Стави и маска,не само за да не се плашат луѓето и да се доведеш во ситуација да ти е непријатно или страв,туку и да ја заштитиш да не касне нешто што не треба, има секакви луѓе фрлаат храна со отров по улици.
Зраво девојки., се надевам ќе ми помогнете.. значи вака мојот брат пред два дена дома донесе маченче. Не знам колку е старо пошто ова ни е прво маче односно прв миленик и немам некое искуство, туку пребарувам по интернет за да здобијам некакво искуство..денес го мерев и е тешко точно 500 грама. Сега е во фаза кога почнува да апе со запчињата и многу е живо. Ама има еден проблем, кога го нашле на улица деца ко деца го ранеле со се и сешто, сите донеле од дома по нешто (ориз варен, некој мувлосан леб, храна за мачки и тоа му дале речиси една цела рака) и кога го земав мачево за да го чуваме постојано мјаукаше дека е гладно,со мајка ми му дадовме да јаде (лепче со манџичка) ама не многу затоа што мешето му беше целото подуенко. И во текот на вчерашниот ден го храневме со манџичкии некои затоа што не знаеме што треба. Но одкога беше кај нас тоа воопшто не беше искакано. Барав по интернет и најдов дека добро за него ќе биде да му ставам малку маслиново масло во јадењето, па му направив млекце синоќа и му капнав неколку капки маслиново во него и имаше успех. Сабајле кога станав видов дека се искакало. И денеска барав по интернет и видов дека манџите се штетни за нив и дека храната за мачки е добра. Од кам му зедов храна за мачки и пошто пишуваше по колкава количина треба да се јаде на ден само за мачки над три килограми, јас му израчунав според тешината и му доаѓа по 10 грама на ден..сега му дадов ама воопшто не сакаше да ја вкуси..незнам што е проблемов, зошто не сака да ја јаде..дали е прејадено или незнам..Дали можеби има на храната некои возрасни граници од која возраст треба да се јаде таква храна за мачки инаку барав на пакувањето но не пишува од која возраст..најверојатно не е забранета и за мали мачиња. Дали некој може да ми каже дали ќе биде штетна за него , и зошто не сака да ја јаде? Фала ви премногу однапред! http://www.sanitex.eu/out/1/html/0/dyn_images/1/v613c46_p1.jpg Ваква храна му земав.
Епа, тогаш значи дека била само возбудена. Тоа секое куче го прави. Тренирај ја повеќе да обрнува внимание на тебе, а не на околината.
^@Keti-26 подуеноста на стомачето и запекот може да се последици на неправилна исхрана. Стабилизирањето може да потрае подолго време и во никој случај немој да му давате леб, манџи и други работи што наброја дека претходно му биле давани на мачето. Со маслиновото масло не си згрешила, бидејќи мора да си ги изврши потребите, а тоа му помога во такви ситуации. Не сака да јаде сува храна бидејќи не е навикнато сеуште, ако е помало мачето има посебна храна, поситна и со соодветна хранливост за возраста. Има во маркети и пет шопови и друга храна и сува и во ќесички или конзерви. Повеќе пати имам пишувано, па еве во спојлер дел од информациите. Спојлер За физиолошките потреби ти треба песок (има во веро,кам,тинекс,пет шопови...посебен за мачки) и пластично како легенче и лопатка, а по пет шоповите има исто така специјални такви за мачки. Спојлер [/quote]
Не ја јаде бидејќи секогаш влажната храна за мачиња и манџичките се повкусни, но не и поздрави за мачето. Иако искрено, од сите храни кои ги има во маркетите италијанските Miglior gatto е за нијанса поквалитетна, не е многу поскапа. Храната од Кам е ептен без везе и по состав и се... Но добро, сепак е храна и ќе го нахрани, тоа е главната цел, а колку ќе биде корисна во смисла минерали, витамини тоа е друго. Она што ти треба обавезно да го направиш е да отидеш до некоја ветеринарна амбуланта и да купиш апче против глисти и да му дадеш 1/8 или 1/4 на мачето, за дозата ќе се консултираш со ветеринарот. Околу 40-50 денари се, а се страшно неопходни за мачето и за вашето здравје дома пред се затоа што ако има глисти, јајцата ќе се разнесуваат и кај вас дома. Скоро и да нема улично маче кое нема глисти бидејќи им се пренесуваат од мајките. Покрај прејаденост, тврдо надуено меше често е знак и за глистички, затоа во секој случај прочисти го обавезно. И секогаш да има тањирче со водичка чим почнуваш да го прихрануваш со сува храна.
