НА ЖИВОТНИ НЕ СЕ ДАВААТ ИСТИ ЛЕКОВИ КАКО НА ЛУЃЕ! ОСОБЕНО НЕ НА МАЧКИ!!! Искрено, ако мачето ти било болно, ти со парацетамолот си го сјебала до крај, ако не сега, за некоја година бубрези и црн дроб ќе му откажат 10 пати побрзо. Ако не си во можност да го носиш на ветеринар, барем јави се прашај што смее, што не, да му се сневиди.
Е да му се сневиди де. За твоја информација мачето си е многу подобро од тоа што беше.И тоа на ден си пие по пола апче витамин Ц и парацетамол измешано со млекце. Фала до феминката која претходно се потруди да ми одговори.
IvanovskaM е потполно во право! Еве можеш повеќе да се информираш за опасноста од давањето на парацетамол на мачки тука и тука (точка 4). Исто така понатаму најискрено ти препорачувам и јас да не даваш никакви лекови без препорака од ветеринар, последиците навистина може да бидат лоши. Дајбоже мачето да оздрави брзо, а кивањето може да е предизвикано од настинка, вирус, инфекција на горни дишни патишта, проблем со забите...ако продолжи така и не му помине во скоро, не е лошо да се провери кај ветеринар.
Совети за пинч кученце Здраво ве молам да ми кажете некој ако има кученце пинч барем неколку совети да ми дадете за растењето моето кученце е векје месец ипол кога треба ваквцина и такви раб како да го науцам да не ми мочка по дома почто е мн мало за надвор ....Ве молам помогнете ми
И моето го прави истото понекогаш, се врти во круг и си го лови, па јас мислам дека се работи за игра.
Здраво ке може ли неколку совети да ми дадете имам мало кученце пинч веке има месец ипол сакам да ми дадат совет само оние кој чуваат кученца поради тоа што не верувам мн на ветеринари па затоа верувам само на луге кој израснале кученца ... дали да го вакцинирам сега некој ми викаат сега а некој ми викаат после 2ипол месеци сега јаде само попара млеко со малце лебче дали имате вие некој подобрар предлог? ве молам дајте ми неколку совети
Мене ми е многу страв незнам дали да го вакцинирам сега моето иам веке 6 недели што може да се деси ако не го вакцинирам сега?
Од што ти е страв, со вакцината го заштитуваме кучето, а и нас. Потоа ако во текот на животот му се случи нешто, би можела да си простиш што не си го вакцинирала? И веќе почни да му даваш и поцврста храна.
Е ради ваквите сопственици како неколкуте погоре, па не кажам и добри 80% што пишуваат во темава треба да постојат Animal cops и кај нас и да фрчат казни како што фрчат за не носење маска или поводник. Парацетамол на мачка дава бе Ја клука мачката со апчиња, ќе ја умреш бре девојче, греота е. Или девојката со пинчот погоре, не верувала на ветеринари. А на кого треба да веруваш? На луѓе од рекла казала муабети??? Луѓе што одгледале куче, а којзне како го одгледале? Ти идеш на докотор нели? Му веруваш на докторот? тебе твоите те вакцинирале како бебе нели? А зошто ти да не го направиш истото. Кај секоја раса си е различно кога ќе ти каже ветеринарот тогаш терба да го вакцинираш, зашто луѓето на кој како ќе му текне така ќе ти каже, па ти помисли се уште малку таман да фати некоја болест кучето па да умре. И не му давај млеко, несмеат да јадат млеко заради лактозата, а кравјото има 100 пати повеќе од млекото на кучката. Му го отежнува функционирањето на дигестивниот систем, и леб не треба да му се дава исто. Затоа постои мини кучешка храна џуниор за најмалите кутриња. Информирајте се пред да земете миленик, а не само земи го па после ќе смислам што ќе праам. Дете да имате да видам дали така неодговорно ќе се однесувате, а исто е, и тоа е беспомошно како бебе зависи само од вас.
Моево куче има проблем со ноџињата и ветеринарот ми рече да му земам она ( незнам како се вика, исто што и луѓето го ставаат на колена кога имаат проблем со колената, а на пример трчаат). Е сеа каде да најдам такво нешто, он незнаел? За пари не ми е битно.
девојкоооооооо овде колку што знам се даваат совети а не критики и немој ти мене да ми кажуваш дали сум јас добар или не добар сопственик тука ако знаеш да дадеш совет дади а не критики порати тоа што ке ти вратам со иста мерка фала чао позззззззззззззззззззз
Мимс, знам дека сакаш животни повеќе од луѓе. (се гледа тука) Но, не е за носење во станица тоа. Еве, на пример да прочитаат од друг извор каде што кажува обратно, тие ќе мислат дека е точно и тоа ќе го направат. Ова е форум, на форум се помага, а не се започнуваат вакви жешкоглави расправии. Немој да ме разбереш дека сум ти се правела, мала сум за да се расправам со 10 години постари од мене за вакви работи, но навистина, јас да би се ставела на нивно место, не само што и лошо ќе се чувствувам поради ова, туку и виновно, навредено. Знам дека тие феминки погоре си ги обожаваат милениците, исто колку што и ти, и јас. Јас го хранев Феликсче прво со млеко разредено со вода, а тоа ми го кажа еден одличен ветеринар. Не е ниој тука дојден за да биде понижен и засрамен.
Се согласувам со тебе еве сега си дојдов од ветеринар и го вакцинирав и втората вакцина му е следниот месец јас сакав само совет да побарам за тоа и отворив и цитав на форумов ...ако некој не сака да ми даде совет нека не дава а не тука да навредува без разлика дали се раб за мене или дали за некој др моето кученце сега е тажно што го буцнаа ама ке помине мене срцето ми се кинеше кога ја идов иглата и сега заспа мојата Тара и се надевам дека го направив добриот чекор иако некој мив икаа дека е мало за вакцинирање јас сепак од оваа ""Мимс"" ја земав критиката и си го вакцинирав а иначе ке може ли да ми пише некој што знае дека чува пинч кога прв пат го изнело кутрето надвор за шетање
Јас мислам дека најдобра возраст за шеткање надвор е 3 месеци. Пинчовите се чувствителни на ладно, па ти препорачувам да го облечеш. Не земај од продавница облеки, не е потребно, само ти треба една зимска капа ваква: Еве ти видео како да го направиш: https://www.youtube.com/watch?feature=p ... LL57pQZH6Q Има и за правење креветче во истото видео, ако те мрзи да го гледаш целото видео премотај го. Исто така, еве видео за пинчовите: https://www.youtube.com/watch?v=t_nVJ8Qmo3o Се надевам помогнав.
Безразлика колку е старо моментално твоето куче,не го изнесувај додека не ги прими сите потребни вакцини.Овој период го викаат период на карантин,мене така ми препорача Др.Диме. И откако ќе ја прими последната вакцина,треба мислам да помине 1 недела па тек потоа можеш да го шеташ.Прашај го ветеринарот точно,он ќе ти каже. +За беснило се вакцинира после 4-5 месец.После трите вакцини ќе можеш да го шеташ,нема потреба да ја чекаш за беснило.