Во оваа тема треба да се објавува се што знаете за расата. На пример: Значи, нема расправии доколку изворот или мислењето кое што сте го кажале е грешно според вас, ако не сте во добро расположение, имате тема „Испукајте се“, тука сме за да помагаме, еден за еден член друг за друг член. Спојлер Ако има дупла или слична тема знаете кај треба да оди. П.С. Исто така можете да пуштате карактеристики на раси на кучиња доколку сакате без да ве праша некој. П.С.С Ако сакате можете вие самите да измислите текст.
БИШОН ФРИЗЕ (BICHON FRISE) Потекло: Шпанија, Белгија, Канада Надимак(Прекар): Тенерифски бишон Висина на мажјак: 23-30 цм Висина на женка: 23-28 цм Тежина на мажјак: 3-5 кг Тежина на женка: 3-5 кг Животен век: 15 години или повеќе Опис: Зборот „бишон“ често се користи за опишување на мали, бели кучиња како на пример тулеарското кадраво куче, малтезерот, фриза-кадравото куче, болоњското куче... Кадравото бело куче (кадравиот бишон) или тенерифското куче, на Канарските острови и Тенерифе го донеле морнари во 14 век. Но, баш како и пудлицата, се смета за потомок на францускиот воден пес – барбет, а името му е извадено како кратеница од барбишон. Личи на минијатурна пудла, во светот е признат како француско-белгиска раса. Во САД прстигнува во 1956 година, а американските кинолози го признаваат во 1972 година. Расата е приклучена на Crufts изложба во лондон во 1980 година (CRUFTS – име на најголемата изложба во Велика Британија, која секоја година се одржува во Лондон). Карактер и нега: Ова симпатично и дружељубиво кученце во последниве 20-тина години ја зголемува својата популарност. Влакното мора редовно да се шиша. Весел е, разигран, пријателски расположен, занимлив и нежен, вистински мал домашен миленик. Ужува во прошетка. Сепак, неговото долго виткано влакно сака прилично голема нега. Доста тешко се шиша и потшишува, па затоа треба да се консултирате со одгледувачот. Главни карактеристики: Класа: кучиња за придружба и разонода Признаено во: AKC, ANKC, CKC, FCI, KC, KUSA Влакно: долго и виткано Боја: бела, кремаста или боја на праска Останати карактеристики: долги уши кои висат од страна, темни и црни округли очи, прилично долг, закривен врат, опашот го носи достоинствено префрлен преку телото.
Историја на пудлиците Пудлиците потекнуваат од Германија, а не од Фрaнција како што се мисли. Тие работеле во мочуриштата и ги фаќале паднатите птици кои ловците ги погаѓале. Постојат две теории за настанокот на пудлиците. Првата е дека тие настанале од азиските крзнени кучиња-чувари кои биле присвоени од барбарите, припадници на северно африканското население. Тие патувале од Северна Африка до Португалија и Шпанија во осмиот век. Втората теорија е дека тие се потомци на кучињата кои ги напуштиле азиските степи заедно со Готите, федерација на германски племиња, кои се патувале на запад со Остроготите.
Не знам дали моето прашање е соодветно за темата,ама која раса е кученцево на сликата?Мислам дека е чивава,ама не сум баш сигурна,некако крзнесто е,сите чивави што ги имам видено немаат бушаво крзно.Ама сепак тоа се моите скромни познавања од раси на кучиња.
Ако сакаш повеќе инфо за чивавите, пушти спојлер: Спојлер Потекло: Мексико Број на стандард: 218 Надимак(Прекар): нема податоци Висина на мажјак: 15-23 цм Висина на женка: 15-20 цм Тежина на мажјак: 1-3 кг Тежина на женка: 1-2,7 кг Животен век: околу 15 и повеќе години салонско куче: двор: деца: бебиња и мали деца: Опис: Најмалото куче на светот, чивавата своето име го добила по истоимената мексичка држава, а се верува дека за Ацтеките бил свето куче. Меѓутоа, пред повеќе од 3000 години, еден многу сличен пес, живеел во Египет. Во 1910 година, зоологот К. Хадан ги опишал мумифицираните остатоци од малото куче од една египетска гробница кои имале мека точка на черепот, што е вообичаено за чивавите. Во Малта за чивавите се знае со векови, бидејќи таму стигнале од Северна Африка уште од 6 век п.н.