Мали огласи за домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од Lilit, 5 јуни 2011.

  1. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Во врска со малтезерот многу зависи и самиот негов газда како ке го воспита кучето,јас чувам 2 малтезера и далеку од тоа дека се врзуваат за една личност или дека се нервозни...секое куче кога ке го малтетираш ке е нервозно,јас баш мислам дека се многу пријатни и внесуваат позитивна енергија во домот,ма одлични се :)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. amara

    amara Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Ке ве молам по упатените да ми објаснат некои работи. Вака. Сакам да купам куче од расата Котон де Тулеар. Прашав преку Купи миленик ми рекоа дека се увезени од Србија и дека коштаат 400 евра. Се поврзав со една одгледувачница директно од Србија и ми рекоа дека е 500 па после ми пушти не знам колку маили за да ме врбува да земам куче од кај него и дури кога јас понудив цена без проблем ми ја симна не се ни ценкаше. Многу сумњиво ми беше тоа. ПОсле се поврзав со една друга одгледувачница од србија и таму ми рекоа 600 евра со се превоз до тука. Сега на форумов читам дека Српските одгледувачници не се проверени затоа што кученцата можат да бидат со генетски маани и дека е подобро да се земе кутре кое е родено во домашни услови. Може ли некоја ако не ја мрзи на ми објасни подетално какви се тие генетски маани... Исто Мелита работи ли со животни сеуште и ако да каде? Многу сакам да е мало, бело и со долго влакно. Би зела и мешанче само да знам дека ке е мало бело и рунтаво.
    И ако некој има број од ветеринарот Диме и каде работи ке ве молам да ми пише. :) Фала
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Добро што праша е не се зезна.
    Немој значи немој,никако да зимаш од непроверени одглудувачници,особено не од Србија.
    Таму кученцата се често нечистокрвни,со фалсификувано педигре,генетски наследни болести(болести кој се јавуваат кај кучиња,а се наследни),деформитети и сл.
    Исто Мелита,работи со кучиња од такви одгледувачници.Зима кученца за 200-300 евра а ги препродава тука и по 600 па и 1000 евра.
    Мислам дека ти е веќе јасно зошто толку лесно се сложиле да намалат цена.
    Кучињата од купимиленик,се доста сигурни и безбедни.
    Одговорно тврдам дека увезуваат потполно здрави кучиња со целосна документација.
    Можеш да си земеш од купимиленик,само ете малку се поскапи.
    Или пак можеш директно да појдеш дома кај некој одгледувач да го погледнеш леглото,да побараш книшка и потврда дека родителите немаат генетски наследни заболувања и ќе бидеш сигурна.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам исто што и Кики... не само од Србија, туку и во други земји. Некои одгледувачници дури ги маскираат кучињата.. им ставаат панделки на вратот ако имаат некоја рана таму, со фотошоп сликите ги дотеруваат. Купимиленик неможат да си дозволат да увезуваат такви кучиња зошто повеќе сакаат да победуваат на Кинолошки натпревари одколку пари. Мислам, со победувања на нивни увезени кучиња, повеќе фанови имаат и купуваат од нив.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Да водеа толку грижа Купи миленик, пред да продадат куче ќе анализираат кому го продаваат, зашто да победи кучето на Кинолошки натпревари, колку влијание има генетиката, толку има и исхраната и негата. Некаде 50-50 иде тоа, џабе добра генетика, ако го хранат со неквалитетна храна, нема да се оформи добро кучето и тешко да победи на такви настани. Инаку постојат одгледувачи кои го пратат кучето и откако ќе биде продадено, го следат како е чуван од газдата, дури и договор се потпишува ако не се одгледува добро дека може да биде одземено.

    Инаку, се сложувам дека не е добра опција да купиш од Србија или од некој друг сосед. Ама ете гледаш и Купи миленик од таму ти рекле дека увезуваат.
     
    На Papillon.Papi и kikkki им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    А кој вели дека не контактираат со луѓето што ги земале?
    Појди на сајтот на купимиленик и ќе видиш дека има објавено сликички од веќе вдомени кученца.
    Друго,ќе се сложам со тоа дека колку е важна генетиката,толку е важна и храната и како тогаш кучиња увезени до купимиленик ќе победуваат на изложбите и ќе бидат најтрофејни,а не се добро одгледувани и хранети?
     
