Се надевам нема ваква тема, а ако има - КЛУЧ (ако е дупла би ве замилила за линк од оригиналот) Па вака, во оваа тема би сакала да си подаруваме миленичиња наидов на многу вакви страници на фејсбук, но овде ненајдов ваква тема Се надевам добро ке функционира Правила: -треба да се стават слики од милениците кои се подаруваат -милениците може само да се ПОДАРУВААТ, не и да се ПРОДАВААТ -информациите може и тука да се напишат, но може и заинтересираните да побараат податоци преку лп -мора да се извести ако миленикот е подарен за да знеме дали е вдомен или не -претходниот сопственик на миленкот ако сака може да побара слика од својот миленик (кој е вдомен од друг човек) за да се увери дека му е добро, дека не е малтретиран... и најбитното правило - МИЛЕНИЦИТЕ (КУЧИЊАТА ВО СЛУЧАЈОВ) НИКАКО НЕСМЕАТ ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ("ВДОМЕНИ") ЗА БОРБИ СО КУЧИЊА ИЛИ БИЛО КАКВИ МАЛТРЕТИРАЊА! СОПСТВЕНИКОТ, КОЈ ГО ПОДАРУВА МИЛЕНИКОТ МОРА ДА БИДЕ СИГУРЕН ДЕКА МИЛЕНИКОТ КЕ ОДИ ВО СИГУРНИ РАЦЕ! ( се надевам нема вакви НЕЛУЃЕ на форумав, но морав да го напишам и ова правило за секој случај) Јас имам маченце кое би сакала да го подарам, но се извинувам што засега немам слика од него (в село е, одам во недела (наредната), ке го сликам и ке го постирам)
Никако клуч!Темата ти е совршена, стрпи се малку...Барем сега имаме кај да пишеме кога имаме некое невино душиче за вдомување
Ози следи ја страната на фб, таму објавуваат ако случјано некој подарува персиско... http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-Z ... 9817651321 ама не верувам и овде да најдеш, пошто одма ги зимаат, плус на неколку пати имам начекано како подаруваат и тоа еднаш имаше 3 годишно маче на подарок. Мое мислење е, немој. Мене мојот на година ипол ми го подарија скоро два месеци е кај мене и уште неможе да се опушти кај нас. Подобро собери пари и купи си, има луѓе што ги продаваат, од 50 евра па нагоре. Оти малце се деликатни персиските, се чуваат претежно дома, нели сега ако сакаш можеш да го пушташ надвор али не ти препорачувам, зашто прво може некој да ти го украде, второ домашни мачки се и го немаат инстинктот за борење и трето ако ти фати болви кај ти е крајот. Ако го земеш постаро може и да ти се ретардира, паѓаат во депресија, мојов беше во депресија некое време откако ми го донесоа. Само спиеше, не се ни галеше, ни играше...
ја сакам поклонче машко бело или златно ретриверче со педигре, прочистено и вакцинирано до 2 месеци старо.
Ретко кој ќе подари миленик со педигре. Некој од тоа заработува прави бизнис. Единствено ако се работи за некој мелез или пак од толку многу роденчиња нема што и да им прави па тогаш да подари, али и тоа ретко.
^Мислиш ретко кој подарува расно маче Оти кај мене е персиско без педигре Исто можеш да проверуваш и на пазар3 често и таму има луѓе што објавуваат дека продаваат персиски мачиња.
абе знам. ова појше иронично е кажано пошто со ценине 300 за машко и 250 евра за женско не се нормални.
Е тоа да. Скапи се. Раса си е раса. Но јас повеќе би избрала кученце "од улуца" и тие се душички, така мали оставени сами на себе, никој не ги згрижува па после нормално дека ќе се агресивни. Ќе се најде некој ненормален и ќе ги малтретира, стварно крајно недолично. Греотичка... Јас кога би имала можност би згрижила и 5, а не едно,но да имав услови...
Зошто под убаво кученце подразбирате расно? Зар мелесчињата се грди? Ако се тие убави тогаш имаш избор. срцки најубави Тука имате полно кученца за подарување најчесто мелези http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-Z ... 9817651321 Иначе и јас не би подарила бесплатно кученце како што бара Каша па и прочистено па и вакцинирано па и уште навики да напишете стекнати да се. Вакцините не се бесплатни, не се бесплатни ни апчињата, ни витамините, ни храната. И јас сметам дека се прескапи кучињата, ај 300 евра е стандард цена, ама кога ќе видам 700 евра, 1500 евра за померански шпиц. Побогу не вреди! Ама 50-100 евра, 30 нека се, се доволни за некое кученце кое стварно е згрижено од мало, не за друго трудот е битен, некој се грижел за него 2 месеци, има непроспиени ноќи, некои кученца дури и се хранат на неколку часа со млеко (го помните Бетовен филмот е баш така е), па вакцини и прочистување, барем нормално е да им се платат трошоците, ако веќе леглото не се плаќа. A пред некое време прочитав убава приказна, доказ дека сеуште постојат добри луѓе. Несакајки некој дечко/маж удрил кученце со кола многу малецко 3 месеци отприлика, го однел во автокоманда, го снимале и оперирале и санирале скршениците, дечкото чекал за тоа време во амбулантата, си платил се и тоа висока сума околу 100тина евра и го однел во Вардариште за жал. Но некое девојче го видело таму како се мачи а не се грижат за него па одма го вдомило без размислување. Постојат добри луѓе, малку се но постојат!
Секој си има право на избор што ќе чува и колку ќе го плати, има избор за секого, има расни скапи, има расни евтини, има мешанчиња на подарок ... значи избор колку ти душа сака
посетете ја страната http://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA-ZIVOTNITE-zdruzenie-za-vdomuvanje-na-zivotni/149817651321 можеби ке ви се допадне некоја напуштена и осамена душичка ,па ке ја усреќите
Супер тема, браво за неа! Се надевам ќе се најде некој да постави слика од куче, маче..што сака да го поради и ќе се најде некој кој ќе го земе. Ако имам и јас некоја таква можност без проблем би ја сторила Животинчиња
Женски ја сакам едно мало ангорче жолто, имав порано ама ми го украдоа ако знае некој кај да најдам или ако има некој нека кажува Иначе ако сакаат 4-5 женски хрчак можам да ги спојам моиве да се спарат па да ви дадам ако сакате ваква раса dom/sliki-od-vasite-milenicinja-t8478/10.html?hilit=%D0%BB%D0%B5%D0%BB%D0%B5#p738145 скролајте подоле не го давам папагалов
http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... e=1&ref=nf belieber eve ti angorece od prilep e .ima tamu ostaveno facebook dogovori se i zemi si go so sreka pa kazi ni sto si napravila
Lallly фала што си се потрудила, но брат ми сакал цело жолто како што имав а и плус големко е ова за да стекне навики. Фала уште еднаш