1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фенг шуи уредување на домот

Дискусија во 'Дом' започната од crnokosata, 6 ноември 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Симболи за срека од Лилиан Ту е книга што може многу да помогне во домот и секако во човечкиот живот :) случајна информација но многу корисна па решив да ја споделам со вас драги фемнки и феминковци :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    мојот стан е фенг шуи мислам дневната и кога влегувам владее мир :inlove: а и имам многу свеќи и такви бои :)
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Фенг Шуи е се уште една непознаница за мене. Откривам нови нешта, читам литература, истражувам. За почеток си ја уредив работната маса следејќи ја оваа (западњачка) шема, која е поедноставна од традиционалната:

    [​IMG]

    Верувале или не, текот на моите мисли се промени, нема повеќе хаос во работата, станав посконцентрирана, остварувам поефективни контакти со клиентите и попродуктивна сум.
    Здравје на Пролет сакам и домот да го уредам, затоа што го почуваствував благодетот од оваа филозофија.
     
    На raww, alana95, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со целосно уредување на станот според фенг шуи?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Љубов, пари и мир дома во 2015 година: Фенг шуи совети за уредување на 4 клучни точки


    Фенг шуи дава совети за тоа како во домот да создадете добра енергија, така што овие области ќе ги освежите со бои и одбрани украси.

    Доколку се придржувате до овие совети и ги уредите источната, северната, северозападната и југозападната страна по правилата на фенг шуи, очекувајте благосостојба, посилна љубов, подобра работа и хармонија во домот.

    1. Северната куќа – енергија и богатство

    Северното поле е најсреќно во 2015-та годинаи носи благосостојба, поради што треба најмногу внимание да му посветите. Во овој дел внесете бои како розева, црвена, виолетова, портокалова и светложолта. Еден од ѕидовите обојте го во некоја од овие бои, а за дополнителна благосостојба и хармонија додајте украси како кристали и драги камења, аметист, цитрин и пирит.

    2. Источна куќа – успех на работа

    Источната зона е заслужна за напредокот во кариерата и добрата енергија и дома и на работа. Според Фенг Шуи, металот и водата се елементи кои треба да го исполнат ова поле. Затоа овој дел од домот обојте го црно, сино, сиво или бело. Во ова поле избегнувајте бои како црвена, виолетова, портокалова и силно розева. За украс посебно се препорачува, воден змеј.

    3. Југозападна куќа – богатство

    Оваа зона треба да ја исполните со свежо цвеќе, свеќи, среќни фотографии за и во иднина да уживате во доброто. Пожелно е да правите некои комбинации со бројот 9, на пример: 9 свеќички, 9 фотографии и сл. Како украс се препорачува кристално дрво во боја на аметист.

    4. Северозападна куќа – љубов и образование

    Во ова поле никако немојте да користите огнени или метални фенг шуи елементи и бои. Сината и црната се добри бои за ова поле, како и вибрантно зелени билки. Фигурата Чи Лин (полу змеј, полу коњ) е традиционален фенг шуи лек против негативната енергија, но и свежото цвеќе е доста добредојдено за тоа. Додајте семејни фотографии и детали кои симболизираат љубов. За повеќе позитивна енергија и силна љубов може да ви помогнат фигурите на мандарински патки кои се симбол на верност во бракот.
     
  6. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Пошто јас поим се неам од фенг шуи морам да прашам и еднаш веке да научам. Како е правилно спиењето? На која страна се нозете на која главата. Наредниов месец ке ја уредувам спалната.
    Читнав некаде ( се извадив од памет) дека поради неправилна положба на спиењето, може да дојде до парализа во сон. Јас не би можела да преживеам такво нешто.
     
  8. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Фенг шуи уредување на домот според хороскопот

    Фенг шуи или вештината на вклопување на односите меѓу човекот и неговото опкружување се применува повеќе од 4000 години. Просторот во кој живееме влијае на нашиот просперитет, успех, но и на нашата рамнотежа, како и воопшто на здравствената состојба.

    Практикувањето на оваа стара кинеска техника и правилно уредување на нашиот простор може да ни помогне во него да уживаме и на прав начин да ја насочиме енергијата на задоволување на сопствените потреби, желби и планови. Земајќи во предвид дека, покрај вообичаените правила, постојат и финеси поврзани за нашите индивидуални разлики, еве неколку совети кои можете да ги примените вклопувајќи се според вашиот хороскопски знак.

