажиш дека таму треба)...Кога и да го шеташ и кога ќе си изврши нужда надвор да му викаш браво, и да му даваш некоја награда на пример едно топче од сувата храна, за да знае дека тоа е правилно. Немој да ти биди жал да го тепаш со весникот тоа не го боли туку се плаши од звукот. Бидејќи ако не го правиш тоа сега за некој месец ќе ви де качи на глава. Среќно, се надевам помогнав а која раса е кучето јас барам женска за моето Германски шпиц Ч)
^ Погрешен совет Незнам која ви е целта со весниците и да изигравате плашила. Ви треба само слободно време и трпение. Секое куче може да се примети кога сака да моча или кака (тоа е секогаш после јадење и после спиење). Само треба да го фатите моментот пред да клекне (или додека клекнува) и да го однесете на местото каде што треба да изврши нужда. Не го внесувајте внатре додека не изврши нужда надвор, па макар тоа и да трае 5 саати. Крај на муабетот. Неверувам дека ќе му треба повеќе од 1 недела да научи. Ако се измоча внатре а тоа го видите откако веќе завршило работа, нема поента да го карате, бидејќи нема да свати зошто го карате.
Тука ти е грешката. Ти кога ќе ја извадиш надвор треба да ја почекаш да заврши работа, а не ти ја враќаш дома и ОП на тепихот мочка. Значи како што кажав погоре, остави ја надвор и не ја пуштај внатре додека не се измочка и искака (најчесто мочкаат и какаат после јадење и после спиење) Инаку јас сум дресер на кучиња па ако имаш некои прашања или проблеми слободно контактирај ме
A може ли конкретен совет еве од име на другарка ми како да се научи да шета. НИКАКО не сака на улица, се инаети и влечејки се си оди дома Може и помош олколу оние техники за одење покрај тебе по пат, без заостанување и влечење лево десно
Hајдобар совет, после спиење одма на какање и мочкање, после 4 саати пак, и прикверчер уште еднаш! и мојата какаше и мочкаше по дома, ама ние ја средивме, без тепање и без весници, значи редовно ќе си ја изнесуваш и нема да има проблем! веќе ни во дворот не мочка и не кака, гледа да го прави тоа што подалеку од дворот, а камо ли од куќата! Hема шанса, и 5 саата трпи, ама дома нити кака нити мочка пу-пу-пу Jас само имам друг проблем со нејзе, малце повеќе е лоша, но ете, кога ќе ја видам дека ми се ја оставам сама, се повлекувам, среќа многу брзо и минува лутината
Секогаш кога ќе те потегне кучето, и ти исто така одма на „сец“ потегни го. Секогаш оди исправено и биди сигурна во себе, тоа е „боди ленгвич“ а кучињата комуницираат преку боди ленгвич Ако неможеш да го контролираш кучето според оваа техника, тогаш контактирај ме и јас за 2 до 3 дена ќе го научам кутрето да оди мирно поред нога
Како што реков, ја вадам надвор и чекам дури и повеќе од половина час, и само што ќе ја внесам дома, пуп, на тепих. Вчера и денес воопшто не згреши. Мислам дека почна да се контролира. Се надевам нема да имам повеќе проблем. И не, не ја мавам воошто, туку и зборувам со заповеднички тон Сега имаме и друг проблем, почна да каса и да 'рже кога си игра. Не знам дали е ова нормално затоа што е мала... или ... ? Првпат чувам куче и некако тешко се снаоѓам...
