Луѓе, денес си купив два хрчаци, едното е машко а другото не знам што е и ги ставив и двете во ист кафез (за птици е, ваљда не е проблем) и се испотепаа, машково пусто само бара излез од кафезот, се пентари по решетките и кога ќе се искачи си седи горе дур не падне и после пак истото. Изгледа бега од тоа другото. Пробав машкото да го извадам за да го погалам, не ми дава, ми бега од раце и го вратив. Што да им правам сега, да ги одделам или? И ќе сакаат понатака да се галат или?
Јас не сум искусна за ова, но сум чувала хрчак, па имам некое знаење и за тоа. Мислам дека би требало да бидат одвоени зошто може да испаднат мажјаци, па се тепаат за територија... поточно, го тепа зошто го чувствува дека не е територијален... Или земи голем кафез за хрчаци со спратови и оддели два спрата за едниот, два спрата за другиот хрчак со картон. На горниот дел од картонот стави струготини како и на долниот спрат (приземјето). И стави исти играчки за хрчаци и во двата дела од кафезот за да си вежбаат на нив редовно.
Ние во Понеделникот ја бањавме, но мислам дека и` е време повторно да се бања. Често се валка по дворот, па ножињата и` станале светло кафеави од златни. Е сега е многу ладно надвор, па ако ја бањам ќе треба да ја исушам со фен и да седи внатре цел ден, нели? Да ја бањам ли, да не ли ја бањам? Се плашам да не ми се разболи....
Па, незнам... мислам дека кучињата се доста имуни за да фатат настинка од човек... Јас сум искусила кога моето милениче ми фати настика од мене, но тоа беше хрчак.
Би требало да е имуна, но пред две недели и таа беше настината малку, па страв ми е пак да не се разболи ... А и сеуште е малечка, три месеци е.
Јас имам хрчак сум имала и 3 (ги роди таа) ама сега е сама .. Епа истото беше и со мене не даваше едниот да го погалам..ама тоа може да биде и од карактерот..има такви не сакаат да ги допираш..Пробај 1-2 дена одвоено бидејќи многу не се трпат и едното може да го нападне другото..Исто така пушти ги да шетаат така помирни ќе бидат.А може и да ти се спарат ако се различен пол Мојата коа ја купив била трудна и ми се породи ама веќе не ги чува нив ги дадовме.. А тоа што ти се беси и рипа сака да шета веројатно барем мојата е таква.Инаку подобро ќе биде одделно да живеат бидејќи ќе се испотепаат и може постојано да ти се парат .Може едното да го удави или изгризе другото А колку се големи???
Ја имам папагалче зелена тигрица и сите ми се смеат зашо сум го крстила Трајче...а многу си го сакам,многу сака да се бања и да пее.
Луѓе мачката ми се омачи пред 3 дена, ама мачињата не знам каде и` се и колку се. Денес донесе само едно од нив, прво мислев дека само едно има омачено ама изгледа не е така. Го остави мачето пред врата, мачката јадеше, пиеше, седеше некое време и си отиде најверојатно кај другите мачиња. Малото ми го остави, јас го ставив во кутија и му ставив шише со топла вода за да му биде топло, но премногу е мало и кревко, страв ми е да го допрам од што е нежно Не знам што да му правам, ме фаќаат паники, мачката веќе од 11 часот се нема вратено, малото е гладно. Сум хранела мачиња и пред тоа но тие имале барем 2 недели, не знам што да направам, страв ми е да не го повредам. Ја барам мајката да си дојде, не знам зошто го остави така само
Може да има повеќе причини зошто мајката го одвоила.. Но ако веќе мачката не се враќа по него, може да се проба со со шприц (или пипета, мало шишенце и сл.) на секои 3 саати (за помало маче од 1 недела). Ако не си во можност да најдеш специјално млеко за мачиња, eве една страна каде што има инструкции и рецепти клик (во формула 1 и 7 состојките се подостапни кај нас). После јадење за извршување на физиолошките потреби треба триење на долниот дел од стомачето со влажна крпа (како на видеото). И секако треба да биде на топло и да се внимава на него. Eве и овие видеа може да бидат од помош: https://www.youtube.com/watch?v=V50NMZsFIco https://www.youtube.com/watch?v=2961cK0v86c
Можеби е глупаво прашање, ама да си имам чиста сметка. Имам сипаници, дали нешто може да им штети ова на мачките, како да кажам?
