Како се справувате со дамки (флеки)?

Дискусија во 'Дом' започната од peperutkaa, 13 јануари 2010.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    99.994
    Пол:
    Женски
    :D
    Прво ако обелеле сигурно е од јак детергент,и плус ако не е квалитетен памук,не очекувај дека ќе имаш гаќички во боја како што си ги купила од продавница...а за белите можеш да ги испереш со варикина или вениш.Мене варикината ми е подобра лично и поефтина.И обавезно машината ја враќам на преплакнување неколку пати.
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Флеката пробав да ја чистам со ацетон и го зголемив дијаметарот на точката, после земав со омино бианко но со мнооооогу триење едно 15 минути и со поголема количина од средството верувале или не се исчисти :clap: .

    Но сега имам друг проблем, на бела маичка ми падна од патлиџан салата и провав со бианкото но не успешно :o :o ... Флекава само избледе но целосно не успеав да ја тргнам, некој друг начин?
     
  3. Pixel

    Pixel Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Драги феминки да ве прашам како да извадам дамка од млеко за тело од Бекутан на панталони пробав ги исправ ама уште малце се познава баш од напред е ??? Ви благодарам
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Како да извадам дамка од кармин на хартија? :tmi: :$ :lol:
    Важна хартија :!:
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    [​IMG]

    вакво исто само во мало пакување-кесичка го земав од дм маркет за избелување на алишта..имав еден прекрасен прслук кој го уништив и сега со ова само еднаш му ставив обеле и тоа добро..треба уште еднаш и ќе биде ко нов....топло го препорачувам...

    ќесичката е околу 30-35 денари
     
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Отстранување на лак за нокти од дрво

    Прво правило: не користете отстранувач за лак за нокти на дрвото. Тоа всушност го уништува завршниот слој на дрвото и остава нови дамки кои изгледаат уште полошо. Без паника, затоа што сепак постои навистина лесен начин да го решите овој проблем. Само испрскајте на истурениот лак со многу спреј(лак) за коса, оставете го да отстои околу 20 секунди и потоа со памуче избришете. Можеби ќе биде потребно да го повторите овој процес неколку пати, но е многу подобро отколку да имате флекав мебел.

    Отстранување на лак за нокти од платно

    Веројатно еден од најчестите проблеми со лакот за нокти, а истовремено и малку зафркнат. Отстранувачот на лак за нокти може да навлезе во одредени бои и ткаенини (тоа всушност ќе го стопи ацетатот), па затоа направете мал тест на една точка пред да го употребите. Ако го употребите на ткаенина, задолжително исперете го парчето облека потоа. А, ако отстранувачот на лак за нокти не е опција, секогаш можете да се обидете со лак за коса. Хемискиот растворувач исто така најчесто може да отстрани лак за нокти, па ако не можете сами да го отстраните однесете ја облеката на хемиско чистење.

    Отстранување на лак за нокти од коса

    Ако сте биле во брзање и на крај сте завршиле со уништени нокти и обоена коса, има многу лесно решение. Доколку лакот е се уште влажен, само земете отстранувач на лак за нокти без ацетон и поминете врз офарбаните прамени коса. Ако е веќе исушен, ставете кондиционер или некое природно масло (ореово, чичково и сл.) и тријте го на косата се додека не почнат парчињата лак да паѓаат.

    Отстранување на лак за нокти од тепих

    Прво, каква боја е вашиот тепих? Ако е светла боја или бел, најдобро е да користите отстранувач на лак за нокти без ацетон. Ако е темен и не сте сигурни дали бојата на лакот може да го уништи, обидете се со лак за коса или потурете алкохол и потоа пробајте да го отстраните со сунѓер или хартиена крпа. Немојте да се откажувате ако изгледа дека лакот излегува многу полека, без крај - сепак сакате да го извадите целиот.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    пробај со арис де грас. вади мрсни дамки.
     
  9. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    Вениш ја побелува облеката?
     