    ОВЕН
    На овој огнен знак често му е тешко да го достигне својот душевен мир, бидејќи е во постојана желба за акција и според тоа му се препорачува да има фигури од зајак на кои по традиција им се препишуваат добрите особини, посебно врзани за долг живот и духовен мир. Кај многу народи се сметаат за симбол на среќа и долговечност. Може да се носат и во облик на амајлија. Како што Овенот го претставува почетокот на зодијакот, така и во домот во кој живеете важна е влезната врата. Таа би требало да биде уредна и убава, а обувките секогаш сокриени, како и јакните и капутите. Ѓубрето не би требало да го оставате покрај влезот, туку за него најдете ново место.


    БИК
    Сакаат сигурност и затоа атмосферата на семејниот дом им е многу важна. Најчесто се срдечни, љубезни и прифатливи личности. Биковите се материјалисти, економската сигурност им е многу важна, па ако не се потполно згрижени не можат да се опуштат и уживаат ни во еден сегмент од животот. Тие се вистински гурмани, а поголемиот дел од своето време сакаат да го поминат во кујна. Кујната треба да биде наместена така што шпоретот нема да биде покрај фрижидерот или мијалникот. Помеѓу шпоретот кој симболизира оган и мијалникот и фрижидерот кои се симболи за вода, најдобро е да поставите дрвена плоча и со тоа да внесете склоп помеѓу овие неспоиви елементи. Посебно внимание треба да се обрати на што повеќе природно осветлување и да се избегнуваат флуросцентните ламби, кои негативно влијаат на целокупното здравје, а особено на очите и нервниот систем.

    БЛИЗНАЦИ
    Родени се забавувачи, доста прилагодливи и комуникативни. Сепак, многу се површни и тешко создаваат подлабоки односи. Се одликуваат како со ментална, така и со физичка подвижност. Сакаат секаде да стигнат и затоа неможат да се задржат долго на едно место. Нивниот проблем е несредениот живот и претераната подвижност. Земајќи во предвид дека обожаваат промени во нивниот живот, просторот треба да биде секогаш пополнет со некои нови детали и интересни ситници, така што овие немирни личности ќе се чувствуваат како секогаш да се на различно место. Со оглед дека се и сами зафатени и неорганизирани, им се препорачува доминација на сината боја која во фенг шуи го подржува организираниот живот.

    РАК
    Хиперчувствителните Ракови поради својата чувствителност се подготвени да реагираат и на најмала ситница. Склони се на чести промени на расположението, а најчувствителни се кога ќе дојде до било каква промена во нивниот дом и несогласени односи меѓу членовите на семејството. Родените во овој знак имаат развиен заштитнички и мајчински инстинкт и уште како мали се доволно многу зрели и подготвени за родителска одговорност. Божицата Куан Јин, според традиционалната фенг шуи метода, сигнификува здравје, енергија и плодност. Доколку имате било каков вид проблеми со репродуктивните органи, оваа амајлија е совршена за воспоставување рамнотежа во гениталните органи, а се верува и дека позитивно влијае на зачнувањето.

    ЛАВ
    Сакат предизвици и постојано докажување. Живеат од пофалбите и воодушевувањето на другите луѓе, па затоа ако сакате да оставите добар впечаток на Лав, постојано делете му комплименти. Бидејќи е ова кралски знак, природно е да сака да живее во таква околина, со многу светлина и вредни, скапоцени предмети, со кои ќе се чувствува како на трон. Статуата на Насмеаниот Буда е одлична доколку сакате напредок на полето на финансиите, кариерата и животот во глобала. Најидеално место за Буда е на масичка во просторијата во која најмногу престојувате. Допирајте го секој ден и со тоа голема е веројатноста дека ќе ви се исполнат желбите.

    ДЕВИЦА
    Многу од припадниците на овој знак размислуваат околу храната која ја внесуваат во организмот, знаејќи дека таа е многу важна кога е целокупното здравје во прашање. Треба посебно да се обрне внимание на расположението во текот на оброкот, затоа што доколку е нерасположена или нервозна, Девицата сигурно ќе има проблеми со варењето на храната. За да си го подобри расположението, трпезаријата треба да биде уредена во склад на фенг шуи техниката. Трпезариската маса треба да биде округла, за да се избегнат острите ивици и потенцијалните караници меѓу семејството, а самиот круг е симбол на еднаквост и разбирање. На масата исто така треба да има и вазна со цвеќе или чинија со овошје кои симболизираат изобилство.

