Низ темава има доста алтернативи спомнато за вадење флеки, освен омино и вениш, па можеш да ја разлисташ. Јас имам извадено црн маркер со омино ама флеката беше штотуку направена. Инаку имам прочитано негде за вадење маркер дека можело да се натопи флеката во оцет (бел-алкохолен) и така да се исуши, па после врз неа да се стави еукалиптус масло и тоа да се исуши и на крај да се испере на 60ка (само не знам дали ок зелена кошула да се пере на таа температура). Нешто слично пишува и тука.
Со ракија или алкохол,само предходно пробај на некој скриен дел од кошулата за да видиш дали é се оштети.Ако не бива ,носи ја на хемиско.
малото многу јаде овошје и зеленчук...а најмногу обожава цвекло, мандарини и сок од капини.... полно со витамини......но и дамки кои мноооогу тешко е3 да се извадат...... се обидувам со Арис одмастувачот, и вади добар дел од дамките...но оние од цвеклото и од спанаќот мноооогу тешко...Помош??????
Јас имав гоолема дамка од црно вино на бела блузичка. И во машина со прашак Тајд си излезе дамката, ни бело вино ни ништо. Дамката дури сува и беше. Сум имала среќа изгледа
Имам светла чанта, а рачките се потемни. Со допирањето на рачките со посветлиот дел се обои тој дел како бојата на рачките и тоа страшно ме нервира, како валкана изгледа чантата. Прашањето е: со што да ја исчистам за да не биде таква? Пробав со крема, ми излегувало на други чанти кои биле валкани, ама овде нејќеше. Пробав со Арф, со средство за миење садови, со смесата со сода и хирдоген и нејќе . Некој друг совет или да се помирам дека нема лек? А многу си ја сакам чантава, ама ваква со печати нема да можам да ја носам .
Зависи од материјалот на чантата. Јас една чантичка така светла боја целата ми се обои од фармерки, панталони, од црни шорцеви, а материјалот беше мека кожа. Пробав со се' и сешто и пак ништо. Трагите се од задната страна, но сепак не сакав да ја носам. И на крај цела чанта во вода се киснеше, ја исправ два-три пати и скоро да избледе тој дел. Пак се познава ама ептен ако внимателно гледаш, плус и од задна страна... Пробај и ти па ќе видиш дали ќе успееш.
Ако не можеш со ништо да ја исчистиш, за да не ја фрлаш, однеси ја кај Кенан и прашај го во што боја ќе може да ти ја среди Мада мислам дека може во секоја, со оглед на тоа што ти е светла оригиналната...
Женички, домаќинки и девојчици! Може ќе се згазите од смеење ама јас имам проблем со шпоретот, сеуште не можам да научам на колку степени се пече. Па би ве замолила ако може некоја од вас да ми направи листа на колку степени храната се пече. На пример кифли, ручек, месо, торти.....Однапред ви благодарам
Таква листа со температури тешко да најдеш или некој да ти каже Секое јадење си е различно и најдобро е сама да се извежбаш да проверуваш и процениш кога ти е готово, особено за ручеците (пр. ориз, мусака, гравче, спанаќ не се готват за исто време и на исти степени ). Ако гледаш според рецепти, често на пример си пишува "ролатот од месо се пече на 180 степени, 40 минути". Меѓутоа јас мислам дека не мора секогаш слепо да се придржува кон напишаното, да не испадне после недопечено или препечено јадење . Убаво е отприлика да знаеш колку треба да очекуваш нешто да се пече, но исти температури и исто време на готвење на секое јадење нема. Јас најчесто печам на 200 степени, ама времето е стално различно, зависи што се прави, колку количински се прави и сл. и на секои 5-10 минути проверувам до каде е печењето (да не се препече, или недајбоже да загори , дали изврила вода, да не треба да се додаде нешто и др.). Спојлер На пример ако јас ти кажам дека компири се печат 45 мин. на 200 степени и ако јас ставам компири исечени на парчиња од 5мм, а ти ставиш дупло подебели тебе најверојатно нема да ти се испечат компирите и ќе треба да допечеш уште 20 минути. Ама треба сама да процениш од око, ќе боцнеш со вилушка дали се оменати и сл., зошто ако се држиш до моите минути ќе јадеш живи компири .
Тоа сепак зависи од шпоретот драга,на пример на мојов леб печам на 300 степени,10 минути па намалувам на 200 степени 10 минути ,па на 100степени 10 минути,-листови за торти ако се со цели јајца на 200,а ако се од белки на 150-100 степени,кифлички на 200,ручек ако е во затворена тава оди на 300 па се намалува,во обично тавче 250 степени.Како што можеш да видиш не се пече секоја храна на иста температура.Сега со овие дигиталниве е попрецизно,така да си треба и малку пракса.
Зошто да мериш, па не мери стави од око Па еве на пр. 1 чаша за чај од оние големите се 250гр ,,нешто,, а во овој случај грав некаде околу 180-200гр. Зависи и од типот на гравот... Или играј се по дома и вагај со лењир и чоколадо од 100гр од една страна и грав од друга страна :geek: Отиди до најблиска продавница нека ти измерат ...ма кога ти е роденден да ти купиме вага
Јас без вага знам да мерам шеќер и брашно, т.е една полна супена лажица е 20г. За грав тоа не важи... арно ти вика Славица, со шолји мери, што знам... ма не, ај вага ќе ти земеме, стварно, и онака скоро ти е роденденот, не?
Ај друго, туку што сега чоколадата се по 90гр, па ќе треба да нареди 5, од кои едното ќе треба половина да го изеди за да стигне до 400 Ќе се здебелиш женче за 400гр грав!
Општи прашања Чизмите си ги направив со мастило, со што да ги исчистам да не знае некој? Пробав со ацетон, се исчисти малце ама пак се познава а не сакам многу да тријам за да не ги оштетам. Чизмите се превртена кожа