  10. pms

    pms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Драги феминки, итно ми треба помош-
    Го средував гардероберот и решив да ги исперам сите зимските блузи и да ги спремам за новата сезона.
    Ама со сите мои омилени и најнови блузи и туники сум ставила една црвена сукна што само еднаш ја имам облечено :envy: :envy:
    И сега повеќе од 10 блузи ми се ишарани со црвена боја и целосно ми се упропастени!
    Ве молам кажете ми како да си ја спасам зимската гардероба или зимава ке шетам со неколку блузи :@
    :@
    Прочитав погоре дека го препорачувате Омино Бианко и едно друго грчко средство Еурнко оксиген.
    Кое е подобро, или препорачајте нешто подобро.
    Фала многуу
     
  11. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    јас имам дома омнио бианко, ама го користам само за бели алишта. има едно, мислам дека само во веро го има - smacio tuto, ова вади флеки ептен добро, само не знам дали е и за шарени.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    ^ Jaс Омнио ставам и на обоени алишта. Ги вади флеките и бојата останува иста на алиштата
     
  13. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случи истово со една блуза пред неколку дена, тегет со бело и кај белото ми се направија флеки од црвена блуза. Си реков дека ќе биде за по дома блузава ама скоро купивме едно средство концентрат е Crystal wonder пишува на него, ама шишето не е оргинал се гледа, башка го купивме од човек на кутија што продава ( по препорака од братучет ми кој извади флеки од колата кои скоро година се трудел со се и сешто да ги отстрани). не верував ама си реков да пробаме. Ја трлав блузата со средството и ја ставив во леген да отстои. Утредента ја исправ и како нова е. Иначе на средството пишува и дека можеш да ставиш едно капаче во машина за стоени флеки.
    А кога го купивме уште по пат седнав на смола со фармерките. Јас се разочарав ама дечко ми зема одма истури врз флеката и протри малку. Флеката ја немаше, само ги исправ отпосле.
    Исто и лом направи бела блуза со уље, за 1мин. немаше ни трага од уљето, а исчисти и едни панталони извалкани со уље пред неколку месеци.
     
  14. pms

    pms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Fala mnogu na odgovorite.
    Uste istata vecer gi staviv vo peralna na 60 stepeni, gi izbrav site dodatni opcii na masinata :)perese skoro 4h, ja cekav do 5 sabajle i za sreka veke gi nemase damkite. Mnogu bev srekna :D
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Оцет, сода бикарбона, детергент за миење садови, амонијак и водород се од голема помош во отстранување дамки и дејствуваат на сите дамки, од животно, кечап, крв и слично. Следете ги овие пропорции и користете ги кога ќе ви затребаат:
    - Оцет: ½ чаша оцет и ½ чаша вода
    - Сода бикарбона: ¼ чаша сода бикарбона и ¾ чаша вода
    - Безбоен детергент за садови: ¼ лажичка детергент и 1 чаша вода
    - Амонијак: 1 лажица на амонијак и 1 чаша вода
    - 3% Хидроген: ½ чаша вода и малку хидроген
    Овие мешавини се применуваат на дамките со сунѓер или крпа. Дорбо протријте и оставете 10 – 20 минути или неколку часа да дејствуваат (откако сте го тестирале на мал дел од ткаенина или на местото кое треба да се чисти), а потоа исплакнете со вода.
    Земјата од ќилимот најдобро ќе ја исчистите, ако чекате таа да се исуши, исчистете го со правосмукалка колку што можете, а потоа тријте го местото со крпа со смеса од детергент и топла вода. Со чиста крпа отстранете го ја сапуницата и повторете ја постапката. Снегот истотака може да остави флека поради сполта со која се посипуваат улиците. Валканото место поминете го со правосмукалка, а потоа ставете смеса со оцет и со крпа исцистете ги дамките одејќи од надворешните рабови нагоре, а потоа да продолжете да чистите со детергент и топла вода, и на крај поминете го местото со влажна крпа.
    Дамки од урина или измет (на милениче или дете) ќе го отстрани мешавина на детергент и топла вода, откако ќе се апсорбира вишокот со крпа или со тоалетна хартија. Добро натопете го валканото место, а потоа користете влажна крпа да се отстрани сапуницата и дамките. Ако дамкиата сеуште се видлива, користете оцет и сода бикарбона.
    Дамки од повраќаници најдорбо ќе ги отстраните со ходроген, што се остава да делува неколку часа, а потоа употребете оцет, па завршете со триење со влажна крпа.
    Што се однесува дамки од крв, користете раствор од детергент со ладна вода, ако дамките и натаму се видливи, тогаш употребете раствор од амонијак да дејствува неколку часа, а потоа сипете го растворот од оцет и бришете со влажна крпа.
    За дамките од храна, кои се наоѓаат во кујната на плочките и рерната, користете раствор од сода бикарбона, а се применува со триење на местата и оставање да дејствува 15 – 20 минути. Потоа, исчистете ги местата со влажна крпа и уживајте во повторниот сјај.
    Истото решение може да се користи за чистење и на микробранови печки. Оставете го растворот малку да се загрее во микробранова печка и ќе забележите како ќе се создаде пареа која ја зафаќа внатрешноста. Земете сува крпа и избришете ја целата површина, а за “поупорните” дамки, повторете го процесот.
    За дамки од црвено вино користете детергент за миење садови и оставете го преку ноќ да дејствува, а потоа исплакнете. Може на валканото место веднаш да се истури сода бикарбона , за да впие повеќе течност и да се намали ширењето на дамките.
    Со истиот раствор може да се отстранат и дамки од овошни сокови, но со врела вода. Растворот оставете го да делува неколку часа, а потоа исплакнете.
    Дамките до сос од домати најлесните се отстрануваат со раствор од амонијак во топла вода откако ќе се измие местото со дамки. Се остава да дејствува неколку часа, а потоа исплакнете со млака вода. Ако дамките се сеуште видливи, повторете ја постапката со покусо време на дејствување. Истото важи и за темните овошни сокови, како што се боровинки или цвекло.
    Дамките од кафе се третираат со ладна вода, а потоа со мешавина на детергент и вода. Исплакнете со топла вода, а ако дамката сеуште е видлива, користете раствор на хидроген и вода, па исплакнете со вода.