    ВАГА
    Од голема важност е да живеат во убав и мирен амбиент, во друштво на саканите личности. Медитацијата и мирната, хармонична атмосфера делуваат позитивно на нивниот нервен систем. Бидејќи дневната соба е местото каде ги сместуваат сите пријатели, таа мора да биде опремена со вкус и стил. Гарнитурата треба да биде одделена од ѕидот најмалку 10 сантиметри, наместени во облик на круг, со масичка на средина. Исто така, треба секогаш да бидете свртени со лицето кон прозорците додека седите. Пополнете ги аглите на собата со растенија и доволно осветлете ја собата. Доколку живеете со партнерот, важно е да поставите фигури на мандарински патки во пар, кои ќе ви донесат хармонија во домот.

    СКОРПИЈА
    Познат како многу силен знак, лојален према пријателите, но исто така и недоверлив и затворен према непознатите. Основна придвижувачка енергија на овој знак е психо-сексуалната, па затоа неопходно е да има правилно наместена спална соба. Освен креветот, треба да има фиоки од двете страни на креветот со ламби и не би требало да се става ништо друго на нив. Креветот треба да биде што подалеку од прозорецот, ниту пак да има слика над него. Огледалото влијае негативно на сонот, па затоа не е препорачливо да го поставите во спалната соба. Убаво би било да ставите некоја слика од вас и вашиот партнер, за дополнително поттикнување на еротската љубов.

    СТРЕЛЕЦ
    Стрелецот е забавен, безгрижен и весел знак, кој не им робува на никакви ограничувања и правила. Ужива во слободата и сака да искористи се што му нуди животот. Обожува патувања, далечни земји и егзотика во секаков облик. Намалувањето на огненоста на овој знак и неговата урамнотеженост се постигнува со поставување на фонтана во северниот сектор на домот. Домот во кој овој знак се чувствува најпријатно е оној кој е исполнет со занимливости од различни патувања, разгледници, глобуси, сувенири и книги за древните култури. Исто така, тука се и фигурите од животни, најмногу слонот. Ова животно во многу култури претставува моќ и углед, а како амајлија носи подобрување во сите сфери од животот. Силата на овој симбол е позната во Индија и Кина, а оваа фигура веќе е широко прифатена низ цел свет.

    ЈАРЕЦ
    Доверлив, дисциплиниран и многу амбициозен знак. Штедлив е и рационален, додека му е важна материјалната сигурност. Јарецот е реален знак кој цврсто стои на земја. Сака да успее на деловен план и често го занемарува приватниот живот поради деловниот успех. Со оглед на тоа дека кариерата му е приоритет, многу е важно просторот за работа да му биде удобен и поттикнувачки. На работната маса може да поставите фигура на желка со глава на змеј, која е симбол за успех, сила и напредок. Ако сакате да започенете со нова работа, задолжително купете ја овааамајлија, која означува подршка и помош, бидејќи змејот е најсилниот древен симбол, а желката е силна и стабилна.

    ВОДОЛИЈА
    Овој знак е секогаш опкружен со луѓе и е најценет како искрен и вистински пријател. Понекогаш повеќе се грижи за пријателите отколку за себе. Поради тоа се и најсакани од сите хороскопски знаци. Необични се, инвентивни, хумани и оргинални. Имаат посебен стил и свој, единствен поглед на светот. Каков што е и нивниот карактер, таков е и нивниот дом, несекојдневен, а сепак пријатен и за себе и за останатите. На Водолијата најмногу и одговараат убави и пријатни бои, во зависност од тоа што сакаат да постигнат. Белата боја симболизита чистота, црвената, розевата и портокаловата – оган, но со нив не треба да претерувате затоа што можат да поттикнат кавги со блиските луѓе. Овие јаки бои можете да ги замените и со светло зелена, сина или некоја друга боја во светла нијанса.

