ТЕМА: Греење со пелети

Мислење 28 Фев 2011, 16:50

Феминки, дали некоја од Вас користи пелети за греење или дали познавате некои семејства кои користат печки со пелети?
Ми се допаѓа како функционираат но малку предобро звучи па сакав да споделам искуство. Бидејки живееме во стан, ми одговара тоа што нема пепел при согорување, моментот што се палат на копче и со тајмер за разлика од палење огин (што никад не ми успеало :D ) итн. Купување на печката не е голем проблем, за една зима би се исплатила инвестицијата ама фактот дека истите работат само на пелети не ми се допаѓа. Може да им текне на производителите да се растурат (како и повекето фабрики кај нас), може ке качат цена па да биде бадијала инвестиција итн.
Би сакала да го слушнам Вашето мислење.
Аватар на корисникот
Shana

Зелено цветче
 
14321080
Мислења: 794
Зачленет: 27 Јан 2011, 16:03
Локација: Дома
I'm not weird, I'm gifted.

Lord, grant me the strenght to change the things I can, courage to accept the things I can't and the wisdom to know the difference.

Мислење 28 Фев 2011, 22:31

Јас знам за едни такви, ама ако може стави слика, незнам баш дали е тоа што мислам :D
Аватар на корисникот
pink4ever

Жолто цветче
 
9681027
Мислења: 1049
Зачленет: 23 Окт 2010, 13:06
Локација: Bo Париз на Ајфелова ^^

Мислење 28 Фев 2011, 23:33

Еве го вебсајтот од печките:

http://www.ecospar.com.mk/mk/products.html

Фабриката за производство на печките е во Охрид. Според нив, извезуваат во Европа 3-4 години, кај нас почнаа од лани да ги продаваат. Нивна препорака се некои српски пелети бидејки квалитетот бил загарантиран (одреден процент на влага, соодветен лепак, процент на компресија итн.), инаку веке има некои мали фабрики кои ги произведуваат и кај нас. Пелетите се продаваат на сите бензински на Макпетрол, во Туш, Веро итн.
Печките имаат контејнер во кој се ставаат пелетите. Една кеса од 15кг е доволна за отприлика 2 - 3 дена, зависно од тоа колку часови работи печката а чини 200 денари. Електронскиот дел од печката е “задолжен“ за спуштање на мали количини на пелети кои постепено согоруваат. Има и вентилаторче кое додатно го дува топлиот воздух. Може да се приклучат на оџак ако има, ако не, доволно е да се направи отвор на надворешен ѕид Ф80мм, како за клима. Фирмава имаше дуќан на улица Македонија спроти куќата на Мајка Тереза, незнам дали сеуште се тамо.
Сето ова убаво звучи па ме интересира дали некој има искуство со конкретниве печки. ЕВН кожата ми ја одра, барем да сме се згреале, па размислувам за алтернативи :worried:
Аватар на корисникот
Shana

Зелено цветче
 
14321080
Мислења: 794
Зачленет: 27 Јан 2011, 16:03
Локација: Дома
I'm not weird, I'm gifted.

Lord, grant me the strenght to change the things I can, courage to accept the things I can't and the wisdom to know the difference.

Мислење 01 Мар 2011, 08:52

Гледам добро си информирана за печкиве и нас дома ни паднаа во око но исто не ми се допаѓа што е греењето само на пелети. Исто и јас помислив што ако за година две престанат да ги носат од Србија пелетиве, нема ваљда да идам до таму да ги купувам. Свекор ми и свекрва ми кои живеат под нас во куќава се греат на дрва и кога беа луѓе на почеток на сезоната за рутинско чистење на очакот баш ги прашував дали имаат некое искуство со печкиве и ми рекоа дека е моментална глупост на која бргу ќе и помине модата :^) Сега ова се се шпекулации и јас сакам да чујам искуство од некој што ја користел печкава....
Аватар на корисникот
Bozica1980

Зелено цветче
 
11714151
Мислења: 788
Зачленет: 24 Авг 2010, 10:55

Мислење 01 Мар 2011, 09:56

Bozica1980 напиша:Исто и јас помислив што ако за година две престанат да ги носат од Србија пелетиве, нема ваљда да идам до таму да ги купувам