    prevzemeno od kukupiku :)
     
  16. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Јакната од еко-кожа (бела е) што ми е си ја исфарбав на ракавите од црвена маичка и сега е целата прошарана со розевко, негде повеќе-негде помалце ама сепак се гледа, пробав со вениш ама не се вади, дали ќе се извади ако ја однесам на хемиско чистење??
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Порано му бев верна на Вениш и на тој за шарени и на тој за бели алишта, па почнав да го користам Omino Bianco и подобар ми е. Интересно е што детектира дамки :D Кога ќе истурам врз делот кај што има дамка само точно врз дамката се појавува бело. Ми извади боја од црн маркер и сок од вишни без мака, но беа свежи дамки штотуку направени.
    Ако е позастарена и засушена дамка и нели треба да се трие, никако со голи раце ја прави лом кожата...многу е јако и мене како бели дамки ми се појавија и сега само со ракавици.
     
  18. steal

    steal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    26
    феминки јас флеките ѓи вадам вака дирекно на флеката ставам алкохолен оцет и сјај го оставам да се исуши убаво и после во машина со друѓите алишта излегува 100посто,кога успевам на децата блузите исфлекани од манџи во градинка да изваде за друго не правам муабет имам вадено дамки од вино,крв зејтин црвен пипер.пробајте нема да зажалите
     
  19. steal

    steal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    26
    ај ве молам за помош како мозам да извадам флека од платнена гарнитура детето ми поврати на нејзе и не мозам да ја исчистам помагајте ве молам нова ми е месец дена како ја имам :(
     
  20. dangthe

    dangthe Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Алишта офарбани при перење

    Здраво, ме интересира дали има начин да се опраат темни алишта што попримиле боја при перење? Имено, имам темна сиво-виолетова, карирана кошула и при перење попримила тинта и флеки од друга црвена кошула. На нет гледам само совети како се оправаат бели алишта кои по грешка ќе се офарбаат, а не можам да најдам инфо за алишта во боја. Помош?