Подолго време имав желба да отворам хотел за домашни миленици, хотел во кој што домашните миленици ќе се чувствуваат пријатно исто како да се дома, и нема да се чувствуваат „напуштено„ од своите сопственици додека се на пат или одмор. Имам голема куќа во Волково (викендица) со огромен двор од 1.800 м2 и одма над куќата има убава планина со рекичка. Во план сум да отворам хотел за миленици, првенствено наменет за кучиња (а може и за хрчачиња,морски прасиња,зајчиња,папагалчиња,желчиња и сл.). Сеуште се прави планот каде и како ќе бидат сместени боксовите. Големите раси на кучиња ќе престојуваат во боксовите, а додека малите раси може да престојуваат со нас внатре во нашиот дом. На располагање ќе им биде огромен двор од 1.800 м2 во кои ќе можат да се растрчуваат и да си играат, а доколку сакате ќе бидат шетани и по планината. Засега сум во почетна фаза но на пролет планирам да започнам со правење боксови и сите потребни работи што одат околу чувањето на кучињата. Храната ќе биде истиот бренд со која што ги храните дома, но ако не јадат дехидрат (сува кучешка храна) и ако сакаат домашно готвено јадење, ќе им биде спремено исто како што го припремате вие дома. Исто така планирам да поставам и базен во кои што ќе можат кучињата да се разладуваат во топлите жешки денови. Јас како што гледате по советите што ви ги давам, имам големо искуство со кучиња а тоа мислам дека е најважно кога некаде го оставате вашето куче на чување. Го оставате кучето во раце на човек кој што ги познава кучињата и се разбира од кучиња. Се надевам на пролет ќе ја реализирам мојата идеја и ќе ми биде мило доколку вашите четириножни пријателчиња бидат гости во нашиот хотел
Кога имаш талент и замисла штета е тоа да отиде узалуд, па навистина се надевам дека планот ќе ти се оствари
Доберман браво, јас те познавам од друг форум и професионалец си, во се помагаш, секогаш си тука за добри совети. Со среќа во реализирањето на идејава. Има во Скопје уште 1-2 хотели колку што знам и се букирани постојано посебно во летните денови. Навистина е проблем што да се прави со кучињата кога цело семејство е на одмор пример. Јас го имав тој оооооогромен проблем летово, не можев самојед да земам на одмор на 45 степени, а плус и големо куче а и немаше никој да не прими со него да отидевме Кога станува збор за големи кучиња обично се забранети во оние просечни хотели. Среќа во куќа сум со роднини па они го чуваа, а и дечкоми доаѓаше секоја вечер да го шета. Мислам дека тој период ме мразеше дечко ми, додека јас се сунчав он кучето ми го шеташе . Се надевам на голем успех домерман
Идејата ти се супер. Се надевам овој "бизнис" ќе се прошири и низ останатите градови. Сепак голема инвестиција е, но не сум упатена колку е исплатлива. Како и да е, идејата прекрасна!!!
Хехе, и јас те знам тебе од другиот форум , фала за убавите зборови, и да, со задоволство им помагам на луѓето кои што се интересират и сакаат да научат нешто повеќе за своите миленици Мене ми е мило да го поделам моето знаење со вас, а уште помило ми е што ме прашувате за совети и што се интересирате за вашите миленици. Уште еднаш, фала ви на сите за поддршката и убавите зборови.
Имаш поддршка и од мене!!! Браво за идејава, конечно ке имам каде да го оставам кучето кога одам некаде. Да не се замарам со моите, да го чуваат. Стварно супер идеја! Се надевам дека ке се реализира и ке имаш многу успех во оваа работа!!!
Хехе..баш пред некој ден му велам на татко ми: „Тато, нема ли некоја градинка за кученца да го оставиме и нашето?“ (оти не секогаш сме дома) И ете гледате и тоа ќе постои наскоро. Штета што е во Скопје Кај нас во Штип нема такво нешто па морам моето кутре да го оставам само дома Браво за идејата во секој случај и дај Боже да се реализира. Со среќичка!
Доберман и мене ми е животен сон кога ќе бидам голема и кога ќе имам пари да имам дом или хотел за миленици Моето куче гостин ќе ти биде ти ветувам Стварно ти ја подржувам идеава , само напред
Доберман, ти посакувам МНОООООООООООООГУ среќа, и успешна реализација на твојата замисла зошто тие сонциња заслужуваат се најдобро, а јас лично како некој што чува куче би ми било многу полесно да одам некаде, бидејќи ке знам дека во секое време моето куче би добило професионална нега додека мене ме нема... Браво за идеата
Кога го видов насловот морав да ја отворам темата Идеата ти е одлична Јас сакам да земам некое милинеиче дома куче или маче ама не можам да нјдам Имав пред некое време3 или 4 мачки ама сега ги нема
Од се срце ти посакувам твојата желба да ја реализираш,ако биде така мојата принцеза ќе биде најредовен посетител
Доберман идејата ти е навистина прекрасна, искрено се надевам дека ќе ја оствариш што поскоро и дека ќе го посетиме хотелот, само незнам како би можела да постигнам секој ден да го носам кутрето до Волково па после да одам на работа, искрено многу пат ми е секој ден да ја возам таа дестинација два пати, ќе прашам во тоа зоовет карши универзална или ако има некој друг дневен престој во центар што го бива, а се надевам дека многу ќе се дружиме во иднина во твојот хотел за време на викенди