Божица, има фабрики за производство на пелети и кај нас, една е во Кочани мислам. Гледам по огласи се продаваат многу машини за компресирање пелети, бизнисот е по подем бидејки навистина во Европа се користат многу за разлика од тука. Кога ке пишеш pellets у google, излегуваат англиски, грчки, германски, хрватски сајтови на фирми кои го произведуваат ова биогориво. Екоспар иимаат склучено договор со фирмата од Србија бидејки ги произведува по повисоки стандарди за разлика од нашиве. Девојката од дуќанот ме уверуваше дека тие нема да престанат со снабдување пелети, вели дека кога се решиле на производство на вакви печки, мора да снабдуваат и со пелети. Држи вода до некаде него ШББКББ ако се затвори фабриката на Екоспар? Машина за перење од Горење може да ја поправи и мајстор од Кончар сервис, ама електрониката на печкиве незнам дали може да ја поправи некој друг, овие се единствени што ги произведуваат.
Многу се мислам, имам многу фактори за и против печкиве. Како што ми пристигна јануарската сметка за струја 12200 ден, мноооогу се мислам. А пак не сме се згреале како треба. Не се ефтини ама ако функционираат како што е наведено, мене ми одговара. Во краен случај термото и климата и греалките се тука него работава беше да не фрлам 1000Е бадијала.
Аватар на корисникот
Shana

Зелено цветче
 
14321080
Мислења: 794
Зачленет: 27 Јан 2011, 16:03
Локација: Дома
I'm not weird, I'm gifted.

Lord, grant me the strenght to change the things I can, courage to accept the things I can't and the wisdom to know the difference.

Мислење 01 Мар 2011, 10:07

Се надевам некоја ќе се најде со лично искуство и ќе сподели со нас. Факт е дека куќа со струја тешко се затоплува иако ние немавме проблем со вака високи сметки како твојата, но со намера сме да направиме парно но на дрва.Знам дека ова е поелегантно решение но сепак не би до толку да експериметирам а и доста е скапа печката која има котел за парно.
Аватар на корисникот
Bozica1980

Зелено цветче
 
11714151
Мислења: 788
Зачленет: 24 Авг 2010, 10:55

Мислење 02 Мар 2011, 14:44

Кај мене во една продавница за играчки ( 40м2) го има тоа чудо. Топло е само околу печката бидејќи дува тој вентилатор и тоа исто како кога дува клима. Па се чудев дали тоа толку грее или на толку степени е регулирана температурата. Друго што не ми се допаѓа а тоа е што кога ќе снема струја неможе да врти тој вентилатор така да пак остануваш без греење.
Не ми е испробана оваа работа, скептик сум за ова.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
34652157
Мислења: 3692
Зачленет: 27 Дек 2009, 00:31

Мислење 07 Мај 2011, 18:37

Блиски луѓе се занимаваат со вакви работи и ми кажуваа дека многу ретко (скоро никој) да е задоволен од пелетите. Воопшто не топлат, а и некако не е здраво толку малку испуштање чад надвор да има, сепак согореното мора негде да оди, а најверојатно тоа останува во собата и вие го вдишувате.
Зимава бев во една продавница и ја гледам продавачкава стуткана до печката. Се приближив јас и верувајте, кварцната печка грее повеќе од тоа. Не би ви препорачала. Сега сите земаат бидејќи стана тренд некако, но дефинитивно не е ефикасно и исплатливо
Аватар на корисникот
Chocoholic

Зелено цветче
 
970931
Мислења: 747
Зачленет: 25 Апр 2011, 23:46
A question that sometimes drives me hazy: Am I or the others crazy?

Мислење 07 Мај 2011, 19:34

Во еден кафич во Дебар маало на летната тераса ова зимо за нас пушачите имаа ставено од овие печки на Екошпар и јас сум изненадена колку се добри и колку многу топлат(мислам дека имаа од најголемата таа која може да се користи за централно парно).Јас и сопругот сериозно размислуваме да си купиме и да си инсталираме една ваква дома затоа што до сега се ЛАДЕВМЕ на градско парно,а го плаќаме по 14000 денари.
Аватар на корисникот
AIT

Зелено цветче
 
15761978
Мислења: 984
Зачленет: 20 Јан 2011, 16:40
Слика
Слика

Мислење 10 Окт 2011, 08:47

Дали некоја од вас има по дома правено камин? Оние што се вградуваат, со стакло и после опшивани со гипс картон?Ако има некој ве молааааам лп, ми треба информација и бројче од некој добар мајстор.
Фала :)
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
33532705
Мислења: 1708
Зачленет: 25 Дек 2009, 16:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Врати се на Дом

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 7 гости