Здраво дечки Комплетно го реновираме станот и ме интересира дали некој од вас има искуство во изборот на мебел во поглед на цената и квалитетот. Гледам доста реклами на телевизија и не знам што да верувам некои од салоните кои продаваат италиански мебели ми се премногу скапи. Забележав дека во Мебел-Ви има интересен избор и цените не се многу високи, но не знам колку е квалитетен нивниот мебел. Што мислите вие за сето ова, вашата помош ми е повеќе од потребна !!
Ние сега исто го реновираме целосно нашиот стан и ние гледавме во мебел ви и навистина има преубави мебели но во дома мебел се навистина прекрасни додека во монтенегро прескапи...
И јас сум на иста мака. Само што не сум од Ск и реновираме куќа. Немам блага веза што сакам т.е знам јас што сакам (црвено-бело или црвено-црно) ама маж ми не ги сака тие комбинации на бои. А се ново треба да купуваме (кујна, комода за ТВ, гарнитура). Гледав слики по другите теми, ама ајде можеби ќе се најде овде некој да ни постира целосно слики од кујна+дневна+трепезарија и комбинации на бои.
Па и дома мебел не се баш нешто ефтини. И ние бараме мебел за нашиот нов дом и ... имаме уште што да гледаме. Ни фати око една гарнитура од канапе колекшнс (ако не ги знаете се на пат према Охис од десна страна). Они се всушност производство и се многу флексибилни, може да направат било каква комбинација и сето тоа а инаку произведуваат за извоз за Германија. Многу ми е важно гарнитурата да е квалитетна не сакам да ми пропадне за две години па џабе била ефтина, нели? Во мебел-ви бевме, во ОТО мебел бевме, во Симпо бевме и во тоа Канапе. Има уште за гледање... па ќе видиме... еве што не бендиса, ама сакаме верзија тросед-двосед-табуретката.
Јас би ви ги препорачала Зона мебел и Дом италиа, доколку ви одговараат цените. А исто така добри се и Симпо, Горење...зависи кој стил и каква цена одговара.
Нов мебел од каде??? Здраво! Ние сме млад брачен пар и реновираме дома.Имате ли некој предлог од каде да купиме мебел?Бевме во Мебел ви,имаат добар избор но незнам колку се квалитетни за тие цени што ги нудат???????? Бевме и во Монтенегро но ми се чинат прескапи.
Нов мебел од каде??? Mебел ви некако ми имаат многу мебел со поминат рок, гледам по телевизија ( во Нивен салон не сум Била) и на фб ама никако не ми допаѓа. Монтенегро скапи се но барем се убави и квалитетни. Симпо го посетивте ми се допаѓа нивниот квалитет а и се во тек со модата, мислам сепак кога даваш пари да биде и убаво и квалитетно. Кристина Дамил исто така нудат добар избор.
Нов мебел од каде??? Нас дома мебелот ни е 80% од Мебел Ви и за квалитетот можам да ти кажам дека е одличен. И траен А имаат и многу убави и модерни модели, посебно гарнитури за седење и трпезариски маси
И ние реновиравме скоро, па мислам дека едно 6-7 месеци си шетавме по салони. Всушност првиот месец разгледуваш и поим немаш што ти треба, па почнуваш да сурфаш на нет, па финансиски конструкции-фујј....боли глава Ама се заврши Туку, ние правевме комбинации и се ни е од различно место-бидејки по некое време знаевме точно што сакаме. Монтенегро и Натуци се супер ама и од цени боли глава-па мој совет е, ако станува збор за комода, масичка па дури и шкаф-земи си проспекти, види шеми и оди на столар(проверен секако) па 50-80% ке биде поевтино Нели ако Македонче не се снајде, кој? За гарнитура, столчиња, кревет... пеки-мора да издржува оптеретување, па не би се решила за столар варијанта. Кристина Дамил, Мебло, Фејдом, Дормео,Икеа, Дома мебел-имаме од се по нешто ама за квалитет ке ви пишам по 2-3 години. Ах и да-внимателно со лизгачките плакари-ние ставивме, ама сега ме јаде јанза и мислам дека можеби ке беше подобо да беа обични. Како и да е бидна работата
Зошто сте незадоволни од лизгачките плакари? Ние сакаме такви да ставиме во спална и едниот ходник, ми се гледаат практични, нема врати отварање распоред каков си сакаш и по мерка од крај до крај. И ние за мебел каде се не гледавме, Дома мебел, Мебел Ви, ОТО мебел, Симпо, Канапе колекшнс, Кристина Дамил, Монтенегро, Југоекспорт стил, Леснина Ми, Фатина и тн и тн.... Секаде се наоѓа по нешто, ама на пример Монтенегро и Дома мебел имаат навистина високи цени.. Мислам, претерано за нап стандард. Најпоследно што ни се бендиса е една гарнитура од Фатина, увозна, бафало кожа, тросед, двосед, фотелја комбинација. Моментално е на -40% попуст (од 118,000 на 70,000) и некако ептен ми се уклопува со она што имав замисла, да е минималистичко, без огромни наслонувачи, да не биде премасивна, затоа што кога ќе видам тросед а огромен со такви огромни рачки, навистина не ми се допаѓа. Не сакам да го угушам просторот, сакам да не фаќаат огромен простор, а сепак да се убави, цврсти и се разбира, удобни.
