Тема за постелнини(бебешки,детски,единечни,големи), од каде купувате, можеби ги нарачувате....нивно одржување и слично.
Види во продавниците на Тач. Таму секогаш има голем избор, има постелнини во најразлични дезени, а и квалитетни се. Можеш да провериш и по чорапарите низ градот и таму држат. Ние купивме постелнини (не бебешки) од Тач пред 3 години за мене и за сестра ми и многу сме задоволни. Немаат ни обелеено од перење, ниту се имаат испуфкано (кога се прават топчиња на површината, како на некои зимски блузи), а не беа ни скапи - ги зедовме околу 1200 денари за еден комплет, а имаше и поскапи. Бебешките не знам колку пари беа, но сигурно и тие околу 1000, 1000 и нешто би требало.
За да ја оставиме темава актвина, да се задржиме само на дискусија, без ставање на слики, зошто има други теми каде што се ставаат многу слични слики, па да не ги полниме сите теми со слики.
Јас неодамна за новото станче купував постелнини. Убави, шарени, памучни... Купував од Стружанка, ненормално ефтини им се, дуплите сетови им беа од 1200 денари па нагоре, а исто така и од едно ново продавниче кое се наоѓа на една од уличките од Плоштад накај банките што води. Немам ФБ на работа, да ви пуштам линкче Преубави се и цените им беа на дуплите сетови од 1600 денари па нагоре... таму планирам за некое време да отидам пак со оглед на изборот што го имаа! ПРЕКРАСНИ .. створени за да си уживаш во спиењето
сакам постелнина за во спална лила со бело црно каде може да најдам поквалитетна да не и излезе бојата по прво прање?
Квалитетот на постелнините што ги купувале мајка ми и баба ми не може да се спореди со денешниот.Среќа што мислеле на внуките и ќерките па ни купиле и нас (ми ги дадоа после свадбата ) .Баба ми на времето купувала од Италија ,Бугарија,Грција(абе прошетана жена) и нејзините ми се омилени.Не се нешто шарени,со обични шарки и секако класика бело со чипка. Јас пошто сакам шарени,необични,неодамна купив од Стружанка два комплета,ај што избледе бојата ,не ми се удобни,како да неможам да заспијам,незнам има голема разлика Забележав македонско производство Јорганик,се наоѓа до Мана во Драчево,еднаш влегов гледам супер избор имаат а и не се воопшто скапи.
Неделава роденденски си добив поклон од семејствово мое пари, и јас си најдов прекрасна постелнина од еден маркет овде неможев да ја најдам сликата како моите но ова е слично на мојата само со сиво , црно Материјалот е прекрасен , денес ги исправ , испеглав и ги послав Преубаво нешто
Aldi imam market u maalo, ama ova tvoevo aldi ako e u deutschland nisto od moeto sonuvanje vo vakva postelnina
Женски ,ми треба постелнина за бебенце,каде би можела да најдам и по која цена отприлика. Ваљда не е лош подарок за повојница