Јас многу сакам да го џиџам домот за празници ама за Велигден се откажав. Прво затоа што не бев дома а второ затоа што немам каде да ги чувам украсите од Нова Година. Ако верувате имам едно собче околу 7-8 квадрати само за украси ми е, и преполно е. Затоа сега само масата во трпезарија ја украсив, ама немам слика.
Збиркава од фотографии и не ми е кој знае што, среќа и онака што ми текна да си го овековечам делото. Мала е колекцијава, иако поголем дел беше украсен. Ама врши работа. За многу години, до година понакитено.
Велигден во вашиот дом (украсување) Верувам дека нема некој што не сака да ја долови атмосферата на велигден и топлината да ја зголеми во својот дом. Тоа најчесто се добива со декорации,украси кои кога и да ги погледнеме не потсетуваат на претстојниот голем празник, а воедно и ни ја даваат позитивната ведрина/енергија. Дајте некои идеи, или пак ваши украсувања од домот.
Велигден во вашиот дом (украсување) За украсувањето мајка ми е задолжена Секоја година се труди различно да биде.Минатата имавме иста таква машна како на втората слика Мене не ме бива многу за вакви работа така да и препуштам се на мајка ми Еве некои слики што ми паднаа во очи
Велигден во вашиот дом (украсување) овие ми се интересни и лесни за правење, сеуште не сме почнале да украсуваме, но сигурно ке има некоја од овие идеи
Велигден во вашиот дом (украсување) Мајка ми се која година многу убаво си декорира по дома. Имаме велигденско дрвце целото со украсни јајца и пилиња како лампиони,имаме зајчиња што се седнати на полица и им висат нозете,имаме чаршавче велигденско за на маса,корпи со јајца,венец за на врата...се си имаме Обично секоја година се купува нешто ново за да биде поинтересно. Јас обожавам празници и многу ми е мерак кога ми е накитен домот според одреден празник,многу убава,топла атмосфера
Ааа обожавам да декорирам дома небитно дали е велигден, божиќ, нова година јас обожавам да декорирам слики од лани немам али годинава ќе изнасликам па ќе постирам
Прекрасно девојки, преубаво ви е украсено! Морам да признаам дека велигден е најубав ден во годината, барем мене ми е најубав! Ние сеуште ги немаме изнесено велигденските украси и други работи, тоа би требало да се случи наредната недела, така да ветувам дека ќе сликнам и ќе прикачам слики.
За Н.Г. украсувам, ама за Велигден немам таков обичај. Можеби затоа што пократко се слави, а и повеќето немаат навика за украсување. Сакам да ставам украсна кошничка, можеби некое пиленце и да се потрудам околи декорирање на јајцата. Ги преферирам во црвена боја, а за дечињата ги правам пошарени, бидејќи тие најмногу се радуваат на нив. Многу голем избор има во Џамбо. За секакви цени има многу интересни украси.
Не го украсуваме домот за Велигден, не ни сме го украсувале. Може да најдам некоја убава кошничка и да ставам некои интересно вапцани јајца и тоа е тоа. Иначе сакав да кажам, ама гледам форумџиката над мене ве известила.. Во Џамбо има многу убави украси за во домот, поминете, ќе најдете скоро се што ви треба за украсување во домот Видов имаше кошнички, зајчиња, пиленца, слама..