Долго време размислувам дали да купам кожна гарнитура? Ми треба совет од некој што има дали е практична и лесна за одржување. Многу ми се допаѓа кожна гарнитура затоа што го прави ентериерот поелегантен и постилски.
Да. Покрај тоа што е погламурозен, дефинитинво е и полесен и за чистење и одржување, така да не му ја многу мисли.
Не се двоуми одма купувај Ние дома имаме кожна гарнитура црна и креветот во спална ни е кожен,до сега одлично се одржава значи 10 години е во употреба. Еднаш на 3 месеци ја мачкам со Ердал. Инаку малата до сега колку пати истурила млеко,вода не ни бројам . За одржување е 5+. За разлка од нас,золва ми зема на крем кожна гарнитура ама целата и потемне и тоа децата и се каде-каде поголеми ,ќе речеш повеќе пазат дали е до квалитетот незнам. Нашата е од Леснина и јас сум презадоволна,кога би купувла пак дефинитивно би била пак кожа!
и јас сакам кожен мебел, ама не знам од каде да купам. едни мои комшии купија од Елите Софа, салон во Визбегово и многу се задоволни. Сте слушнале за салонов?
и јас сакам кожен мебел, ама не знам од каде да купам. едни мои комшии купија од Елите Софа, салон во Визбегово и многу се задоволни. Сте слушнале за салонов?
Неее!! Лето неможеш на раат да си седиш.. Братучетка ми има кај нејзе у стан (бел) не е лесен за оддржување а и лето не е пријатен, нозете за него ти се лепат
и ние имаме кожена гарнитура бела сега за сега е добра и ја чистам некогаш со влажни марамици некогаш со средство за стакло бришење
Е ако продолжиш така, нема уште долго да ти е добра. Кожата не се чисти со влажни марамици и средство за стакло, туку и треба специјално средство за потхранување на кожа (1-2 пати во месецот), вака има максимално да ја уништиш.
и нашата е кожна, од моите е, но не ми се допаѓа, посебно во лето, толку многу поти, затоа сега и купив навлаги, па сега со нив е далеку подобро, ја чистам со еден крем за кожа од хемал и тоа е... и повеќе сум за материјална гарнитура отколку за кожа
Јас не ја сакам кожата. Воопшто не ми е пријатна за седење. Колку сака нека е поквалитетна, ама мене воопшто не ми е убаво чувството кога ќе седнам на кожа, а камо ли да лежам на неа. Јас не купив ништо кожно во домот.
Имаме кожна гарнитура, и си преферирам кожа. Точно е дека летно време поти ама може секогаш навлака да си ставиш. А може и подобро е да не ги ставаш, кожата си е кожа, и дас е испотиш ќе ја избришеш ем ке се освежи ем чисто ем на убаво мириса. А оние другите кревети и да се потиш и да истуриш нешто, си останува внатре и се умирисува. Така да 100 пати, кожа!
Ние имаме гарнитура од чиста кожа ја купивме половно многу добро е сочувана ама не сум задоволна бидејки кожата не ми е некако удобна за сдење и планираме си купиме нова од некој друг материјал
И ние имаме кожна гарнитура и одлична е Гледам често се жалат на неудобност, но нашата е супер. И супер лесна е за одржавање. Од мене големо ДА за кожен мебел
Многу сакам кожен мебел, од секогаш сум сакала и планирам да имам. Од аспект на удобност, може да пречи потењето, ама сепак не се откажувам, желба ми е од секогаш а мајка ми не сакаше, ми остана уште кога ќе се омажам да имам.
Јас никогаш не би одбрала кожен мебел.. искрено, се чудам на ладнокрвноста ваша кога пишувате колку е пријатна и удобна и незнам што уште не. Па тоа е животинска кожа, тоа животно живеело и дишело пред да го зовријат за да луѓето може да имаат „елегантна“ и „софистицирана“ гарнитура! И ве молам, не пишувајте коментари во стилот на: па тоа веќе е мртво, јас не го убив - бидејќи, додека има побарувачка, до тогаш ќе има и убиства на невини животни заради човечка лакомост. Лично, имам два троседи во дневна од кожен заменител (како и да се вика тоа) и сум задоволна. Се одржува лесно, квалитетни се.