е на Ботичелиевата фреска (1482 год.) во Систинската капела (Ватикан) прикажан е домашен миленик кој ја претставува чивавата. Таквите примероци од поодамна, се малку поголеми од денешните и имале поголеми уши, што може да биде последица со вкрстување со кинеско голокожо куче (Chinese Crested Dog). Некогаш биле дозволени мешања на леглата помеѓу долговлакнестите и кратковлакнестите чивави, но денеска тоа веќе не е дозволено. Карактер и нега: Постојат двa вида на чивави: кратковлакнеста и долговлакнеста. Долговлакнестата има долго, меко влакно кое може да биде рамно или брановидно. Првата чивава регистрирана во САД била „Midget“ во 1904 година, а од тогаш расата станала многу популарна. Во педесетите години од минатиот век, во Велика Британија немало многу чивави, но затоа во денешно време се меѓу најпопуларните раси на кучиња. Чивавата е исклучително интелегентно, приврзано, посесивно и добро мало куче чувар. И покрај впечатокот кој го дава како нежна раса на кучиња која треба да се држи само во раце, чивавата може да биде поиздржлива од што изгледа. Треба да се тренира на социјален живот меѓу различни животни и кучешки расо од мало, зошто чивавите се бесстрашни мали куччиња и можат да паднат во невоља, поради нивната големина. Чивавата не е скапа за одржување (и двата вида), лесно се негува со оглед на тоа дека и е потребно секојдневно четкање и чешлање со мека четка. Главни карактеристики: Класа: кучиња за придружба и разонода Признаено во: AKC, ANKC, CKC, FCI, KC, KUSA Влакно: Долговлакнести – долго влакно и меко на допир, Кратковлакнести-мазно и кратко крзно Боја: дозволена е било која боја или комбинација на бои Останати карактеристики: заоблена глава во форма на купола, големи лепезни уши кои штрчат, големи и округли (но не и испакнати очи), рамен грб, средна должина, високо насаден опаш свиткан на грбот Ако има печатни грешки, прости ми, се изнамачив за ѕвездичките да ги направам. Морав како гифови да ги ставам.
Со моето семејство се одлучивме за расата Западношкотски Бел Териер. Карактеристики во спојлер. Спојлер Потекло: Шкотска Број на стандард: 85 Надимак (Прекар): Вести Висина на мажјак: 25-30 цм Висина на женка: 23-28 цм Тежина на мажјак: 7-10 кг Тежина на женка: 6-7 кг Животен век: 15 и повеќе години. Салонско куче: **** Двор: **** Деца: ***** Бебиња и мали деца: ***** Опис: Западношкотскиот бел териер или Вести, како и сите останати мали териери, е одгледан за лов на штетници. Порано го ставале во група со Кернскиот (Cairn terrier) и со Скај (Skye terrier) териерот како мал западношкотски работен териер. Вести-то било познато по различни имиња. Кон крајот на 19 век, постоела раса на бели шкотски териери во сопсвеност на бригадата на Малколм од Полталок, позната под името полталошки териер. Кучињата од оваа раса исто така биле познати како росенатски териери или бели росенатски териери, а во книгата за оваа раса, издадена 1899 година, биле означени како подрасата на шкотскиот териер. Првиот клуб за западношкотски бел териер е основан 1905 година. Вести е признат во Америка 1909 година, а во Канада 1911 година. Додека бил само ловечко куче, западношкотскиот бел териер лесно се разликувал од останатите териери по белата боја на влакното. Карактер и нега: Доста мил,но западношкотскиот бел териер е сепак териер кој својата вештина може да ја покаже во лов. Овој разигран и бестрашен мал териер лесно се дресира. Одлично се согласува со деца и е многу мирен домашен миленик, како во урбана средина, така и на село. Редовно чешлање на влакното е доволно, а шишање и потсктратување е потребно за изложба. Најубаво е да се совеувате за подготовките за изложување, а истото да го направите во совет со одгледувач. Главни карактеристики: Класа: териери Признаено во: AKC, ANKC, CKC, FCI, KC, KUSA Влакно: остро и без локни со кратко, меко и добро одр Боја: бела Останати карактеристики: малку заоблена глава, очи широко поставени, уши исшравени, силно и набиено тело, должина на опашот – 12,5 – 15 см
ЈАПОНСКИ ШПИЦ Потекло: Јапонија Број на стандард: 5 Надимак(Прекар): Јапонски Шпиц Висина на мажјак: 25-40 Висина на женка: 23-38 Тежина на мажјак: 9-11 Тежина на женка: 8-10 Животен век: 9-12 Опис: Јапонскиот шпиц е потомок на фамилијата на артички шпицови. Се верува дека стигнале во Јапонија со руските имигранти. Иако биле одгледувани и размножени и во други земји, нивното одлгедување најмногу просперирало во Јапонија и затоа го добиле името јапонски шпиц. Карактер и нега: Јапонскиот шпиц е потомок на фамилијата на артички шпицови. Се верува дека стигнале во Јапонија со руските имигранти. Иако биле одгледувани и размножени и во други земји, нивното одлгедување најмногу просперирало во Јапонија и затоа го добиле името јапонски шпиц. Градите се широки и длабоки. Грбот е кус и прав. Ушите се мали, триаголни и исправени. Опашката е со средна големина, бушава, покриена со долги влакна и се носи над грбот.