Здр Ние денес исто бевме по салоните за мебел и видовме прекрасни работи но и многу скапи. Бевме скоро во сите салони но на крај се вративме во Мебел-Ви и покрај се гледавме квалитет,дизајн,цена и испорака.Сите овие работи некако се поклопија овде и очекуваме да видеме дали ке ги исполнат нивните обврски како што ветија. Видовме премногу убави работи од новата колекција ,купивме маса и столови по многу достапни цени. Како за споредба не е добро да ги именувам и ,прескапи цени но да се надеваме дека тоа што го гледавме и дека ке го добиеме? До сега не сме имале искуство со нив но со други фирми за мебел сме чекале и по два месеца и на крајот добивме друг модел на аголна гарнитура која ние не ја избравме. Дали некој имал искуство со Мебел-Ви бидејки артиклите беа прекрасни ги плативме и ке чекаме испорака 7 дена???
Сакам да ве известам дека ја добивме робата од Мебел-Ви и многу е прекрасна дома кога ја наместивме уште поубави ни се видоа столовите и масата. Екстра ееее. еве да видете кои ги имам купено и се надевам дека ке ви се допаднат. само столовите бели ги земавме http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater
Здраво.Ме интересира дали имате искуство со гарнитури од Istikbal,од каде ги земавте (зашто на сајтот на Истикбал пишува дека во Македонија имаат салони во Куманово,Тетово и Гостивар),како им се движат цените и како сте задоволни од квалитетот Фала однапред
Девојки кој е подобар материјал за гарнитура (иста како на сликава), јута или микрофибер? Јутата е малце поскапа, а ме интересира и која е подобра за одржавање.
Евтини се гарнитурите во Истикбал, јас лично незнам што квалитет имаат ама сум била кај луѓе кои купувале од таму. Тоа ти е некој среден квалитет јас што велам Икеа работа . Ама анатомската столица за компј. што ја зеде братучед ми за 6 000 ден. кожна ептен му се погоди, веќе 5 год како ја користи и нема да мрдне. Во Куманово е на влез на Ку-во, пред зелениот пазар (значи на први семафори на влез на Ку-во право и на едно 20-30м е веднаш од десна страна, нема што да утнеш салонот е голем со голем натпис) [quote="Srekicka"]Девојки кој е подобар материјал за гарнитура (иста како на сликава), јута или микрофибер? Јутата е малце поскапа, а ме интересира и која е подобра за одржавање. [/quote] Што и да решиш нема да погрешиш, иако мислам дека јута е поквалитетна. Сепак тоа е платно. Најтешко за одржување е еко кожа (ама онаа правата не она што е имитација на еко кожа)
Од канапе гарнитурата што си ја купив , со мали измени и дополнувања, т.е јас ја одделив, затоа што просторот ми е поинаков, има камин помеѓу двата дела, инаку е многу убава, и доста сум задоволна сега за сега.
Јас дома имам гарнитура (двосед, тросед и фотеља), мала масичка, трепезариска маса и столови од Мебел ВИ и морам да ви кажам дека сум презадоволна и од квалитет и од цена, и од соработката со пресолот. Столовите се кожени и на седнување пукна кожата од столот ( го закачив со фармерките) се јавивме во Мебел ВИ и во рок од една недела ни го заменија столот без проблем. Ги имам 2 години и досега сум задоволна од квалитетот, а се надевам дека ќе се покажат и за понатаму .