Кај кучето на левото око под црнката приметив уште едно црнко крукче, но помало. Ветеринар ќе дојде утре или во петок, но би сакала да ве прашам дали имате идеја што може да е. Се сомневам за крлеж бидејки оваа седмица фати крлежи па и затоа ќе доаѓа ветеринар, но ова си го има од порано, а и не сум сигурна дека крлежите одат и во очи? Што би можело да е?
Ќе пишев во темата за мачки, но гледам дека оваа е поактивна, а итно ми треба одговор, па, ве молам да не ми го префрлате прашањето. Однапред се извинувам за долгиот пост, загрижена сум и ми треба помош од некој кој има искуство. Најдов мало маченце, околу 4 недели старо, оставено само, премрзнатко беше. Го земав дома, и знам дека сеуште му треба доилка, но, не можам да најдам. Исто така, знам дека се храни со kitten milk replacer, ама во ниеден пет-шоп не најдов, па по препорака на едно здружение за заштита на животни му купив Лактовит. Вчера многу слабо ми јадеше, најверојатно беше исплашено и изморено, го легнав и му ставив топла вода во шишиња, и го замотав во ќебенце. Сабајлево кога стана беше поживнато, посмирено и почна да ми кенка, па му го стимулирав делот кај газето и се измочка, и му дадов од Лактовитот, пивна малце и се смири, и повторно си се стутка. Истото го направив и некои два часа подоцна од кога стана, нејќев да го влечам со сила и да го будам бидејќи е видно многу исплашено, па кога стана пак ручкаше и мочкаше, за разлика од вчера состојбата му е подобра, се навикна изгледа, се постопли и посмирено е, вчера многу кенкаше. Ама ме мачи една работа, буцево пробував со шприц, со цуцле, со што уште не да го хранам, и никако нејќе да се фати за цуцлата, ми бега, ми се врти, за да му го пикнам во устето морам да го држам убаво да не ми прета, ми мрда лево-десно, ми се противи кога пробувам да му дадам да јаде, а знам дека не е многу јадено, и дека е гладно, се отепа од лижење самото и прстов партали ми го направи од цицање , можам да го нахранам, ама некако како со сила, да го фанам, па да го смирам малце па да пикам, па да се врти, да држам, душава ми ја извади, како од ѓаволот да е пратено, Ким Кардашијан филм ми тера , што да му правам? Сте имале ли искуство, да бидам трпелива и да пикам да ручка, или да барам друго чаре по ветеринари? Вака посолидно ми е од вчера, ама ме утепуе со јадењево, коа ќе закенка како на клада да го ставам, срце ми се кине. Фала однапред.
Пред се огромно браво за гестот што си го згрижила мачето. И на тебе може да ти биде од помош мојот пост на истава страна од темава (неколку мислења над твоето), особено страната каде што има разни совети за мачиња кои сеуште се многу мали за самостојно хранење. Како растат од недела во недела се намалува честотата на хранење, односно веќе маче од 4 недели може да се храни до 4-5 пати дневно. Не може за еден ден да се навикне лесно да се храни, а може и не го бендисува многу вкусот или мирисот на лактовитот. Веќе на таа возраст е нормално да стануваат палави и баш така како што опиша се однесуваат. Ќе мораш поупорна да бидеш со хранењето, а би можело да пробаш на шприцот да навлечеш прст од чиста тенка ракавица од оние што се купуваат во аптека (може да го прицврстиш малку со селотејп на средина на шприцот, немој да употребуваш течни лепаци), кај долниот дел да оставиш малку простор, да направиш дупче со игла и кога ќе притиснеш од шприцот ќе се полни долниот дел од ракавицата. Ќе му биде помеко и може ќе сака да повлече самото. Спојлер https://www.youtube.com/watch?v=IVJ49NEH-y8
Ние вчера од ветеринарната станица купивмд шампон против надворешни паразити. Но, пишуваше дека е употребливо до 04.03.2013. Сега купив нов, со друг рок на траење, но ме интересира: Ако ја избањав со шампон кој има истечен рок, дали би имало некои последици?