Крзното е право и бушаво однадвор, а меко и густо одвнатре. На вратот и рамениците треба да има густа грива и опашката да биде густо покриена со крзно и бушава. Бојата на крзното е чисто бела. Јапонските шпицови се паметни, весели, храбри и претпазливи. Тие се одлични домашни миленици затоа што одлично се сложуваат со децата и други домашни миленици. Претпазливи се со туѓинци, но брзо ги прифаќаат новите посетители доколку нивниот сопственик одобри. Лаат минимално. Соодветни се за живот во стан. Главни карактеристики: Класа: Признаено во: AKC, ANKC, CKC, FCI, KC, KUSA Влакно: На вратот и рамениците треба да има густа гри Боја: Бела Останати карактеристики: Погодно за стан
Да прочитате нешто повеќе за Малтезерот кој повеќето го викаат Малтешка Пудла... Спојлер МАЛТЕЗЕР (MALTESE) Потекло: Малта Број на стандард: 65 Надимак(Прекар): Малтезер Висина на мажјак: 21-25 цм Висина на женка: 20-23 цм Тежина на мажјак: 1.8 – 3.2 кг Тежина на женка: 1.8 – 3.2 кг Животен век: 15 и повеќе години Опис: Малтешкиот пес е припадник на семејството на бишони. Овој мал, бел пес е една од најстарите европски раси. На Малта постојат со векови, а со малтешките трговци стигнал до Кина и Филипините. Во 25-тата година од нашата ера, грчкиот историчар Страво известува дека „постои град на Сицилија“ кој се вика Мелита од каде се извезуваат убави кучиња кои се викаат „Canis Melitei“, што укаќува на можноста за италијанско потекло на оваа раса. Малтешкиот пес бил омилен во Англија за време на владеењето на Тудор, а владеењето на Елизабета I (1558-1603), историчарот по кинологија Johanes Kaius, пишува: „Тие се нарекуваат Мелти, од островот Мелта...тие се навистина мали и во главно се бараат за задоволство и забава на жените, кои ги носат во рака, на гради, па дури и во своите кревети...“ Малтешкиот пес е отсликан од страна на доста познати уметници: Гоја, Рубенс и Едвин Ландсир. Во англија првпат е изложен во 1864 година, а кучето по име Леон, изложен е во САД во 1877 година под името малтешки лавовски пес. Често е фотографиран и доста ценет, мачтешкиот пес е една од најстарите луксузни раси, популарна и кај мажите и кај жените. Карактер и нега: Нежно заоблената широка глава, е истакната со долго, свилено, снежнобело влакно. Иако е познат од одамна, на малтезерот, изгледа, својата популарност му ја одземале другите домашни миленици и денес се поретко се гледа на изложбите. Штета, со тоа што станува збор за весело, здраво, долговечно куче, кое е добро со деца и е доста мило. Добро се прилагодува на вежби и команди, но потребно е секојдневно четкање со тврда четка, а при подготвување на кучето за изложба, на сопствениците им се препорачува советување со одгледувач. Главни карактеристики: Класа: кучиња за придружба и разонода Признаено во: AKC, ANKC, CKC, FCI, KC, KUSA Влакно: долго, рамно, свилено Боја: бела, на ушите се дозволени нежни сенки на боја на лимон Останати карактеристики: нежно заоблена, широка глава со добро нагласен стоп, муцка која нежно се стеснува, долги уши обраснати со влакна, овални очи, збиено тело, долг, лепезен опаш, свиткан преку грбот
Што раса е кутрето на рекламата за Дормео ќебенцата? Со сестра ми се напнавме, она вика дека било Дого Аргентино, мене ми личи на Џек Расел... За овие ќебенца станува збор, реклмата неможам да ја најдам. Кученцето е бело со кафеави дамки, има големи ушиња. @Papillon.Papi ти сигурно знаеш. Редактирам, еве го видеото:
^ Kolku shto vidov, na Poenter mi lichi radi ushite i nozete, a i sharata na krznoto. Ne vidov dali mu e ostar stopot, no ima mozhnost da e zhenka, a na zhenkite im e poblag stopot...
Мoже некoј пoдaтoк зa кученцaтa Boo? Сaкaм дa купaм, нaбaвaм oд некaде нo незнaм кaкo oди oнa сo хигиенa, oд кaде нa гo нaбaвaм, мoрa ли дa имa другaрче, штo јaде итн. Некoј нештo дa спoдели?
Здраво, ја видов темава и многу ме израдува бидејќи многу сакам кучиња. Дајте ми информации за лабрадорите? Имам скоро 4 месеци е и многу е палав, гризе, тврдоглав, воопшто е скротлив. Како со него? До сега сум чувала далматинец, вучјак, мопс, но со сите се снаоѓав полесно. Фала и позз.
Ај ако можи некој да ми препорача куче кое што е со помал раст ама чуварско куче значи да знај да те одбрани и сл