Се надевам не ја сместив во погрешно.. -.-... Еве сакам да зборуваме за градината дали во дворот имате градина и како ја одржувате(цвеќињата и тревата). Јас во дворот имам градина и многу ми е убавка јас не се грижам за неа но и полевам на цвекињата вода Големка е и има разни цвекиња (од трендафили па до незнам што... ) и палма во сред ја немам сликано,но вие доколку имате дајте слика да ја видеме вашата
Интересна тема Мене терасата дома ми е како градина,исто и дневната кога ке имам повеќе време ке сликам.... факт е тоа дека сите дома сме љубители на цвеќиња и кој ке стигне ги налева со вода и ги чисти
Пронајдов некои идеи за уредување, но ве молам ако имате нешто, споделете. Навистина ми се потребни некои убаво уредени градини или некоја идеја за уредување, пример за цвеќиња и нивна комбинација .
Ние имаме така поприлично голема градина и буквално цело време само нешто додаваме, садиме(цвеќиња, дрвца, зимзелени грмушкасти растенија ). Тоа ни е релаксација. Ама животинките по двор прават ршум, ама ако не се они како би вложувале повеќе и повеќе во градината Мм е задолжен за тревата и нејзиното косење, потшишување на живата ограда и интересинте зимзелени дрвца( туи, борчиња). Јас сега почнувам да го учам цвеќарството. Претходно сум немала некоја желба за цвеќиња, ама сега неможам без ново цвеќенце низ двор. Омилен дел на сите им е големиот летниковец и ѕиданата скара, летно време големиот базен од кај пластичарите Нас дворчето ни е нешто слично на ова А во план ни е да го средиме вака(за едно 3-4 години) - http://www.gradina.bg/uploadfiles/produ ... ukt_bg.jpg
мојот двор го средуваа од една фирма за градинарство и го направија прекрасен заличе на градина,има голем тревник и на делови има направено како помали градини,највеќе го сакам јаворот црвен изгледа многу убаво во пролет,а во лето има виолетови цвекинја по камењата што ползат(незнам како се викаат) сега само сето тоа треба добро да се одржува
Нашиот двор е прилично голем но запоставен. Знам дека одзема многу време но не и кога ви причинува задоволство и на некој начин релаксација. Би сакала да имам летниковец кој нуди многу практични можности за негово користење, претставува и прекрасен украс на дворот. Исто така би сакала и во негова близина да има соѕидано скара каде што би уживале со нашите најблиски.
Уф, јас сум опекана да имам градина. Не знам како е тоа изводливо, кога не сакам да живеам во куќа, ама ете - сакам и градина и бавча. Логично, нема што. Баба и дедо имаат мало викендиче, ко печурка некоја е, поголем дел од земјата е бавча, некогаш ми е мерак повеќе да ја гледам неа, отколку цвеќињата. Имаме патлиџани, младо кромитче, пиперчиња и јаготки. Летно време одиш и си кинеш свежо, нема нешто поубаво, мераци. Имаме и по некое дрвце, вишна, круша, јаболко, имаме и смоква и сливи. Мал дел е посветен на цвеќињата, веднаш до влезот, глетката со патлиџаните е позади. Изборот на цвеќиња се вика - што ми дала комшивката, зашто сите коренчиња се од Рајна, Перса, Трајанка итн. Што се однесува до градина, би се задоволила со уредно потшишана трева и некое масиче и столче. Што поненатрупано, тоа подобро. Тук-таму по некое цвеќенце, иако сакам повеќе да е зеленило, одмор за очите. Леле, изгорена сум за градина и бавчиче. Си копкаш, си го одмараш мозокот, се печеш на убавото сонце, вистинска релаксација. Имаме еден плац, и е празен засега, ама во план сме да насадиме некое дрвце, со време, додека се решиме да градиме нешто, веќе ќе имаме доволно високи дрвца за сенка.
Трендафилке можеш прво да почнеш со разубавување на балконот па после фати се за бавчата. Знаеме дека со поставувањето на неколку саксии со засадени цветчиња може многу да се постигне за изгледот на балконот/дворот, како и засадување на разни видови растенија- садници. Досега моите градинарски способности ги искажував само на фб играјќи фарма. Има толку креативни идеи по интернетов па планирам некоја да реализирам. Спојлер Доколку имате вишок чинија која ви е распар можете многу креативно да ја искористите -> Слични вакви имам видено само место саксија цвеќето им беше засадено во трупче и многу штосно доаѓа. И прва колона, 2ра слика комшијата има и планирам да му го украдам кај и да е
Бидејќи живеам во куќа имам градина и големи балкони. Оваа година се зареков да ги разеленам балконите (градината со зелена трева, трендафили, кали и божури е под надзор на свеки, таму не е мој ресор). Вчера баш тоа правев цел ден . Си отидов на пазар си купив жардињери, саксии, цвеќе и зимзелени дрвца. (Онака успат да Ви кажам дека во Тинекс-денес видов се најевтини жардињери 55 ден а јас по 100ден ги платив на пазар.) Експириментирав па ќе видиме што ќе биде. Туку некој да не има некакво искуство со оние цвеќиња што се сеат од паковање од земјоделска аптека? Гледав преубави има цвеќиња и таму. Ајт ако се прифатат ќе сликам и ќе ви покажам што бидна од мојата градина
Мината есен си го средивме задниот двор, во едниот агол има мала градина со многу растенија, дрвца, жбунчиња, во другиот агол е ѕиданата скара со простор окулу неа доволно за да се стави помала маса и 2/3 столчиња, за скараџијата да замези и пивне нешто. Во остатокот од дворот има неколку овошни дрва за сенка, а на средина фонтана. Фонтаната е од камен, како и целата површина од дворот е прекриена со ситни камења, освен делот окулу скарата, таму е цемент. Таму гледа задната тераса и на неа карши фонтаната имаме голем чадор и гарнитура (маса и фотељи) од бамбус. Мал рај е дворчево, уживанција е... Предниот двор наскоро планираме да го средиме, но само трева, грмушки рози и две зимзелени дрвца. Мали се дворчињата но може да изгледаат убаво само треба да се вложи труд и пари секако. Ај можда ќе ви поставам и слики понатака да видите каде ние уживаме.
Дали знае некој како се викаат оние цвеќиња што ги има во ресторанчето на плоштад карши Тренд терасата ?! Многу ми се свиѓаат и сакам да купам ама не знам од каде, ваљда по земјоделскиве аптеки може да најдам. Слично како овие растат ..
Колку што гледам на оваа втора слика такви вчера зедов од Веро во Веро центар ама само бели имаа. Ако си во можност отиди и види (1 пакетче 49ден )
Мислам дека се питунии (петунии) незнам точен назив, малце се поскапи од обичната петунија, и мислам дека се поситни во цветот, а стварно се преубави. (првите, вторите незнам кое цвеќе се). Ние имавме, ама не ни успеаја, се исушија за брзо време :/