Иако не се препорачува често бањање,ако го бањаш со специјален шампон(не зборам за тие евтините шампони на трикси и слични фирми) нема да штети.Тоше(фризерот наш ) од кај него купувам јас шампон и он тврди и дека секој ден ако се бања со тој нема опасност никаква од појава на егземи.Е сега колку е точно ..
Да ви се пофалам, кај нас има промена. Денес од раче ми јадеше, ме гризна неколку пати, но подобрена е ситуацијата. Си игравме, се галевме.. Туку, за друго да прашам... Често се врти ко изгубена и го лиже бетонот. Нормално ли е ова?
Моево куче е тотално лудо си има некои нејзини ритуали изгледа... Неколку пати се има случено коа се шетаме да намириса нешто што е умрено, птица, мачка незнам језиво ми е да гледам, обично без поводник ја шетам низ шумичка и кога ќе намириса нешто такво му се доближува и почнува да изведува некои откачени работи ко да се поклонува клекнува до земја со муцката и потоа легнува и почнува да се валка по земјата се врти во кругови и си ја трие муцката од земјата и со шепите, вака изгледа многу смешно, обично не и дозволувам да се доближува до мртво животно ама се случува да начека да намириса такво нешто и секогаш го прави овој ритуал. Што треба да значи тоа? Зошто така прават?
Mims ne go pravi toa samo tvoeto kutre tuku opsto zivotnite, toa e taka zatoa sto mrsata ima jak miris i tie se valkaat so cel da go prekrijat toj miris so svojot, nesto kako belezenje teritorija.I moeto pravi taka ne mu se sekiraj, samo ne mu dozvoluvaj za nedaj Boze nekoja bolest da fati od mrtvoto zivotno. Se izvinuvam nemam podrska na mobilen.
Па претпоставував дека е поради мирисот ама до толку да се врти ко индијанец не ми беше јасно Инаку не дозволувам кога е на поводник многу нормално, ама кога е пуштена додека ја соберам поминал ритуалот!
Да бе и јас кога го видов моето прв пат ми беше смешно оти не сфаќав на што се вала, ама потоа кога го осетив леле мајко, а само што беше бања, ужас .Знам тешко е додека да го фатиш кога е пуштен, ама тоа е нема друг начин.
Ќе се цитирам самата бидејки никој нема одговорено, а ми треба одговор што би можело да е ако имате некоја претпоставка?
Може да ми кажете некои вежби за лабрадорчиња? Јас знам една и тоа пред неколку години ја имам вежбано со по-стар лабрадор,а сега имам мало,ново и женско, некоја вежба слична на дресирање? Пример му фрлам топче оди да го фати и го враќа Некој предлог?
Ќе ја заиграш прво со топчето и после ќе го фрлиш нормално е да се затрча по него ако е заиграна, па ќе ја викаш да дојде ако го носи и топчето ќе и дадеш награда. Нагласувај и го зборот топче кога го фрлаш и кога ја викаш да дојде со него. Ако доаѓа сама и не го носи покажи и дека треба да го земе, оди ти до кај топчето и пак заиграј ја. Само немој да ја бркаш додека го носи топчето во уста, јас така се зезнав со моево и сега мисли дека играта е „бркај ме за да ти го дадам топчето„ наместо „враќање на топчето„
Вчера вдомив мало кутре од улица многу е исплашено и цивка ама ќе се навикне. Не е многу малечко, може да јаде само. Проблемот е што имам мачка - 8 месеци стара и неможам никако да ги доближам. Знам прв ден дека е ама... Некој да земал мало кутре а веќе имал мачка, како ги зближивте ?
Остај ги сами малку. Јас имам малтезер машко 5 месеци и кога му го доближивме мачето прво се плашеше па потоа си играа, а мачето беше многу мало. Но, брат ми го врати мачето и сега кога не се врти по името му викам МАЦ МАЦ и доаѓа, ужас ако ме слушнат комшиите
На подарок ни дадоа малтезерче 5 ипол месеци, се вика Хепи, ама по името не се врти.Друг проблем е кога ке го пуштам надвор и ќе наидат гости ке почне бесно да лае по нив и не прекинува. Помогнете, некои викаат дека сака да ги избрка, а други дека требало ќотек ама жал ми е !
Не треба ќотек, но треба да му покажеш дека ти си главната. Ако лае ти фати го за муцката и гледај го право во очи и не го прекршувај очниот контакт и обиди се да не трепкаш. (трепкање кај животните значи смиреност) Тој можеби ќе заржи малку, но не се плаши. Кучињата напаѓаат ако осетат дека си исплашена. И да, за името. Секогаш кога ќе му носиш храна викај го по името и давај му ја храната ако се сврти.