    РИБИ
    Бидејќи Рибите се многу креативни, со многу малку напор нивниот дом можат да го уредат да потсетува на уметничко дело. Тоа е можно само доколку ја насочат сензитивноста на прав начин и со тоа да ја направат корисна. Со оглед на тоа дека се многу чувствителни на негативни влијанија, препорачливо е да имаат медалјон со мотиви на желка, кој можат да го носат околу вратот или околу зглобот на ногата. Оваа амајлија гарантира сигурност и мирен живот, на оние кои ја носат како заштита, посебно кога станува збор за нивното здравје. Покрај ова, на Рибите им се препорачува и употреба на кристали кои се познати по својата лековита моќ. Еден од најценетите кристали за подобрување и чување на здравјето е горскиот кристал, кој може да се носи со себе како приврзок или во торбата замотан во свилено марамче. Се верува дека помага во чистење на крвните садови и зараснувањето на раните.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Феминки сакам да го уредам новиот дом според фенг шуи па ми треба професионалец кој тоа го работи. Доколку знаете некој пратете ми порака или напишете на форумов. Се надевам дека ќе ми помогнете. :)
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    некој да ми каже, книга за ова фенг шуи се заинтересирав :)
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    ЌЕ уредуваме дневна :.
    Сакам совети во тоа
    -седмоседот каде да биде поставен-на која страна
    -Тв?
    -Кафезот на папагалчињата
    -клуб масичка
    - Додатоци/елементи какви относно украси какви да земам?
    -печката каде?

    прозорецот е огромен и е наспорти вратата , во дневната вратата е на левата страна и самата се отвора што вратата ,,удира,, во ѕидот
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.851
    Пол:
    Женски
    @SunnyGirl2
    -Гарнитурата треба да е поставeна до цврст ѕид што ќе биде потпора, никако до или под прозор.
    -Тв може да е било каде што ќе има добар поглед од гарнитурата, да е одалечено ако има можност до 2м од очите кога се седи на кревет.
    -Печката не треба да се гледа од вратата, значи кога е отворена вратата да не се гледа печката.
    -Кафезот не е важно каде е, додека им е удобно на папагалите.
    -Клуб маса нормално дека ќе се стави пред седмоседот, не е препорачливо да е стаклена.
    -За украси ако веќе сакаш да ги ставиш во зависност од тоа што значат и каква енергија носат според фенг шуи кажи ми област во која сакаш да ви се подобри ситуацијата ќе ти кажам подетално
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    Вo плaн ми е дa купaм,сaмo нз кaквa бoјa и кaкви предмети дa купaм. Дa ми се пoпoлни прoстoрoт. :)
    Фaлa мнooгу
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    dokolku postoi kniga i jas sakam da ja imam :) iskreno nikogas ne sum se zamarala ama sto znam ete vo posledno vreme se zainteresira sa vakov nacin na ureduvanje na domot
     
  15. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Здраво,

    Многу ме интересира древнокинеската традиција која ги доведува во хармонија природата и домот на луѓето. Ме интересира дали некој од вас има испробано да си го уреди домот според некои препораки од Фенг шуи? Или дали можеби некој и професионално се бави со уредување на домови според Фенг шуи? Се интересирам за курс по Фенг шуи со кој што ќе можам и да работам со лиценца како советник по Фенг шуи и да им помогнам на луѓето да се осеќаат посреќни во нивните домови. Но, секако, најбитно е да почнам сам од себе и со својот дом.

    Благодарам однапред на корисни информации.
     
  16. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Здраво до сите!

    Ме интересира дали некој се занимава со Фенг Шуи и уредување на домот како хоби и дали некој тоа го прави и професионално? Колку што знам немаме Фенг Шуи курсеви во Скопје. Барем јас не знам дека има, а доколку има баш би сакал да се пријавам. И би сакал да знам, што мислите Вие за Фенг Шуи? Какви се Вашите искуства со уредување на домот? Дали сте примениле нешто од Фенг Шуи и сте осетиле подобрување?
     
  17. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Пред една година почнав поинтензивно да читам за Фенг шуи по интернет, па сакав да прашам дали знаете некои добри книги за Фенг шуи. И дали можеби има во Скопје некое место каде може да се посети семинар или курс по Фенг шуи?
     
  18. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    На првата страна имаше контакт од жена што се занимава со уредување на домот според фенг шуи
     
  19. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Дали од вас некој си ја има уредено работната маса според фенг шуи? Сега гледав доста слики како да се поставени предметите кои бои и што да имаш на масата, би сакала да пробам:D. Исто така верувам во ова и мислам дека има големо влијание за каква енергија преовладува во домот.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    3.821
    Се најде некој до сега што е упатен во фенг шуи уредување?
    Или некој поупатен да предложи основна литература од искуство.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.