Сеуште не можете да ја најдете вашата омилена нараквица бидејќи е заплеткана со останатиот накит на дното од вреќичката со накит... За да ја избегнете оваа и слични ситуации може да направите рамка-излог за накит кој ќе овозможи накитот секогаш да ви биде на око и при рака.

Материјал и прибор:
• дрвена кутија за чување прибор за јадење
• хартија за брусење со фина гранулација 200
• бела акрилна боја
• остатоци од тапети за ѕид (неколку мотиви)
• лепило за дрво
• четкичка за нанесување на лепилото
• декоративни кружни рачки за мебел

Постапка на изработка:
1. Добро избрусете ја кутијата со фина хартија за брусење и во горниот дел на секој нејзин оддел издупчете отвор за рачките.
2. За секој оддел искроите различен тапет и залепете го со лепило за дрво. Тапетот е мек, што ќе овозможи лесно да утврдите каде е отворот за рачките. Кога сè ќе се исуши (за околу 1 час) прицврстете ги рачките. Не заборавајте на опачината да ставите кукичка за закачување на ѕид.

Мали совети:
• Во подолгите оддели редете ги ланчињата, а во покусите нараквиците.
• На ист начин може да уредите и стара, дрвена фиока на тој начин што во внатрешноста ќе залепите искроена плоча од плута.
• Излогот закачете го на ѕидот во бањата или во спалната соба покрај огледалото; искористете ги и неговите бочни страни каде може да ги закачите најдолгите парчиња на накит.
• Под долната страна на излогот може да се закачат неколку “L” клинчиња и на тој начин да се добие дополнителен простор за закачување.
• Внатрешноста може да ја обоите во неколку бои, а за оваа намена може да послужат и обични темперни бои, но не заборавајте после сушењето да ги прелакирате со обичен проѕирен лак во спреј.
превземено од sezadomot.com.mk