Форумџика на годината

Соковник и блендер

Дискусија во 'Дом' започната од Mimi123, 26 август 2012.

  1. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Феминки во мојот дом потребен е соковник па ја отворив оваа тема да ми кажете какви соковници имате и дали сте задоволни од нив, бидејќи незнам што да одберам се мислев за овие што се од Топ Шоп односно највеќе за Magic Bullet - Блендерот http://www.topshop.com.mk/magic_bullet_ ... hold&pcs=2
    или Power juicer express delimano http://www.topshop.com.mk/sokovnik_powe ... hold&pcs=2
    секако ако знаете подобри ве молам да ми препорачате :)
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас имам 2 соковника дома и ги имам искористено се на се вкупно 4-5 пати. Премногу делчиња има за чистење и многу време ми одзема тоа, па затоа ретко и го користиме

    како што гледам имаш попуст за соковникот

    http://www.topshop.com.mk/akcija-834-cs ... nted&ils=3
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Power juiserot вреди за сите пари, :!: од искуство. Е сега друга работа е што мораш да го расклопуваш и миеш после секое цедење на било каков сок ( како да обичниот не го миеш :) после цедење на сок) а сасвим трета работа е што те мрзи да го правиш тоа.
    Гледам по себе, ако дома некој се разболи :$ веднаш го активирам па дури правам и залихи од сок кои ги чувам во фрижидер 1-2 дена а овака си велам ајт има овошје во здела нека јадат, :!: ама кој да им тури во уста :lol: . Единствено во есен и пролет кога е сезона на вируси често го уклучувам :$
     
    На daylight, vilma, NoellePage и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Magic bullet го имаше една моја пријателка, беше задоволна дури и работеше, ама за жал не и издржа долго време брзо и се расипа, и magic bullet e блендер, а ти бараш соковник :!:
     
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Се двоумам бидејќи слушам разни искуства, зависи како ќе ти се погоди :) а во Мagic bullet има додаток и за соковник затоа се помислив и за него ем соковник ем блендер.
     
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    искрено да ти кажам јас многу не верувам во Топ Шоп производиве,немам баш убави искуства,мој совет ти е да си побараш соковник по продавници,баш ги прашав две мои другарки што имаат соковници едната ми рече марката била Moulinex,а другата Philips,двете задоволни од соковниците,е сега само што не знаеа од кои продавници се купени,оти и на двете му се подароци од свадба :D
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    ^ Ако се решиш за друг соковник внимавај да работи на принципот на Power juicer, затоа што моите два исфрлаат голем дел од овошјето, а овој ги исфрла само лушпите
     
    На vilma му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И ние го имаме power juicer-от. Стварно е многу добар. Си правиш најразлични комбинации, за секунда ги сомелува, а во отпадокот (лушпите) останува многу малку сок (зависи од плодот, од некои па воопшто не останува). Само мака е за миење стварно, и ако го оставиш преку ноќ да ти стои неизмиен, ќе се замириса и ќе се залепат лушпите по него.
    Вреди соковников, и за парите и за миењето :)
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Новите соковници работат на принципот на пауер џусерот од топ шоп, убаво цедат и не го исфрлаат овошјето неисцедено до крај и сигурна сум дека има подобри од него. Само пауер џусерот го имаме секој ден на реклама и го споредуваат со некој стар соковник. :) Разгледај по продавници за бела техника има голем избор, не се потпирај на тоа дека power j. е тхе бест оф ;)
    Јас имам доста постар соковник кој да не го подречам супер цеди, иако се случува некогаш и да остане сок помеѓу остатоците ама јас му правам финта :D на крај повторно остатоците ги ставам уште еднаш на процедување и тогаш е веќе комплетно сув отпадокот. Додека ме служи не го менувам. А за чистењето сите се терсене изгледа..не сум чула за самомијачки соковници или блендери :)
     