Еј да да те прашам Доберман за еден проблем што го имаме со најтврдоглавото куче на свет, самоједот Значи прв пат чуваме куче, така да во дресурата имаме премногу пропусти направено. За мочкање ние си имавме проблеми, од инат ќе се измочкаше, ама тоа првите 2-3 месеци, сега никако не го прави тоа, се нема измочано од малецко. Али проблемот ми е, значи кога му фрламе топче или играчка или трчаме со него и одеднаш ќе се внесе во играта и ни скока и рже (тоа е единствен пат да рже, само во тие ситуации, дури цимили кога ќе види друго куче, ржење амин). А и освен тоа почнува да каса, тоа не е касање да боли, значи на голо не не допира никогаш, али се внесува почнува за ногавица да тегне, за ракави и сл. И тука мора да викаме да го искараме. Ама џабе. Еве има 2 години и тоа му се случува некад, али не знам како да постапиме. Каран е, кажувано му е не така. Татко ми штом му списка, па и ние одма се трга. Ама како да го одвикнеме Aх да и топче кога донесува ретко го пушта веднаш. Не сака да пушта од уста. Ако му е досадно ќе пушти. А ако не се вртка околу тебе, се занесува тука се прави силен он го има топчето и го пушта најчетсто кога ќе престанеш да му викаш ајде рики пушти го. А наградуван е ако го пушти. Дури читавме некое зборче на Ф му го кажувавме божем тоа значело да го пушти. Ама пушта ако сака, ако несака ќе го бркаш со топче
Да, 'ржењето и касањето е само игра, но сепак не и дозволувај премногу да те каса и тоа да и преиде во навика. Купи и играчки и со нив нека си игра
Треба да поработите на авторитетот Како што самата кажа, кога таткови ќе му свикал на Рики он одма се смирувал. Тоа значи дека таткови успеал да биде Алфа и затоа Рики го слуша таткови, али бидејќи ти и сестрати не сте успеале да му се наметнете и да станете алфи, затоа вас помалку ве слуша. Види сега има ржење и „ржење“ , Рики кога ржи тоа е пријателско ржење и ржи во игра и нема потреба за паника тоа е само игра. Али во секој случај нетреба да му дозволувате да ве тегне по ракавите и ногавиците.
После јадење никако, тоа е тортура за кучето, затоа што голема количина од крвта се симнува во неговиот стомак бидејќи храната се вари па затоа и кучињата, како и луѓето, осеќаат потреба за дремка после јадење. Плус органите за варење работат забрзано и се ослободува топлина, замисли ти додатно да го изнесеш на шетање белите дробови ќе работат мн побрзо со цел да го оладат организмот, а со тоа и срцето поради крвта која ќе стига до него од белите дробови. И ова е многу важно да се знае, оние кучиња кај кои не е ова применувано, најчесто страдаат од срцеви проблеми.
Јас немам куче,но гледам многу емисии па еве што мислам. Со весник,а ни со ништо немој да ја тепаш. Кога ќе ја забележиш да го направи тоа, застани пред нејзе,без нервоза,но и без „Леле душо си се помочкала тука,леле,но зошто не можеш надвор,ајде надвор,срце ајде...“ Такви работи не. Ќе застанеш пред нејзе цврсто и кога ќе ја видиш(значи треба да ја фатиш на дело додека се мочка) и ќе направиш некој звук како не можам да го напишам како шш! Или плесни со рацете, земи ја без разлика дали е завршена или не и однеси ја надвор на местото каде што сакаш да го направи тоа. Кога ќе заврши погали ја,дај и награда. И тоа повторувај го.
Од секогаш сум сакала да имам дресирано куче и бидејќи моето куче е доста големо сакав да биде дресирано ама не сме обрнала внимание на тоа многу и не е дресирано но многу сакав да се научи да јаде само од наши раце бидејќи може некој да го отруе
За да престане да мочка на тепихот ќе треба кучето да се плаши и да му биди страв. Секогаш кога ќе сака да мочка и ако го направи тоа казнувај го( штипни го за увото или удри го ама малку). Секој нареден пат кучето ќе се сети и ќе знае дека следува казна и со тек на време ќе се научи да не се мочка на тепихот. Ова е психолошка техника.
И јас имам проблем со моето кученце па би сакала да ве прашам и во оваа подтема. Кучето ми е старо 1година и 3месеци, а јас го чувам од бебче кога имаше само месец ипол. Проблемот е што кучето е прамногу своеглаво, кога и да земе нешто од земја не можем никако да му го извадиме од уста бидејќи рже и не гриза. Дома кога и да земе некоја работа што не е негова штом се обидеме да му с еприближиме рже а ако пружиуме рака ќе не изгриза. Затоа надвор го носам само со маска бидејќи има голтнато и камен и имаше проблем. Не знам навистина како да се справам со овој проблем и би ве замолила за помош. Иначе од мало се обидуваме и сме строги ко караме кога ќе прави нешто што не е во ред, ќе го удрам со весник но не и не научи да се однесува ко што треба. Исто така имам огромен проблем со тоа што се дома ми е изгризано, излезени му се сите нови заби и има милион негови играчки и се но тој упорно гриза килими, ѕидови, врати се ми е уништено дома. Би ви била мн благодарна за секој совет од срце. Ми треба помош бидејќи вака не можам веќе
Ако е малечко кученцето, најдобро е да се шета веднаш после јадењето, бидејќи малите кутриња вршат нужда одма после јадење. А доколку е возрасно кучето, најдобро е да се шета 2 пати на ден, од сабајле и касно попладне / навечер.