  7. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Морам да признаам дека до пред да исконтактирам со ,, купи миленик ,, ги сметав за професионалци, но откако мојата Мина се окучи и им понудив да ги постават на сајт моите девет кутриња кои припаѓаат на расата Lagotto Romagnolo (која всушност е ретка италијанска раса), а тие никогаш не беа чуле за истата, ми стана јасно со кого си имам работа. Навистина се разочарав бидејки нели важат за едни, можеби единствени кои имаат ретки раси на кутриња. Но што е тука е.
    Не сакам да повлечам лавина од препирања и негативни коментари, само го кажав моето искуство.
    Поздрав.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Чупе, прво, мнооооогу сум ти благодарна што си ја донесла расата Лагото Ромањоло. Навистина, многу се прекрасни кучиња, не се митарат, не смрдат, хипоалергични се. Јас да би имала можност, без да размислам би земала. Веднаш кога го видов огласот (на пазар 3 мислам дека беше или реклама 5) сакав да се јавам, но татко ми кажа дека биле големи. А, купимиленик, дрски се кога се гледа во предвид нова раса на кучиња. Јас кога им нарачав папилон, ме изигнорираа! :| И, ете, нема да ми се исполни сонот поради нив. Но, воглавно, кутрињата што се од кај нив се здрави.
     
  9. amara

    amara Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Фала ви многу, малку од малку ми се разрешија дилемите во главата. ЈАс не сакам куче за изложби, сакам само да ни биде дел од семејството и децава да ми растат со него. Исто како кога јас бев мала и растев со кученце. Поздрав и се читаме :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. amara

    amara Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Pak jas. Ama moze li nekoja da mi objasni dali go znae covekov i kako raboti toj. I sto znaci toa deka nema kucencata rodovnik. Znaci ne mi e bitno da se so pedigre ama sakam da e zdravo. Se nadevam komentiram na pravoto mesto. Ako ne sum brisete me i kazete mi kade da prasuvam. Fala i neka vi e Srekna NOvata Godina i se naj naj ubavo vo nea. Eve jas posakuvam edno kucence da si zemam vo ovaa godina :)
    http://oglasuva.me/o/zivotni-i-milenici ... nci/36782/
     
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Искрено јас вака од огласов не ни знам за кој зборуваш ама не го зимај без педигре.
    Не ти треба педигрето само за изложби,педигрето ти е доказ дека кучето е чистокрвно и дека парите што ќе го дадеш за тоа куче,не ти се фрлени во вода.
    Гледај да има педигре(родовник) и книшка.
     
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој знае колку се плаќа царина за увезено хаски мало од Србија од одгледувачница ама лично купувачот да си го внесе во Мк?? :)
     
  13. Slikaprilika

    Slikaprilika Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    Дали знаете некој што дава пинч на подарок?
     
  14. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Се продаваат црни кученца од расата Лабрадор. Има машки и женски кученца слободни за продажба. Родени се на 05.12.2013 , а слободни за превземање се веднаш.Кученцата се прегледани од ветеринар, прочистени од паразити, вакцинирани и имаат комплетна документација-педигре ,работна книшка и здравствена книшка. Мајка : Бела - Леа (жолта), оценета одлична - 5. Татко: Артур - Боб (црн), донесен од Србија, оценет одличен - 5, титули JCAC, BOB. Кученцата се од квалитетно легло и имаат изложбен потенцијал. Можат да се видат во секое време. Само за вистински љубители на расата кои ќе ги чуваат кученцата правилно!
    [​IMG]
    [​IMG]
    Roditeli
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Crystals21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 3ckap3cka

    3ckap3cka Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    7
    Здраво Феминки! Сакам да земам Ши тцу дали некоја знае која е цената ? :$
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ши цу е една од поретките раси тука, па скапи се. 250 евра можат да бидат најмалку, а најмногу 500. Инаку, лохални и слатки се.
     
  17. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Не сум сигурна дека ќе најдеш пинч на подарок но ако не сакаш да даваш пари спаси некое кученце од вардариште или од некој што подарува мешанчиња. Но можда ќе најдеш ако имаш среќа. :)
     
  18. cooper

    cooper Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Се подарува прекрасно женско куче, старо 1 год, многу е весело и сака да си игра. Добивате попуст за стерилизација од 50%
    Кучето се наоѓа во околината на Струмица.
    За подетално инфо, пишете ми во лп.
     
  19. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    На страната на Спас за животните-здружение за вдомување на животни, на фејсбук, има објавено дека се подаруваат кученца од оваа раса. Можеш да се јавиш на бројот што го имаат оставено за контакт. :)
     
  20. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Барам мало,расно,слатко кученче,старо 2-5 месеци.Со здр.книшка и вакцинирано.Нешто од расата на yorkshier terrier или maltazer или ако имате друг некој предлог за мали кученца.Преку купимиленик сакав да порачам но беа 550 евра,што за мене е многу.Реално сакам да ме кошта до 300 евра.Барам долго време еве и овде сакам да огласам.Ако продавате или имате некој предлог од каде да купам или знаете некои ваши пријатели што продаваат контактирајте ме.Ставете негови слики и пишете ми за цената.Од поголемите кучина сакам златен ретривер исто така да е старо 2-5 месеци но со златно золта нијанса на влакното(не бело) :*