    На vilma и Mimi123 им се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Колку пари е сега Пауерџусерот да го порачаш? И од ТопШоп се порачуваше?
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    7290 ден. е и од топшоп се порачува или директно од нивните продавници.
    Туку бидејќи Mimi123 праша и за блендер и за соковник, ми текна дека има мултифункционални процесори кои имаат функција за соковник, блендирање, сецкање и пасирање...така да не се лоша опција ни тие, заштедуваат и пари и простор во кујна зошто е еден апарат за многу намени.
    Исто има во топшоп таков кујнски процесор ама сепак јас како што реков не би зела од кај нив, а инаку е поефтин од соковникот.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Power Juicerot цел август беше 20% намален меѓутоа сега повторно ја вратија стандардната цена а јас не си купив :( некои кажуваа дека е супер а некои не го препорачуваа воопшто и затоа се мислев што да правам. За блендерот исто ама повеќето мислења што ги чув е дека по некое време моторот му се расипувал. Така да останува да разгледаме по продавниците за техника и да одлучиме :)
     
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    93.460
    Пол:
    Женски
    извади си членска картичка и ке имаш попуст на џусерот,ние така го купивме,таа е оклу 1000ка ама се собираат поени имаш попуст на секој еден производ па може и за други луге да порачуваш,и да имаш дополнителен попуст!или па некој што има нека ти порача :)
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас сметам дека PowerJuicer има пренапумпана цена и од особа која работи во ТопШоп знам дека таа цена е многу поголема од набавната. Енивеј, кога пред повеќе години решивме да купиме соковник со моите, гледавме секаде по нешто а нашиот избор падна на Rohnson R-426. Изгледа вака:

    [​IMG]

    Има 700W и прави одличен сок и многу сува пулпа. Маста му ја извадивме и сеуште моите го користат со полна пареа. Со сопругот кога се земавме одредено време го користевме соковникот на свекрвата, исто така и тие имаа купено Rohnson но малку понов модел R-427 баш по моја препорака го земаа.

    [​IMG]

    Исто така се покажа одлично, и бидејќи свекрвата сака да си цеди сок, ми беше незгодно веќе да им го користиме па им го вративме а јас решив за роденден кога ме прашаа што сакам, да си кажам соковник. Па така и си добив соковник. Со сопругот одбравме исто така Rohnson знаејќи дека се навистина супер. Но одбрав од поновите типови на модели, што се без посебен сад за пулпа, па во основа се малку пошироки но сепак поедноставно ми се гледа за миење и одржување. Еве каков си одбравме Rohnson R-429.

    [​IMG]

    Одличен однос на цена во однос на тоа што го нуди, како и секогаш, се надевам дека и овој ќе се покаже исто толку добро како и минатите два кои сеуште се во одлична состојба. Инаку нашиов чини 2990 денари, а тип на модел како горните два има цена од околу 3500 денари. Јас топло ги препорачувам соковниците на Ронсон.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.922
    Допаѓања:
    123.418
    Имам еден соковник Вивакс,ама го меркам Powe Jucer-от :^) .Ама толку многу не ми се дава бе,многу е 7000 и нешто |(
    Најверојатно ќе си купам блендер,гледав во Техно маркет има убав избор со солидна цена.Ако некоја е задоволна од некој,ќе ја замолам да ми препорача :)
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Сакав да ве прашам, дали користите електрична цедилка за сок од цитруси? Од неодамна почнав да користам бидејќи ми се смачи рачно да вртам, поспоро и раката да те здоболи од стискање. Имам на Philips.

    [​IMG]

    Искрено ептен е топ. Само притисни и толку. Обожавам да пијам цедени цитруси, исто колку што сакам и свежо исцеден сок. Сега си имам и супер соковник и супер цедилка и секој ден буквално ги користам.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    п.с. Ели, зошто не го користиш виваксот? Ако е исправен, што ќе ти е тој од топ шоп? Јас што имам гледано соковници, на Вивакс се баш ОК. Принципот на работа е тој.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Уффф јас си го обожавам свежо исцедениот сок од портокал :inlove: :inlove: Јас ја имам таа на MAX и стварно сум презадоволна....а исто и од PowerJuiсer.. минатава година исцедив 2-3шишиња сок од праски и го замрзнав за во зима....И верувајте ни дојде супер....ќе извадиме ќе се пуштиме и пиеме :inlove:
     
  19. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Ај да прашам, кога ќе го расклопите блендерот за да се измие после употреба, дали делот кај што се сечилата го миете најнормално, ко и другите делови, под млаз вода? Дали е ОК да се водени тој дел, чудно е прашањево, ама нешто ми пишува во упатствоно баш за ова, што ме буни. :^)
     
  20. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Епа ммора да се измијаат сечилата и ќе ги исцедиш и ќе ги избришеш и завршена работа ;)
     
    На Andrina му/ѝ се допаѓа ова.